Го читав нонстоп сајтот и случајно го видов прозорчето најактивно на форумот. Па ѕирнав и се заразив. о
Ја отаварав страната на фемина често, да видам да читнам нешто и видов дека има и форум, а и на гугл кога барав за коса нешто така ми се отвори
Ја отаварав страната на фемина често, да видам да читнам нешто и видов дека има и форум, а и на гугл кога барав за коса нешто така ми се отвори
Еднаш, кога бев кај комшика видов нешто пребарува на фемина, ова она, па после на форумот и денес ми текна акаунт да си направам. x)
Секој ден читав новости и хороскоп на сајтот и отидов на форумот да видам каков е И едно време само го читав, и потоа се зачленив
Оваа страница е прекрасна и редовно си ја посетував, приметив дека има форум, прочитав некои теми, ми се допаднаа и се зачленив. Разменувањето мислења и искуства е многу важно во животот на секој човек.
Иако не бев зачленета, често ве читав ама никако не наоѓав време да се зачленам. Еднаш дојде другарка ми почна да го фали форумов, многу било интересно и ајт се зачленив, а и во право била
Ахах јас ко имав 11 години нешто си разгледував и негде ја видов книгата Книга за секое девојче па ми текна да побарам на Google и прво нешто потпрочитав на glamstik тогаш и за тој форум дознав па потоа се вратив назад и отворив на фемина нешто и си реков па ај ми гледа како убава странава и се зачленив и секој ден сум на фемина
Секојдневно го посетував сајтов..И еднаш реков ај да отворам на форум да видам што има, ми се виде интересно и ве читав подолго време и така решив и јас да се зачленам
Мајка ми читаше нешто кај Анкциозност, па почнав да отворам и јас низ форумов, па ми стана интересно итн..
Па најубав хороскоп имаше и има и од тука дознав за форумов, првин си трачев како гостинче па по долго време си се зачленив
Па читав хороскоп тука.Го разгледував форумот како гостин подолго време и решив потоа да се зачленам.
Јас не се ни сеќавам како дознав за форумот , може сум пишала одамна , баш ме инересира , знам дека ве читав долго време пред да се зачленам и секако не се каам што се зачленив п.с вуао волку смајлиња у живот неам стаено во една реченица
Многу долго ја следев фемина,а најчесто читав статии и хороскоп.Еден ден го забележав и форумот.И од тогаш почнав да го читам секојдневно,па решив да се зачленам и да станам дел од оваа големо фемина семејство