Многу спонтано, читајќи на Фемина го открив и форумот и бев малце провоцирана на едно мислење на кое што наидов, ми се допадна и решив да станам дел од форумот бидејќи ми се допадна начинот на комуникација.
Случајно на нет ја видов странава па си читкав и оп форум од страна,видов неколку интересни теми па и јас си се зачленив
ми кажа мојата најдобра другарка и ми кажа се како треба и ете и јас се зачланив... потоа видов многу интересни теми прочитав многу нешта и на многу мои прашања си најдов одговор... поздравче!
Едно време со другарка ми многу се интересиравме за хороскоп и прво таа го најде сајтов и ми го кажа. Разлистав и ми се допадна. Видов дека има и форум и цела година следев без да се зачленам и еден ден брат ми влегива во собата и гледа дека како и обично чачкам низ Фемина, а во тој момент и низ форумот и ми вели "А зошто не се зачлениш и ти? И онака цело време гледаш овде?" . И се замислив малку и толку ми требаше, па после една цела година и јас станав дел од вас.
Прочитав во списанието "Убавина и здравје",сајтот беше даден како предлог со уште неколку и така случајно незнам што ми текна на форум да чепкам,нит сум пишувала некогаш нит сум читала...прв пат ми е Се заразив ептен секој ден почнав да се уклучувам ако не да пишувам,барем да прошитам нешто што има ново по темиве..и така се до ден денес..
Сакав да откријам што сум во подзнак, па побарав на чичко Гугл и ми излезе страната на Фемина и подолго време си читав хороскоп и новости на странава, а форумот некако и не го заприметив.Ама од чиста досада влегов да утепам време, ми се допадна и се зачленив
Јас дознав од мајка ми! Она стално гледа некои диети или козметички препарати тука! Еднаш ми рече дојди да ти покажам нешто на компјутер и ја отвори странава и ми покажуваше слики од некој наќит или што е најхит за носење оваа сезона!Ми покажуваше и некои други статии и јас кога подобро ја разгледав ФЕМИНА видов дека има многу интересни работи па се зачленив и сега само читам по овие темиве и морам да кажам прекрасни се и уживам да ги читам!
и јас дознав случајно, една другарка ми кажа за фемина и потоа видов дека има многу интересни теми на форумов, долго време ве читав па вчера и јас решив да се зачленам
од фацебоок,поцна со дневен хороскоп сето ова а имав некој пробелм барав несто и така заглавиви на форумов и ми станува опсесија некако ако сум нова на форумцево
постојано си ја гледав фемина си читав работи од неа и влегов во форумот и тама читав некој работи и после една недела се зачленив и јас
Прво за сајтот па за форумот. една другарка читаше хороскоп, а потоа и јас почнав и видов дека има форум но, не му давав внимание, подоцна таа се зачлени, а потоа и јас
Од фемина, си читав статии на фемина, и го видов форумот, почнав да го читам и по некое време се зачленив