Од другарка!! Цело време ми даваше хороскоп да си читам.. и после си кажувавме што ни пишува за хороскопот и дали е точно! хахаха .. и така на крај си викам ај да си се зачинам.. Looks like fun!
За форумов дознав од другарка ми.. Бев присутна на други форуми а за овој не знаев.. Еднаш другарка ми ми кажа дека имало интересни работи да се прочитаат тука, ми кажа дека се зачленила она и по кратко време се зачленив и јас... И воопшто не жалам... Се каам само што не сум забележала порано но и сега е океј
Опсесија ми се форумите и актинвна сум на многу, а за овој дознав сама, се зачленив веднаш откако ја отворив прв пат фемина (предходно бев актина со друго корисничко име) ...
Моето име е Драган, доктор по медицина. Јас пишувам од Србија и јас би сакал да препорачувам на овој сајт. Дознав за вас од моите пријатели и колеги од Македонија Поздрав
не беше многу време назад некоја другарка на братучетками и беше објавила нешто на зидот и јас колку сум си радознала погледнав и ми изгледаше многу интересно потоа некое време па сакав да дојдам на сјтоб но не се сеќавав на името така го посетуваав зидот на братучетками додека не си запомнав морам да признаам трааеше многу времее xax
по случаен пат!Барав нешто за анорексија ми требаше за на школо!И така ја открив Фемина!!!Сега неможам без неа!
Искрено има многу други форуми кој повеке ми се допагаат.Ова е форум за тинејџери и ретко го отварам. Усте нешто што не ми се допага што имаат правила да се пишува на кирилица. Мене лично ми е полесно да си пишувам на латиница, незнам зошто такви глупи правила.
Видов една другарка како го разгледува форумот,па си реков дај и јас да се зачленам.Има интересни теми,игри,едноставно е многу убав .
Прво: форумов воопшто не е за тинејџери. Второ: не знам што е толку глупаво да се пишува на кирилица. Ова е македонски форум, Македонцте како нација се служат со кирилско писмо, па кога на некои други места (како Фејсбук, на пример) не е изводливо да се аплицира правило да се пишува на кирилица, можеме бар на форумов (кој е македонски прозивод) да се потрудиме тоа да биде така. Ништо глупаво. Треба да си го чуваме и цениме писмото.
Фемина ја посетувам веќе подолго време ама не ми текнало да кликнам на полето ФОРУМ се до летото кога видов што како е, и решив да се регистрирам. Ама само се регистрирав и си заборавив пасворд И по некое време ми текна дека имам фемина акаунт и си променив пасворд и еве веќе скоро еден месец сум тука како активна корисничка Хахаха. Исто така често слушав од другарки за форумов, се разбира добри зборови
Па онака си читкав по фемина и ги видов актуелните теми и ми стана интересно и извесен период само си читкав и баш ми беше интересно имаше една челанка морков4е баш така која многу сакаше да забремени и се сеќавам малолетна беше можеби постарите членки на форумов ќе се сетат На почетокот не сакав да сум многу активна, но со тек на време ги сватив сите корсти од форумов и колку ли само нови работи научив. Инаку ова ми е прв и единствен форум во кој што членувам
Една другарка ми даде линк од фемина да видам нешто кај линкот убавина и мода и ми стана навика секој ден идев си гледав многу ми стана интересен и потоа видов дека има форум бев ПРЕСРЕЌНА! Си направив си читав си пишував ми стана голема навика и секој ден си се логирав многу интересна работа е форумов! И да прв форум ми е ова само на ова се имам зачленето! позз феминки
Јас прво ја посетував фемина.мк , а подоцна се почесто почнав да го посетувам и форумот. видов дека има интересни теми и мислење, како што е спомнато погоре дискусија се води на ниво. И јас сакав да ги изкажам своите мислења , па се зачленив. форумот и форумџиките си ги сакам најмногу на свет! Инаку и јас сум прилично нов член , и се надевам ќе го користам секојдневно и дека ова ќе биде место од каде ќе црпам информации и идеи .
Па си знаев да си читам, и еден момент на долга дебата, кога мојата другарка веруваше дека можеби и беше нарпавена магија, а јас и реков дека не постојат такви работи (барем јас не верувам) ме "натера" да прашам на форумов. И така јас си се зачленив со неверување дека ќе станам активна (барем колку што можам). Отворив тема и секако одеше во канта. Прво, па се простува, нели? Ниту со мене не беа добри на почетокот, впрочем како поголемиот дел на почитници. А јас не ни знаев дека е дупла истата, а и толку ми биле очите за да проверам дали претходно има таква тема. Али добро, се се учи, сега не правам такви грешки. И бидна што бидна, после некое време почнав да си пишувам. Многу научив, навистина, од секоја област. Ми се допаѓа тоа што се пишува на кирилица, впрочем јас секогаш пишувам на кирилица, некако попрегледно ми е. А што се однесува до зачленувањето, и благодарам на другарка ми, зошто од неа ми произлезе никот, јас како нејзина другарка, што се грижи за неа.
Мислам дека го видов на фејсбук и го уклучив, интересен ми беше, прво сестра ми си читаше новости и разни совети и по некое време видов дека се зачленила на форумот, па по неа и јас почнав редовно да го уклучувам и да си читам хороскоп Потоа го уклучував форумот и долго време си читав туѓи мислења, па на крајот се решив и јас да си се зачленам на форумов.