Прво ја знаев фемина, читав, после видов и форум. Читав доста долго време, можеби 5-6 месеци па и повеќе и решив да се зачленам, да видам што е како е. Ми стана интересно и се навлеков. Можеби не пишувам, ама секој ден читам.
Од фејсбук. На почетокот само читав да видам што и како е форумот па потоа решив да се зачленам. Не пишувам многу а понекогаш и само читам. Добар ми е за утепување некогаш на време
Од Фејсбук ! Исто и јас најпрвин само рагледував по темите како гостин, за подоцна да решам да се зачленам и јас овде
Случајно. Почнав да си читам најпрвин хороскоп, па потоа некои статии, и забележав дека има форум. Го отварав, читав некои теми и ми стана интересен, па решив и самата да си се зачленам, а сега ретко ден да не се уклучам, немам баш овој период време да пишувам ама ве читам и не ве заборавам.
За форумов дознав од другарка,видов и на фејсбук,отпрвин редовно го читав форумов па потоа се зачленив зошто ми требаа совети и сега поретко пишувам ама затоа ве читам
На Гогл барав страници за Тироидна жлезда и прво што ми искочи беше Фемина форумот.Влегов за да прочитам, и послем почнав да прелистувам по другите теми, ми стана интересно и се зачленив.Поретко и јас пишувам ама затоа скоро секој ден ги читам мислењата.
Јас прво ја видов фемина и многу ми се допадна и на фејсбук си објавував хороскоп и еднаш случајно видов форум и ајде да видиме што е тоа и ледав има разновидни теми за сите па се зачленив и еве тука сум
како и повекето девојки овде и јас дознав за фемина преку facebook,почнав да ги читам статиите ,потоа видов дека има и форум...едно 2-3 недели бев само гостин и потоа се зачленив.навистина е мнооогу кул
Tокму така, барав нешто на Google и ми се појави статија (од фемина.мк) баш за тоа што го барав ... И понатака почнав да ја посетувам редовно фемина имаше што да се чита И после видов дека има и форум и се префрлив таму да читкам... наоидов на многу интересни теми, па и ја си се зачленив и такаа
Кога дознав за фемина - страната, преку фб, морав детално да ја разгледам. И онака гледам на крајот пишува форум. Кликнав и заразлика од сега форумот беше многу шут. После некое време пак го посетив и гледам напредува. Ги читав мислењата и сакав да кажам мое мислење. Се регистрирав, направив околу 15 мислења и ме снема. По некое време почнав почесто да го отварам и така ми стана секојдневна занимација
Малечко, па ти си зачленета на 23 октомври, еден месец само Немало врме за пауза од 2, 3 месеци Ме насмеа
Дознав прек фб, веќе неколку недели седеше така во десниот дел од фб и решив да отворам, кога отворив пријатно се изненадив, подолу забележав “активно на форумот“ и отворив и го видов цел форум, прво имаше многу глупави смајлиња тоа беше некаде во декември, пред Нова Година. Па потоа само си читав се до март кога пола саат по полноќ решив да почнам активно да се занимавам со него. Фемина ми стана дел од денот, а сега многу ми фали кога сум на факс
Некаде во Мај, барав за матура фустанчиња и ми излезе. Почнав да го читам, ми се допадна, има потенцијал за дискусија и се регистрирав неодамна.
си го редактирав мислењето многу долго ми се видело времето Најмногу фала на Бију што ме извести преку порака
јас мислам нешто гуглав на гугл и покрај останатото, ми пронајде информации и на странава, и почнав да читам интересно ми стана, се регистрирав, па потоа летото ме снема комплетно, бидејки не бев дома цело лето и после пак отворив и така сеа сум обседната со проверување на теми на некој начин не е во ред тоа, го бришам деновиве фејсбук најнајсигурно, и после морам и со фемина да намалам, нема да ја бришам,али ке намалам ептен..али мислам штом фб го снема, ке ми се скратат сите маки у животов..не сите, али гооолем дел. поз
ПОПУЛАРЕН Е САЈТОВ секаде се зборува за сајтот .. дури и на фејсбук пишуваат на фемина си коментирам на новости.и кога ќе ги прашав што прават тие ми одговараа еве на фемина сум остај ме сега и се зачленив да видам како е што е и многу сум среќна што се зачленив