Јас пишав вицеви и ми се појави темата со вицеви,потоа читав на форумов 2 години и конечно решив да се зачленам
често разгледувам што има ново на фемина и еднаш отворив форум секојдневно ве читав 6 месеци и неодамна се зачленив
Бев кај една другарка и она разгледуваше нешто на форумот,а јас немав поим што е тоа и ја прашав,ми покажа каде се наоѓа и оттогаш до сега редовно го користам!
Гуглав нешто не ми текнува што ми излезе , го разгледав и одамна сум му закачена ама скоро се зачленив :geek:
Си го знаев сајтот ко обичен „глуп“ сајт.. И после се почесто почнав да читам содржини.. Тогаш се зачленив на форумов ама како онака, колку да сум зачленета.. По малку време почнав да го користам, ама никот boj4eee не ми се допаѓаше ич и си го сменив во сегашниов.
Прво дознав за Фемина, и си седев си читкав, и случајно го видов, го разгледав форумот ми се допадна и се зачленив
Многу одамна знаев дека постои, но никогаш не ме заинтригирал да го разгледам посериозно. Тоа се смени оваа пролет, кога разбрав дека се дискутира за матурата и дека информациите што кружат се релевантни. Оттогаш редовно ве следам
стално читав ваши мислења на форумов, а по природа не ме бива ако не искоментирам нешто за кое што се зборува и така една ден се зачленив, прво си мислев што па јас ќе им се мешам на форумџииве.. :/ и не го користев профилот, а потоа решив да си најдам некој со кој ќе го трошам своето слободно време,а притоа и ќе добијам поддршка и совет
Немаше ден да не ја посетам страната на Фемина и да видам што има ново. Видов дека има Форум па си реков дај да проверам дали е интересен а посебно ме интересираше дали има некоја тема за нокти. Кога видов дека има теми за нокти, веднаш се зачленив. Но потоа кога видов дека има и многу други убави теми не се покајав што се зачленив. Сега секоја ден се вклучувам и ги разгледувам сите теми. ОДЛИЧНИ Е ФОРУМОВ!
Толку години сум активен член и дури сега ја открив темава. Барав некои теми за бременост и сл. затоа што тоа беше првиот од двата пати кога се посомневав дека сум бремена. Ко шо прочепкав и на такви бебе-новости и сум удрила први коментари Башка, мм работеше на 2 места, го немаше дома по цел ден и тука си се занимавав кога не излегував надвор. На почетокот ми имаше некој драж и го чувствував како посебно искуство, ама после 2 години и нешо, редовно пишување, па и разочарување од некои ситни работи, почнав да го доживувам како нормален дел од секојдневието.
Гуглав за домашни миленичиња, и ми излезе феминскава тема, гледав мислења, потоа се вратив на категоријата дом, и видов „Слики од вашите домашни миленичиња“ и мислам дека целата ја разгледав, не се сеќавам чие, имаше едно прекрасно бело куче (расите не ги знам) беше прекрасно и добиваше најмногу лајкови. Ок, да не бегам од темата... И потоа отидов во општи дискусии... Па таму се изначитав, па отидов во Серии и емисии и таму многу ја читав темата „Величествениот век“ па се зачленив, пишував... ехехее...
гуглав за диети и ми излегоа различни од форумов, подолго време само ги читав и сега брзо се регистрирав
Преку Фејсбук Видов некој имаше објавено хороскоп и прво дознав за Фемина, а потоа видов дека има и форум Долго време само читав статии и совети па решив потоа и да се зачленам Сега уживам на форумов
Ја отворив фемина. Така дознав за форумов. Почнав често да си читам, а потоа одлучив и да се зачленам.
Ми требаше идеја за подарок за роденден за дечко ми, и една другарка ми предложи да го разлистам форумов, дека сте биде многу креативни и дека можеби ќе најдам нешто интересно. И од тогаш почнав да ве читам цело време, и еве сум сега зачленета и дел од форумот