на гугл пребарував за поима немам што... и така ми се отвори форумов со некоја тема.. подоцна го разгледував 2 години, барем еднаш во месецот. и така си решив да отворам сопствен акаунт.
уфф братучетка ми ја пратеше странава меѓутоа не и форумот. И ја гледајќи по страната, чепкајќи го најдов и форумот и долго време го следев и ве читав а потоа и се зачленив
Исто и јас,братучетка му на маж ми ми кажа за страната а јас откако убаво прочепкав го најдов и форумот и долго време го читав за на крај да решам да се зачленам.
Секој ден читав хороскоп на Фемина и така случајно го забележав форумов, по што ве следев година дена и на крај и јас решив да си направам акаунт
Ги читав новостите секој ден,но никогаш не забележав дека после 2 местенца,пише форум. Една другарка ми кажа дека таа била зачленета и било многу интересно и корисно.И ми рече да се зачленам и јас.И така направив..
Мммм се сеќавам ко вчера да беше Барав на интернет фустанчиња за полуматура и така наидов на форумот. Најпрвин само таа тема ја листав ( оти мака си имав нели, барав фустанче) и после сосема случајно видов дека има и категорија секс. И си читкав така од време на време ко некое напалено детиште Спојлер лажам, секое слободно време на тоа го трошев и така читајки некако почнаа да проработуваат хормоните во мене, почнав и порничи да гуглам и така. И да, тогаш ми беше интересно и возбудливо, а сега некако ми е потреба. И да, мислам дека стварно некако таа тема треба да се направи за 18+ оти може да ги вознемири малолетните читатели. И да не забегувам со темава сеа ај, за форумов инаку дознав барајки фустанчиња за полуматура
го следев форумот неколку месеци па решив да се зачленам. Ми го препорача една пријателка таа е член овде.
Фемина е познат сајт па така чат пат отварав да читнам нешто, повеќе околу соновникот. Еднаш ми текна да зирнам на форум ама оти ми се видоа мноооогу членови и многу теми си реков оти никогаш нема да се уклопам овде во оваа гужва. После подолго време се регистрирав и како за чудо се изненадив, па супер си е форумот, темите на место. Многу ми се допаѓа тоа што има многу теми баш од секоја област.
Си читав хороскоп и случајно забележав и форум. Ве следев околу пола година и пред 2 месеци се придружив.