Сосем случајно, преку ФБ отворив да читнам некоја статија и го видов форумов, па некое време само си скришно си го читкав . После тоа се зачленив, одамна беше тоа, но се зачленив со цел да дискутирам и да споделувам искуства, да побарам и дадам совети а не да билдам мислења како некои членови .
Си ја читам фемина од самиот почеток и така случајно налетав на форумот. Но само си го читкав и него и еве конечно решив да се зачленам.
една другарка ми кажа за сајтов и така некое време само бев на сајтов и се решив да ѕирнам во форумов па ме заинтересира
Пребарував по интернет за анксиозност, и на гоогле, ми се појави темата на форумот за анксиозност, и фемина, и оттогаш го лајкуем тоа, и многу ми е мило, благодарение на тоа запонзав прекрасни луѓееее
Уште на почетоците на форумов, разгледувајќи ја страната на фемина го здогледав. Се зачленив напишав 2-3 мислења и го заборавив корисничкото име.. Потоа и една другарка ми кажуваше дека го читала и дека имало многу пациенти тука, истовремено и паметни девојки кои им го прават реметот и се регистрирав повторно.
Колешка моја од факултет имаше објавено на ФБ нешто од страната на фемина, отварам да прочитам и текстот беше стварно интересен, ја разгледав фемина и видов дека има и форум. Подолго време го читав форумот и еден ден кога ми беше многу досадно дома се зачленив
Случајно наидов на објава на фејбук кај другарка каде лајкнала статиа од фемина. Ме заинтересира и решив да ја погледнам страната.Во почетокот немав направено акаунт но потоа направаив и еве ме сега. Од кога ја дознав страната ја посетувам често и многу од моите другарки ги заразив со станава
Една моја другарка на фејсбук имаше лајкувано од странава, па јас отворив да видам, одтогаш ми стана навика да ја отворам странава, и решив да се зачленам, и еве ме сега
Другарка ми од K-a-t-e-n-c-e Ми кажа дка на фемина имало форум... Јас ни на крај памет дека има таквонешо
Јас дознав преку другарка, и тоа доста одамна. Од тогаш редовно читам, но никако да се регистрирам. Еве ми дојде и мене редот да тепам време ))
Јас прво дознав за сајтов, од сестра ми. Ми беше досадно, немав што да правам, дремев на интернет и и реков - Ај кажи ми некоја интересна страна и ми вели - Отвори на Фемина и ми ја кажа адресата и јас отворив и повеќе не затворив . После го открив и форумот - секогаш гледав дека пишува различно на почетната страна на Фемина каде што пишува кој постирал последен мислење во која тема и не знаев зошто и на почетокот не обрнував внимание, но почнав да се прашувам каде се сместени овие теми на страната, зошто секогаш има различни имиња и сл. и кликнав на едно од мислењата и почнав да читам. Некое време само читав, некои 5 месеци може, па потоа и се регистрирав. И така, еве ме сега овде .