Кога прв пат почнав да чепкам по форумот имаше сосема малце теми. Си разгледував, читав, се информирав... Па пазете сега од кога шпионирам А се зачленив дури март годинава, не знам зошто толку доцна, а сега ми е како зараза-не можам без Фемина.
Искрено не се сеќавам како дознав. Но читам од многу одамна по темиве, а дури во март се зачленив. И така сега неможам без форумов, и редовно си го посетувам.
Од братучетка ми. Абе дење/ноќе висеше на Фемина и ми ја тури чивијата и ај и ја да не останам покуса Бааѓи време бев само пасивен посматрач, ама ете и јас решив да пишам.
Знам барав некои диети на гугл и ми се отвори фемина и од тогаш наваму сите теми ги читам а сега и на форумот
Си чепкав на фемина, хороскоп, статии ау... и ѕирнав на форум... и останав... Можам да кажам дека форумов ми го има БУКВАЛНО сменето животот... Со помош на форумов лани си го добив тоа што го сакав... Злобно, ама тоа е... битно си добив што си сакав
Барав на Google нешто за контрацепција, имав некои необјаснети работи за контрацептивни пилули. тогаш на велико размислував за секс со дечко ми, и ми се отвори фемина.. Читав, читав еден месец и конечно се зачленив и јас да си прашувам. И ете сега ми е секојдневна навика да си ја посетувам и да си читкам. Зависна сум. И многу сум благодарна, многу феминки ми помогнале во најразлични периоди
Јас редовно ја читав Фемина ама никад не ми текнало да влезам во форумот. И еднаш братучетка ми ми кажа дој да ти покажам што пишувале на Фемина и интересно ми стана и си се регистрирав и јас
Искрено не ми текнува,но мислам дека откако на Фб почнаа да се објавуват статиите што ги има на Фемина,одтаму,а за форумот,онака случајно гледав што теми има на Фемина и последното беше Форумот на кој влегов и сега сум редовна членка
па случајно барав нешто и ми излезе femina и на почетокот онака само си читкав мислења по форумор и решив да си се зачленам
Јас Фемина одамна си ја гледав, значи некаде пред 2 години ама сега се решив да се регистрирам I Femina!
ах интересно искрено не се сеќавам,веројатно сум ја нашла случајно,знам дека најпрво почнав со хороскоп,па потоа си барав низ форумов за на крај да се зачленам во гоолемото друштво и јас