Случајно барав нешто на google и ми се отвори дека тоа што го барам го има на фемина. Разгледав прочитав и ми се допадна, сакав да се зачленам на форумот, но не ми успеа тогаш, незнам зошто. Потоа го посетував сајтот за да поиграм да прочитам нешто и еве пред речиси месец дена се обидов пак да се зачленам и успеав .
За форумов дознав нормално преку Femina.mk каде што видов дека има и форум каде што постојано влагав и ги читав мислењата на останатите,па по некое време решив и јас да си се регистрирам
Ја блокираја фемина на чколија, а форумот остана и така го дознав...почнав да ги читам мислењата и бидејќи ми требасе помош решив да се регистрирам и јас ....
За Фемина Форумот дознав преку другарка.. Таа ми кажа дека се зачленила и се пишувало коментари и имало мислења од други девојки.. Една недела ми зборуваше за Фемина и вилам ајде и јас да се зачленам... На почетокот не бев многу активна пошто не учам во мојот град а таму кај што учам нема нет... Но во последно време сум почесто .. И ќе бидам почесто макар ќе биде потешко
Летото додека работев, и немаше народ во салонот, чепкав по нет. Читав нешто на форумот и си велам зошто и јас да не се зачленам? И така почнав да се дружам со фемина и нејзините членки
Ја пронајдов страната преку фб, ја имаа лајкнато некои пријатели и почнав секој ден да си читам хороскоп и новини, а потоа видов дека има и форум и веднаш се зачленив. Мислам дека ми требаше совет за нешто па така почнав да ве читкам и веќе една година сум си постојано активна.
Зачлента е една колешка од факултет,можеби ќе се препознае која е,таа ми ја кажа,јас подолго време ве следев па одлучив да се зачленам....и сега ми е супер!!!!!
Една другарка ми објави на фејсбук профилот линк од фемина за хороскоп ама тоа беше одамна.После кога ќе ми беше досадно си отварав така на фемина си читав разни работи.Сега во ноември видов од страна форум и викам дај да видам што е ова.И видов и тука е интересно и си се зачленив
Од една другарка, почнав да го разгледувам форумов, за се и сешто барав овде. После некое време се зачленив и сега сум дел од него
За форумов дознав уште кога бев 4 год.средно од една другарка.И си го разгледував подолго време,и еве решив пред некое време да се зачленам. :up: за форумов
сосема случајно пребарував нешто на интернет кога ми излезе форумот кој потоа редовно го разлистував иако не бев зачленета за подоцна да решам и јас да бидам дел од него
Е како беше де ... Епа редовно си ја посетував Фемина и така гледам горе Убавина и мода, љубов и секс, здравје, забава, новости... иииии на крај гледам форум.. (не ми се смејте) wtf значи форум? Првпат го сретнав овој поим на фемина .Значи се што ми е непознато чепкам до бескрај. Клик форум гледам кафе муабети, мода, љубов, секс... тананан се прочепкав и по извесно време, ајде се зачленив
преку гугл барав за сјај за уста и видов пишуваше нешто поврзано со фемина..отворив и од тогаш редовно ја посетувам , читам низ статиите ( понекогаш и коментирам ако ми е погодена темата ) ... кога читав мислења од некои членови на форумов добив желба и инспирација и јас да се регистрирам со цел моето искуство да го пренесам на некој, да научам повеќе и др ова беше како одговарање пред табла!!