Јас дознав за форумов преку фемина често си ја отварав и гледам форум има со многу теми и ми требаше нешто да прочитам за совет и така си направив профил и си полнав да прашувам и јас да споделувам свои мислења и ви благодарам за целосната поддршка за секој совет
Пред неколку години, уште кога беше понов другарките го отвараа и читавме хороскопи и некакви новости, само што немав акаунт
За форумов дознав во средно, во втора година мислам. Имавме информатика и не знам како ама го најдов некако Фемина хороскопот, најверојатно на Гугл ми излегол и од тогаш секогаш читавме хороскоп на часот по информатика После тоа го разгледав и сајтот и видов дека има форум и само така си го читав некое време ама сега еве ме овде, верна форумџика.
Кога се збиравме другарки и нон стоп отваравме читавмее во темите за Прв бакнеж и така после тоа ми требаше и јас да споделам мислење, да побарам совет пробував и пред тоа повеќе пати но никако не може да се зачленам и на крај успеаав,сега го користам секој дневноо
Беше одамна, знам сите споделуваа дневно хороскоп од фемина и случајно влегов на форумо. Ми беше досаден и влегвав само повремено и пак го заборавав. Активна сум преку една година кога си ги зафатив сите теми и некако почна интересно да ми е, почнав почесто да влегвам за време на матурата кога разгледвав информации па некако останав. Колку шо се сеќавам .... Можи беше поинаку ама мислам хороскопо ме донесе.
Одамна го имав приметено форумот онака на кратко, на гугл кога сум пребарувала нешто и ми излегувал во резултати, ама не сум имала поим уште како функционира форум уствари. Ама... си беше еднаш пред 4 години , една италијанска серија - Elisa di Rivombrosa на Канал 5, за која можда уште 2-3 сега активни членки со кои се дружев уште од тогаш - се сеќаваат колку бев опседната со неа. Е, пребарав за серијата на македонски на гугл и тука најдов тема, дискусија и фанови на истата, и одма се зачленив да гњавам некаде за опсесијата со серијава и глумецот. И ете си останав после на форумчево и со филозофии, и со дружби, и со споделување слики...
Јас знаев дека има форум, сум пребарувала од гугл на најразлични теми и сум читала мислења и коментари, но дури вчера реков ајде да се зачленам. Понекогаш ми треба не толку брза комуникација како што е со другите социјални мрежи. Едноставно форумот е малку слоу даун комуникација. За понормално и поспоро темпо на живот. И ете, тука сум. Претежно си читам коментари, но знам и по нешто да искоментирам. Се читаме
За форумот дознав од братучетка ми. Далечната 2012 ден после Божиќ бевме на гости кај нив, паднавме на муабет зимување па ми го спомна форумот , зборуваше за форумското дружење низ темите, дека сум можела да најдам интересни теми за читање. Се надевам ме нема осетено која сум оти за разлика од мене, она спаѓа во таа група на личности за која се е совршено во животот, среќен брак, успешна кариера, не дај боже да и идам контра , ќе ме задави со голи раце
Не се сеќавам од каде и како дознав за форумот, беше многу одамна. Знам пред да се регистрирам долго време читав на форумов.
Случајно уште пред години кога пребарував нешто за бела техника. Се зачленив дури на крајот на месец Април годинава, бидејќи мислев дека ќе биде интересно да се дебатира на разни теми со жени кои живеат во Македонија. Претходно сум членувала на други форуми... странски и очекував дека и овој ќе биде интересен како и нив.... но се излагав. Блика со предрасуди, осуди, нетолеранција, навреди и истиснување на секој кој размислува поинаку од мнозинството. Всушност е само уште едно место во државава, каде нема рамноправност, иако декларативно, пинаку е претставено.
А кумата после тебе регистрирана Јас знам дека барав нешто и ме донесе тука гугл бре, животот ми го скрати
Се зачленив бидејќи имав прашање за кожна инфекција. Потоа долго време не го користев форумов, се до еден ден кога ми беше досадно па реков да се најавам повторно. Оттогаш секој ден се вклучувам.
Имав милион прашања околу бременоста и на пребарувањето ми излезе форумот, па прво си исчитав буквално се во темата Бременост скоро добри 6 месеци, па се зачленив