1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како дознавте за форумов?

Дискусија во 'За форумот' започната од OrdinaryGirl, 15 ноември 2010.

  1. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Супер тема :)
    Јас странава ја заприметив уште од кога излезе и видов дека има форум ама никогаш не го отворив мислев дека е како оние досаднине форумови што се на интернет.Еден ден,случајно ми текна викам дај да го ѕирнам и ми се виде интересен.Ми се засвиѓа што има најразлични теми,убаво се ставени во категории,за се што те интересира можеш да прочиташ мислење, како и да го дадеш.После кратко време се зачленив и така сега сум и јас дел од Фемина.Само се чудам од кога знаев за фемина,а никогаш не го отворив форумов,да знаев дека е волку интересен порано ќе се зачленев. :)
     
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Мислам дека претходната година. Во школо. Листаа некоја страна, и мене ми стана интересна. И викам ај дома ќе си ја прегледам. Потоа приметив дека има и форум, и од љубопитност почнав да го читам.
    И викам ај.. како за прв пат на некој форум, се зачленив. 8)
     
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Откако почнав да ја посетувам Фемина, ја имаше на реклама на Фејсбук, и го забележав форумот. Доста имав прочитано пред да се зачленам, и мислам дека покасно се придружив, бидејќи читајќи ги другите и јас добив желба да бидам дел од форумов.
     
  4. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Фејсбук .
    Рекламата за Фемина , влегов да прочитам хороскоп и видов форум.
    Си се зачленив како Ема.Ск :)
    Не оставам редовно мислења, само ако имам стварно нешто да кажам,
    да го испумпам од мене,да се испразнам,да помогнам ако можам и да прашам нешто.
    Но ете, заразна играчка која си ја користам секој ден :)
     
  5. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Како и повеќето и јас дознав од ФБ.Ми излезе на профилот дека некои пријатели биднале фанови и ми се засвиѓа прво знакчето на фемина,некако ептен феминистичко :D
    После почнав да ја отварам страната за хороскоп и некои занимливости,а по некое време и се зачленив :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Редовно киснев по женски страни, читав триста чуда, барав совети и одговри за моите ама и за проблемите на моите другарки. Фемина ја посетував скоро секој ден, и еднаш така случајно го отворив форумот.
    Исрекно се двоумев дали да станам и јас дел од форумот, и не знам што ме натера. Ама кога почнав да ве читкам, толку многу се навлеков, што еве и до денес практикувам скоро цело слободно време да го трошам тука.
    :)
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сосема случајно, така барајќи совети како полесно до забременување... И бев испровоцирана од еден пост и така се зачленив, само за да си кажам своето мислење... Ама ми стана интересно и еве ве дружам месец и пол :D
     
  8. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    некој од пријателите на ФБ имаше објавено хороскоп од Фемина и го отворив, прочитав неколку работи, ми се допадна и се зачленив :D
     
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Преку Фејсбук.
    Го видов линкот, еден клик и дојдов овде. На почеток читав статии, хороскоп обавезно. Форумот случајно го отворив.
    Неколку дена нерегистрирана само читкав, а после решив да се зачленам. За прв пат на некој форум. Прекрасни девојки има, некои да ти е мерак да ги читаш :clap: , а и многу работи си научив. Добра зараза е. Фејсбук може и да не отворам ама без Фемина не се може.
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    барав хороскоп и статии во врска со мојот знак ме интересираше што точно сум во подзнак и ми излезе фемина. ја разгледав странава ми изгледаше доста занимливо се мислев 5 мин. дали да се зачленам но тврдам дека не зажалив тука е прекрасно јејејејеје
     
  11. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Фејсбук!
    Прво ја видов страницата...па после форумов!! И почнав да разгледувам интересно беше...и се зачленив...до сега на ниеден форум немам пишувано, ниту сум била зачленета...Не планирав ни тука да бидам активна...ама ете се навлеков... :$
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    од братучетката, а после го побарав на фејсбук..долго време не бев зачленета, ама еве, се зачленив :lol: :lol:
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Прва го откри сестра ми... таа беше активна многу пред тоа, а јас се зачленив да ја шпионирам 8) :tmi: . И така некое време само читкав и играв во Форумски игри, ама летово ептен се навлеков и од тогаш форумот ми е дел од секојдневието.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Гуглав нешто, и пребарувачот ме посочи на форумов. Неколку пати ми се случуваше тоа и на крај решив да се зачленам, чисто воајерски :)

    (порано бев многу нам`кната на форуми па несакав да се навлечам пак :D ) Ама ете бидна =)

    Е после прашувајте што се Msn Bot Yahoo Bot Google Bot...
    Да не беше Google bot јас немаше сега да бидам овде 8)
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Хм, јас барав здолништа на Гугл. Аха, си брава некој интересен крој на сукњи, и пишав „здолништа оваа сезона“ и на страницата беше прва фемина. :D Влегов, разгледав, прочитав, и видив дека има форум. И ај си реков што губам ако пробам да се зачленам, пошто нит знаев како функционираат форумите нит па знаев што како, си реков, анонимно е, таман....и ... се навлеков на крај :D ете така се ствара зависност :rofl:
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    читкав нешто онака... а во меѓувреме пишував со една моја другарка. и нешто линкови си дававме, демек гледај ова, читај она... па хороскоп едно, друго.. и таа ми дава линк од Феминава, и така читкав статии некој ден, хороскоп (обавезно), и почнав да го читкам и форумот :angel:
    па така реков, ај да видам како би функционирала на форум, како за прв пат... и еве ме :$
    една година, верна на Фемина :$
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Од Фејсбук дознав за femina.mk. На форумот не се зачленив веднаш, туку претходно едни 2-3 недели само ги разгледував темите и си читкав, потоа многу ме заинтересира дискусијата на една тема, па така решив и јас да се зачленам за да се вклучам во дискусијата :) И така првите денови оставав мислења само во една иста тема, ама после се активирав и на другите полиња :) А сега, како и на повеќе што сме овде, форумот ми е омиленото виртуелно место. ;)
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Прво гледав на Фејсбук за Фемина сајтот, ама не го приметив форумот. После тоа братучетка ми ми кажа дека има и форум и го разгледував долго време и на крај се зачленив. :)
     
  19. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    барав на гугл некои дитети и многу ми ги исфрли од форумов и ги погледнав и другите теми и викам ова интересно ми се виде па дај и јас да се зачленам :D
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Една вечер ја слушам братучетка ми(која помала) како и објаснува на сестра ми(20 години) дека кога ќе почнела со сексуални односи прво ќе го носела дечкото на преглед да не имал некоја полова болест, па после ќе се одлучела за тоа дали да има или нема сексуални односи. И си зборуваат тие на долго и на широко, али братучетка ми упатена во работите повеќе од сестра ми. И после некое време ја служам сестра ми и вика ''абе од кај знаеш толку многу ти за тие работи'', и братучетка ми ко од пушка ''па од еден форум, Фемина се вика ''. И си реков чекај да видам и така :)
     
    На OrdinaryGirl и blond им се допаѓа ова.