Видов на Facebook, станав фан на Femina, и си чепкав, си читкав хороскоп, убавина и мода, љубов. И потоа ми текна да се зачленам на форумот.
Исто и јас како некои фемини преку ФБ прво читам хороскоп,што има ново и случајно го загледав се регистрирав али не пишував мислења,поактивно почнав овие денови
Па и јас прво дознав за Фемина од ФБ..и си ја читав редовно..Инаку овде се приклучив најмногу заради моите проблеми со анксиозноста па сакав да побарам совет и да ги споделам моите маки со луѓе кои имаат исти проблеми како мене, но исто така сум активна и на други теми.
Дознав од едне друг форум (нема да рекламирам), имаше една тема за кои се најчесто посетувани форуми и го видов. Си го читкам скоро една година али никако да се регистрирам и еве дури денеска се регистрирав, нека ми е со срека.
Преку сајтот, а за сајтот дознав преку фејсбук. Другарка ми често ставаше лајкови на хороскопот, па почнав да го посетувам сајтот заради тоа, а и заради интересните статии што ги имаше. Така дознав за форумот кој прво долго време го посетував, а потоа и се зачленив
Иако на форумов како што можеме да заприметиме од неговото само формирање екстремно феминистички постови и мислења имаше што не викам дека е лошо ќе ни дое памет ваљда така искрено јас форумов профилче напрајв само заради WILD CHILD и ќе ми извини девојката што ја спомнувам ..само заради нејзините импресивни коментари напрајв профил прво специјално за да и се обратам неа ... ама подоцна мислев малце да го преуредам и да видам као течат работите сепак I m glad шо не сум педер ако иам овде профил ... фала однапред љубов..
Не знам како налетав воопшто на фемина, но откако прв пат отворив, секој ден прво тоа отварам .. а по некое време почнав да го следам форумот и иако бев зачленета, подолго време не бев активна со коментари
Барав на Google како да откриајм што сум подзнак во хороскоп и ми излезле фемина,прво ми беше интересна страната и секој ден си читав дневен хороскоп и ред други работи а со тек на времето го открив и форумот и еве ме
Јас си читав многу интернет страни,меѓу кои беше и фемина,која секој ден ја отварав...и така еден ден здогледав на десната страна дека пишува форум и кликнав таму и пополека почнав да се снаоѓам што како оди и секој ден си го отварав форумот и си читкав некои корисни совети...во текот на година ипол што ве читав пробав неколку пати да си направав профил ама не ми успеваше...и на 27 август летово пробав да активирам еден од профилите кои си ги имав направено и ми успеа...колку самоооо бев среќна неможам да опишам И баш се сеќавам дека првото мислење ми беше во темата Испукајте се,бидејќи бев од нешто пред тоа изнервирана,па да си се олеснам И после цела ноќ дремев на форумов и оставав мислења во теми кои уште од одамна ги читав додека не бев член
нај прво го читав сајтот,сајтот го видов на фејсбук,ама појма немав за форумот.после од брат ми девојката ми кажа дека е зачленета и во форумот,и така почнав да читкам по форумот,и ми беше многу интересно и фатив и јас се зачленив
Го посетував прво само сајтот на фемина,па после почнав да читам по форумот и на крај решив и јас да се зачленам
Бев редовен посетител на сајтот ... одеднаш горе кај категориите прочитав ФОРУМ и го читав накај 2 недели,потоа ми се смачи и си направив акаунт (11.08.2011 17:41)
Редовно си го гледав хороскопот и после видов има и форум, разлгедав и си реков ај ќе се зачленам се зачленив на 28 мај и после не го отворив до 30 септември. Од тогаш редовно си се уклучувам, читкам и пишувам
За форумов уште на самиот старт дознав од другарки.Форумов го сладам од самиот START кога почна со работа, редовно читање,се...но едноставно обврските кои ги имав не ми дозволуваа да се зачленам.Така да сега имам време и кооонечно сум тука за дружба.
Како прво за Фемина дознав од Фејсбук, а додека ги прелистував статиите забележав од страна АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ. Најпрво само читав и не бев зачленета, а по некое време решив да си направам и акаунт. И така и јас станав член на фемина.
Го посетував сајтот повремено, ама никогаш последната категорија во линијата горе ја немав приметено, секогаш до новости сум читала и не знам ни сама како, ФОРУМ не сум приметила. И така извесен период, и по некое време го приметив, а на почетната имав забележано „Најново на форумот“ но не бев се заинтересирала подлабоко кон тоа. Едноставно сама си го открив форумов, и потоа го препорачав на некои другарки од кои 2 имаат акаунт, едната е прилично активна во читање и пишување, другата кога се уклучува (не толку често) повеќе чита отколку пишува
Секојдневно го посетував сајтов..И еднаш ми текна да отворам кај ФОРУМ и си отворив ве читнав неколку пати,и си реков ај че се придружам,за да се занимавам со нешо кога ќе ми биди досадно и од 31 Јул 2011. 16:56 h сум ваша верна другарка и посетителка која секогаш че ви даит совет кога ви треба
Па тешко Богами, се изнамачив Прашај овде, прашај онде, сите за него зборат а никој не кажува каде е... Почнав да фаќам врски, да потплатувам луѓе...и еве ме
Па...една другарка видов имаше објавено нешто на фб,и така јас после ја отворив странава.Почнав да ја разгледувам,си напраив account и најпосле дознав за форумов ))