јас вака дознав за форумот:отварав фемина и читав што има на насловната,и нели подоле има од левата страна АКТУЕЛНО НА ФОРУМОТ и го гледав повеќе пати и си викам дај да отворам и така дознав,и памтам на почетокот неможев да се регистрирам нели да се зачленам па ајде си направив после,и така.
вртејќи по насловната на фемина, тогаш одма се регистрирав може беше 2011 ама некако многу збркан ми беше форумот и после некој ден и пасвордот го заборавив и еве пред некој ден пак се сетив да се зачленам
Случајно, секогаш горе проверував што има ново и тоа „форум“ како да не го забележував. Еден ден се решив да отворам (зборам како да имало нешто опасно внатре ) и гледам теми, категории и интересно ми стана. Долго време ве читав што сте пишувале и решив и јас да си направам профил.
Мене ми кажа една другарка, долго време ми стоеше форумот така па скоро одлучив да станам активна бидејќи има доста интересни теми и дискусии
сосем случајно од другарка која постојано киснеше на форумов барајќи решение за еден нејзин проблем.не сум згрешила што сум и ја послушала препораката
Јас за форумот дознав во 2011-та година кога станав фејсбук корисник и e-mail корисник сосема сличајнокога во долниот десен агол на фејсбук видов реклама за форумот и потоа кликнав на него,направив лајк,па почна редовно да ми доаѓа хороскопот на мејлот и потоа го видов форумот и првата тема,случајно или не,беше за Вашите дедо и баба,наидов на корисничка со иста судбина како мојата и бидејќи тогаш баба и дедо само што починаа,јас направви профил и постирав мислење за таа тема и таа корисничка ми испрати ѕвездичка за моето мислење и јас исто на неа и ми испрати потоа таа лична порака за да ме утеши и така започнав да го употребувам форумот! Сега,пак,ќе гледам повеќе да читам и да пишувам на него,но сепак колку можам,толку ќе го употребувам! Поздрав за femina форумот!
Искрено неможам да се сетам точно како сум дознала. Знам само дека беше многу одамна, уште во 2009 мислам. Знам дека барав нешто на Google ама врска немам што, и ми го отвори форумот на Фемина. И претходно ми се случувало да ми отвори на Google некој форум од друг сајт ама ни еден не ме привлекол како Фемина. Ептен ми е онака за женски уреден, цел со цветчиња, розев, шаренила... И од тогаш редовно секојднево пратев буквално се што се случува, ама дури сега пред еден месец решив да се регистрирам и така.