Па често си ја посетував страната, и си редев убавина и мода, здравје, секс и дојдов до форумот. Читав со месеци, добив безброј совети, иако јас лично не сум ги побарала, но ги најдов. Среќна сум што сум дел од фемина затоа што искрено открив многу работи за кои не сум знаела, работи за кои не сум можела со никого да дискутирам а тука на големо се збори, работи за дел од мене...
Си чепкам јас често по страниве и го отворив форумот...долго време пред да се регистрирам си читав и на крај се регистрирав и јас - да не бидам покусо
Знам порано барав секакви страници и информации по нет и така ја открив и фемина (како и повеќето форуми на кои сум член) ама од тогаш редовно ја посетував страната, а подоцна и форумов. Спојлер Е сега, дури пред месец дена „собрав м*да“ да се регистрирам.
што и да побарав на нет ...одмор , женски проблеми све ми излегуваше форумов и читав читав и се зачленив ..да не сум покусо и ја
Од Фб, пријателите имаат лајкнато на вашата страна на фб , па го следев линкот. Она што го прочитав таму многу ми се допадна, па одев понатаму. Повеќе време само читав за се, па сега се и регистрирав.
Од фејсбук знаев за страната фемина и редовно ја читав , а за форумот сама и на форумот редовно читав и после некое време се регистрирав
уште кога дознав за фемина го видов и форумот долго време не бев регистирана само така го читав а сега се регистриравв
Со една другарка правеме муабет и ја прашував да ми даде некоја интересна страна да си читкам за се и сешто што е поврзано со жените и таа ми кажа да дојдам на фемина.Некое време онака читав само ама краток периот беше тоа.И на крајот и јас се зачленив покуса да не останам
За Фемина знам поодамна а за форумот дознав пред неколку месеци,прво само читав па потоа решив да се зачленам.Убаво место за дискусија,прашања и совети и секако дека е најпоуларниот женски форум во Македонија .
Јас преку една другарка таа го читаше форумот само нејќеше да ми каже под кое корисничко име е тука ми рече прво зачлени се па ќе ти кажам и еве се зачленив ама не ми кажа уште ха не се имаме видено а прво само читав да видам шо е како е па после и се зачленив
Знам од порано за форумов, онака на нет случајно сум наишла на него, ама пред неколку месеци другарка ми ми спомна, ми кажа дека има што да се прочита, дека е интересен и не чекав, одма се регистрирав.
За форумов дознав случајно од една колешка на работа,така што кога таа прелистуваше по вашите страници,видов дека има доста интересни и убави работи!! Доста добро креиран,така што решив и јас да се вклучам и да ве друзам поздрав
За фемина дознав преку фејсбук. Гледав некои другарки имаа лајкнато статии и прочепкав. Прво го читав само сајтов и после си реков да видам што има на форумов. И се зачленив одма...
Преку братучетка која исто така е член на фемина форумот.Ноќта спиев кај неа и случајно отвори на форумот и се изненадив од тоа колку убави совети, размена на мислења и интересни работи можат да се најдат тука, па се зачленив и јас.Искрено не се каам што се зачленив, бидејки научив многу работи и ги применив кај себе, но сепак мислам дека доколку некој член несака да биде повеќе да биде дел од форумот, дека треба да има опција во самиот форум за да се избрише истиот или пак некој негов коментар...како и да е, повеќето работи се позитивни и ми е мило што сум дел од него