се нервирам,не ми текнува! А, знаев до пред некој период некако ме влече дека е преку другарка ама пак не сум сигурна
Со оглед на тоа што не ми текнува некоја конкретна ситуација, веројатно случајно. Од еден сајт на друг, од еден форум на трет и така.. А најверојатно читајќи хороскоп, никогаш не ми е доволно на една страна па поминувам се живо и диво, па стигнав до овде. Или пак некој ми даде линк од калкулаторот за подзнак. Така нешто..
Мислам дека дознав преку една братучетка. Ми зборуваше нешто дека имало за мода, диети, хороскоп.. А јас љубопитна да видам што како ја превртев цела фемина и дознав дека има форум па решив да се зачленам.
Од другарка ми Sheena ... И еве еден до неа ... Ја глеав дека секогаш е на фемина на форумот али не беше зачленета ... После мене се зачлени али сепак не е активна само по читањето е она не по пишувањето
Најпрво дознав за сајтот. Другарка ми постојано читаше хороскоп тука, па и јас почнав даразгледувам што содржини има. После се расчепкав и низ форумот и видов дека има доста интересни теми и се зачленив со ник шо не го памтам сеа. Се обидував да се најавам но не ми текнуваше ни пасворд ни меил и затоа отворив нов акаунт. Се надевам нема да ме карате за тоа
И јас прво дознав за сајтот па се расчепкав низ цел сајт и гледав што пишувале во форумот, доста интересни теми и мислења видов и се зачленив
Јас летово подобро се запознав,иначе го знаев сајтот само,ама планирав за на одмор да одам и реков чекај знам луѓето пишат по форуми,да прочитам по некое мислење за местата кај што планирав да одам и најдов на Фемина и се зачитав.После си отворив уште еден куп интересни теми и викам,дај бе и јас дасе зачленам,ептен се интересни и си се зачленив И сега ги канам и другите блиски другарки
На Фемина, поточно форумов ме однесе Гугл кога барав информации за Слимлајн таблетите. Од тогаш си отварам скоро секојдневно и си читам мислења и искуства за производи, рецепти, филмчиња, пишувам кога сум расположена или имам некоја мака но се трудам и јас да дадам совет некому... Сајтчево е чиста 10
Си го дознав форумот преку фемина сајтот додека гледав нешто за мода и се израдував кога видов дека имаат активен подфорум за мода и стил (нешто што во претходното мое форумско искуство го немаше или беше на прилично ниско ниво). И одма јузерче со тоа што згрешив што истото го користам со години па многу одма ме препознаа, али нема врска и онака не целам на тотална анонимност. Убаво место за друштво на девојки
Случајно разбрав за странава Фемина, ми кажа дека имало диети са дебелеење да видам хахахаха и одтогаш почнав почесто да ја отварам бидејќи има интересни работи и случајно го видов форумот и ги разгледував темите и по одредено време се зачленив на форумот за да можам и јас да одговарам на прашањата хахахаа Супер е форумот
дознав сосема слуЧајно, доста Често ја отварав фемина зошто и ги Читав прекрасните теми ... потоа слуЧајно наидов на форумот и го отворив и поЧнав да го Читам ми стана доста интересен и советите се доста поуЧни па затоа по кракто време решив да се заЧленам, ми се допага навистина
проверував секој ден хороскоп на феминс па так после дознав за форумот. И откако прочитав некоку теми, решив да се зачленам.
Кога бев еднаш на гости кај една другарка, и она читаше и од тогаш навака и јас Член сум од пред само 3 месеца мислам од прилика
Прво од FaceBook дознав за Femina.mk а потоа за форумов. Долго време читав без да се регистрирам и еве пред неколку минути се регистрирав за да можам да коментирам.