Го убиваа од критикување на Кајгана,па така дознав. Долго време го разгледував и годинава решив да се зачленам.
Не се сеќавам како дојдов на форумот односно што ме запозна со него ама добро се сеќавам дека си читав одредени категории на теми и се луфтирав едно време, учев тоа што ме интересираше, следев итн Секогаш во себе си велев дека не ме бидува за форумски лик и дека не би знаела да се снајдам со таа улога, среќа по сплет на ололности се зачленив едно глупо лето кога немав обврски па почнав да пишувам по некој збор, кога наидов на прекрасни ликови со отворени раце се изненадив и мило ми стана искрено не очекував. Од тогаш сум овде, некогаш и помалку некогаш повеќе, некогаш се заситувам некогаш не. Ама у секој случај ми вредат ликовите што сакам да ги читам. Ми влева позитива и секогаш трошка учење од по нешто на некој начин.
Не се сеќавам баш, но мислам дека гуглав некаков шампон за мрсна коса, и ми излезе темата од форумов па се изначитав па отворив и други теми да видам каков е форумов и така, се зачленив
Пред 2 години почнав често да паѓам во депресија и прво се обратив на форумот хаха и ми помогна то амногу кога читав други исти мислења у врска со тоа можеби неколку месеци пишував само на темата анксиозност сега секаде пишувам
Во група од фб имаа коментирано за форумов и од таму. Мислам дека во групата за загадениот воздух некоја жена коментираше таму, а сигурно е и член тука.
jas slucajno,barav informacii za covid-19 imise pojavi edna tema otvoriv i se registrirav i taka odtogas sekoj den zirnuvam
Охоооо малку минато време. Уште минатиот век така си читав само фемина, а на форум не влегував. Еднаш така од досада влегов, видов интересно и си направив профил..
Сестра ми често читаше само фемина и јас по неа почнав да читам и по извесно време видов дека има и форум. Влегов тука и долго време читав тоа што ме интересираше и навистина ми се допаднаа повеќето мислења и совети. Се регистрирав за да побарам совет тука и искрено не очекував дека ќе наидам на поддршка.
Јас искрено на 12 години живеев во светот на вампирите, задгробен живот и сл. и затоа сум се зачленила тука,да читам во „Другата наука“, првите три мислења ми се за сатанизам, астрална проекција и вампири.. Дете Еве ви ги да се посмеете: *Многу сум била стручна во оваа област: