Бев на гости кај една другарка и немаше што да правиме и другарками вика ај да прочитаме хороскоп.И ја ајде!Отворивме гугл пишавме хороскоп и прва страна ни се појави Фемина хороскоп.И отворивме се занесовме неколку часа дремевме пред пц и читавме разни сатии.Потоа јас си направив акаунт и така
Еее не се сеќавам баш, ми се чини дека една другарка моја имаше објавено линк со некоја од содржините на форумов, па од тогаш редовно читам, еднаш се зачленив но не се уклучував, еве сега ме фати желба да почнам да чкрапам по нешто, ама не ми текнуваше на никот, и си направив нов-се надевам дека админите ќе ми простат за тоа што имам два јусери...
Јас прво водив некои мои пријателки што објавуваа на фб од фемина за мода нешти и сл..и еднаш го отворив имаше интересни совети почнав потоа почесто да си разгледвам на страната и послем забележав дека има и форум...па се зачленав од прво не пишев ни коментари ни теми формирав...само си читкав па потоа почна да ми биди интересно си отворив неколку теми...почнав да пишам коментари на други и сега секој ден се уклучвам поке сум на FEMINA отколку на FB.....
Абе на школо, школските отвараа фемина, ова-она, и после и јас дома отворив и видов и форум има и така некако....
епа..вака беше јас постојано им досаѓав на другарките мои за совети за шминка, мода, па маски итн.(женски како женски) и тогаш еден ден една другарка ми рече Отиди и зачлени се на фемина, таму се си имаш и така сеа по а нешто не ми е јасно, се знае кај одам... Феминки мои
Јас дознав преку една другарка. Нешто спомнуваше но не обрнував внимание. Потоа ми беше досадно и решив да проверам што чудо е ова. Разгледав и ми се допадна па еве ме сега како член на сајтов
Јас дознав од фб имаа објавувано статии од фемина и aj да видам шое-како е ... и одреден период читкав играв игрици и видов форум ,си реков ај да видам шо има и мнооогу ми се бендиса се немам зачленето на никој до сега па си реков зошто да не .Се има приватност решавање на проблеми подучувања , совети и мнооогу други интересни работи и баш ми е мило што сум дел од Фемина фала ви на сите за совети и критики ... Во букмарк ми е и нонстоп сум најавена и станав зависна секој ден расчешлувам лове ју грлс (и бојс ) Респект
На гоогле пребарував некоја тема и така дознав,одредено време бев чест гостин,но пред неколку денови сакав и јас да станам дел од Фемина и не погрешив,зависна станав
Една другарка ми кажа за странава,ми се допадна,почнав редовно да ја посетувам, па така и налетав на форумов...И сега нема ден да не го посетам
Појма немам. Но, знам зошто се зачленив. Сакав да видам дали има одзив за видеата, да не се брукам џабе. Не знам што ми текна да коментирам секаде кога се зачленив само за македонската youtube beauty guru тема. Сега дури и со дечко ми се карам што чека по 10 мин за да му вратам нешто што содржи 1,2 збора.
Прво дознав за страната од фејсбук, па ја отворив ама не го забележив форумот, еден ден ми беше поприлично досадно па ја пролистав цела страна, и го видов форумот, но не се зачленив одма, долго време само го читав па после се зачленив и еве ме скоро една година сум тука
Неам поим, онака само ја знаев, и после тоа секој ден ја посетував да видам што има ново.. Вестите.. И така си се зачленив. И не згрешив.
Бев дома кај другар ми и дента бев изнервирана премногу од брат ми.Целата таква лута одам и му викам аман кажи некое чаре,што ќе правам јас со овој во се ми се меша.И тој како и секогаш ситуацијата ја сведе на шала,крајно самоуверен и сериозен ми вика:Чекај сега! И јас цела ваква и тој пишува на Google:Како да се ослободам од брат ми? и излезе една тема од Фемина.Потоа пробуричкав малку и така влегов (т.е дознав) во форумов
не се сеќавам Знам дека беше „тазе“ отворен, имаше малку теми (на прсти се броеја ) Потоа во 3 дена форумов се вивна и стана прекрасен