Фемина ја следев редовно, читав нови статии и хороскоп секојдневно, но не знаев дека постои и форум, се до денот кога бев на час по информатика во кабинет и додека проверував Фемина ни закочи цела мрежа и на екранот беше делот за најголемиот женски форум во Македонија. Кога се вратив дома препроверив и редовно почнав да ве читам девојки, но не се зачленив. Зимава ме интересираше нешто да прашам, во голем број случаи сакав да вратам на мислење за кое имав одговор, и така одлучив и јас да станам дел од него. Во почетокот не бев активна поради обврски, но последниов период се активирам колку што можам.
За фемина дознав пред една година не фб некој имаше постирано новост да ја видам така почнав да ја читам хороскот новости ово оно на крај решив едно време да се зачленам и се зачленив колку е моето......
За фемина дознав од фејсбук, а кога отворам страница расчепкувам низ неа и ваљда така го најдов форумов
Ххахаххаха случајно налетав хаха наместо Фејсбук напишав Фембук и ми се покажа на Гугл Фемина си реков чек да видам шо е ова? Отворив видоив 2-3 теми и си реков- ај ке си напраам акаунт мора да е нешо супер и не сум згрешила
Јас за форумов дознав случајно кога барав на google за средното училиште Васил Антевски Дрен и ми излезе темата што ја има во образование за Васил Антевски Дрен, и навистина добар форум со секакви различни информации за секоја припадничка од понежниот пол
Прво дознав за Фемина, и си седев си читкав, и случајно го видов, го разгледав ми се допадна и се зачленив
Барав на интернет за B6 -витамин и од сите страни што ми се појавија, јас ја одбрав оваа. Ми се виде доста интересна. Се зачленив.
играв игри на фемина, па си викам ај и да читнам нешто дру сум тука и така се зачленив после некое време
Читав се во врска бременост на сите сајтови ама овај некако најмногу ми фати окце, ве читав цела година и пол ама дури сега пред некој месец се зачленив
Чепкав на фејзбук по профили и видов нешто споделено од фемина и отворив.Ми стана многу интересна страницава.Така идам кај забава и викам дај море ја да лупнам еден коментар И ајде се зачленив.Се заинтересирав за профилите на феминките па тогаш видов цветчиња.Не знаев за што значат но после дознав дека треба да даваме мислења на форумот за бело цветче,плаво итн.Отворив форум и почнав да се забавувам каде што највише го поминував времето додека сум на фемина
една дугарка ми кажа за сајтот и ми стана интересен, а за форумот одпосле дознав и на почетокот бев како гостин а пред некој месец се зачленив и јас
па сестра ми постојано читаше хороскоп и јас да видам што она чита само и ептен ја бендисав странава и си се зачленив
Па, случајно една пријателка ми прати преку фб хороскоп, па јас го арзгледав, потоа сестра ми го виде... па почна секој ден да чита хороскоп, потоа го разгледав, се зачленив и сега не можам да се раздвојам...
Онака си напишав прдење и гледам ми се појавува темата прдење...Стиснав на неа па разгледував подолго време на форумат,па се се зачленив.
Го знаев од порано од фб.. на почетна ми излегува објави од фемина и јас си реков ајде да видам што има толку интересно што сите го читаат сајтов.. и така си го следев можеби 2 години и потоа се зачленив и почнав да давам мислења и коментари
Незнам кога точно ја открив Фемина, постојано ја следев се што се случува, претпоставувам на Facebook првпат сум ја видела , а пред отприлика 2 недели се зачленив
Од другарка ми - Woman In Love, еве и јавно да и’ се заблагодарам за откривањето на овој магичен свет
Си ја читав Фемина како сајт уште од порано, ми беше интересен и ми се издвојуваше некако од другите, зошто нели е за жени де Па шминки, облека, чевли, едно друго... Секој ден го посетував. Знаев дека постои форум, го гледав горе од десна страна, ама не знам зошто, никогаш немав желба да го отворам. И така, еден ден, од досада, викам чекај да видам што има тука, за што се дискутира... И го отворив и тогаш почна се’ Прво го следев неколку месеци како гостин, си читав тоа што ме интересира, па на крај решив да се зачленам бидејќи сметав дека имам и јас што да кажам на одредени теми, и така бидна Мило ми е што сум дел од овој виртуелен свет иако никогаш не ни помислував дека јас во животот ќе се зачленам на некој форум, тоа ми беше незамисливо и глупаво, но ете... Никогаш не вели никогаш Сега не можам да си го замислам денот без Фемина