Случајно напишав погрешна адреса и ми се вклучи femina.mk, и тогаш видов имало и форум и го читав 1 год. и се зачленив.
Случајно ја разгледував страната детално и видов дека има форум, и се зачленив, не жалам запознав прекрасни личности и добив добри совети, а и допрва ќе ги добивам
За фемина незнам од каде дознав, но ја посетувам страната уште од многу, многу одамна.Еднаш го забележав од десната страна правоаголничето со најави се, а има и регистрирај се.Така си реков ај да се регистрирам да видам што е толку забавно овде. И така започна се.Во почетокот интензивно си коментирав по темите, па наеднаш престанав и еве ме сега од пред неколку месеци повторно сум активна.
За Femina дознав пред 3-4 год, странава стана многу популарна кај нас нашколо. И сите девојчиња ја користевме секоја слободна минута од досадните часеви да се уклучиме на интернет и на фемина И така си читавме некои корисни работи од Убавина и Мода, Диети и фитнес итн... Форумот го отворив 2 год покасно, но тогаш некако ми изгледаше комплицирано да следдам сите што пишувате, неможев многу да се снајдам и баталив... се до сега брзо кога отворив пак и баш ми се виде интересно Штета што не сум се зачленила порано
Постојано ја читав фемина па дури и форумот, не се зачленив бидејќи се што сакав да прашам некој пред мене прашал и имаше многу совети добиено и јас си ги применував А се зачленив пред некое време зошто сметам дека сега имам повеќе искуство и знаење за и јас да помогнам некому со моето мислење а и тие мене
Мислам дека несакајќи го најдов, најверојатно барајќи нешто на гугл, ми искачаат теми на фемина. Член сум била на еден куп форуми до тогаш, па си реков ај и на овој. Ама на сите други форуми не сум отворила од кога се зачленив на фемина...
Сајтов одамна го знам, на фб ми излегуваше од пријатели што лајкнувале. А форумов покасно го приметив. Некој период само читав кога нешто ми требаше и пред неколку дена конечно се регистрирав
На фб некои пријатели лајкнуваа статии и така од поодамна си го следев форумов па по некое време се зачленив
На гугл барам google барав идеи за маникир и излезе фемина,и така си ја читкав ама тоа каде пиша форум никогаш не го бев отворила и така си се решив еднаш и ми се види интересно го читкав форумов 1-2 месеци и на крај се зачленив
Cе започна со хороскоп,а потоа го забележав квадратчето форум си влезив и оп уживанција па си реков еве каде ќе си тепам време..
И јас случајно го открив. Барав една серија и кога го отворив форумов бев ептен како Отпрвен само читав некое време, месец-два а после се придружив.
Прво од Фејсбук дознав за Фемина.мк па откако ги прочитав сите можни статии го отворив и форумот.После двегодишно читање решив да се зачленам и јас.
Случајно дознав,барав нешто на гугл и го отворив.По некое време отварав хороскоп,па си барав потребни информации и совети и се зачленив *нова сум ама го читам од лани сајтот
и јас дознав од фејсбук прво ги читав само статиите и хороскоп а некогаш и игрици си играв а потоа видов дека има и форум и ве читав година две па после се зачленив