Здраво пријатели имам огромен проблем, животот ми е хаос. Пред некое време преку едни познаници и пријатели се запознав со една девојка, таа е помала од мене, ама многу ми се бендиса иако не е како мене, но ме мрази. Бевме излезени во град а другарка и се познава со едни други познаници што беа излезени со мене и мојот другар, таа дојде со неа,поточно раскина со дечко и кој ми е познаник, па оваа што ја бендисав да и прави друштво на кратко да се видат со децава. Ја прашав дали сака да излеземе и дали има фб, кажа дека има само за блиски и не ми го ни кажа, па морав да ја барам преку други, и таман ја најдов и и пратив пријателство ме одби неколку пати, па морав да и пишам порака сега ќе копирам Абе зашто не се откачиш, гледаш дека ниту сме блиски, ниту имаме исти муабети, ниту сум блиска со твојата екипа селска, девојчето со кое што дојдовме едвај се отараси од другар ти, не замарај! И пишав дека е многу убава и дали сака да се видиме и да ми остави број, ми пиша само да не замарам. За среќа успеав пак да ја видам бидејќи на фб и седи кај учи и ја следев мислев да правиме муабет кога ќе и завршат часовите и бидејќи не знаев до колку е, на најлошото време седев надвор 2 часа и пцуев, за кога излезе накај автобуската да не ме ни поздрави, па тргнав по неа да правиме муабет но наместо тоа само ми преврте очи и ми кажа што сакам и кој ме испратил што толку ја замарам, и и кажав дека ја сакам и признав,кажав кај учам и кој сум, само ми се изнасмеа, ме нарече сељак, и кажа дека и е долност да излезе со турбофолкер што учи во Димитар влахов и рече дека ако продолжам да замарам ќе ме истепа, носеше некакви црни чизми, црна јакна кожна, слуша од оние метал и таква музика и во такво школо учи, и ме праша дали во влахов имало сељанки како што јас сум бил сељак и дали моите школски биле белимбеговски ороспии што се шминкаат и ставаат пудра и дали сум бил ментален и не знаев што да кажам ми го скрши срцето и не знам како да ја фатам инаку не се шминка и не е таква не знам што и е помош
Девојката не е заинтересирана немате очигледно исти мислења,сличен круг на луѓе и ред други работи,има девојчиња што не сакаат некој што немаат интереси како нив,ако ти се свиѓа толку потруди се но во никој случај немој да се мењаш за неа карактерно или физички остани со свој став ако не ја привлекуваш така остави и продужи не прај дебил од себе.Ќе запознаеш некоја што ќе те прифати и засака како што си размисли најдобро дали вреди да покушаш пак или да оставиш. Поздрав
И секако немој да бидеш толку нападен од кај ти дошла таа глупа идеа со следењето.Нормално е девојчето така да изреагира после тој потег
Па немаше како да се видам со неа другарка и раскина со другар ми а таа не искача кај што искачам јас
А зошто толку ја напнуваш? Па дури и кажал фраерот дека ја сака, немој молим те, еднаш во живот ја видел и ја сака. Штом сто пати ти одбила понуда за пријателство на фб нормално дека ќе изреагира бурно кога ќе види дека си и се појавил на школо, не знам само зошто си помислил дека тоа е добра идеја. Откажи се од неа, очигледно е дека нималку не ја интересираш, и штом немате ниту заеднички пријатели ниту пак никакви споделени интереси тогаш нема што и понатаму да и досадуваш.
Стварно дечко, метал слуша? И што? Еве и јас слушам метал, и што да правиме сега? Со што тоа имаш право да бидеш над неа? Глупости за 12 годишни деца, Боже ме сачувај, не е ни чудо што те откачила со вакво однесување.
Со вакво понашање не што нема да ја привлечеш неа туку нема ни некоја друга. Размислување и муабет дно дна убаво и ти кажала коа ти рекла да си фатиш некоја сељанка како тебе
Си имал неколку прилики да сфатиш дека нејќе ништо со тебе: -Кога не ти дала фејсбук. -Кога те одбила на фејсбук. -Кога буквално ти кажала да се откачиш. И покрај ова ти си мислел дека е добра идеја да ја следиш и да и пријдеш во живо. И пак те откачила. Не знам каков совет сакаш, девојчето не сака со тебе помири се. Многу нафурано делува со изразите што ги искористила ама и тебе постапкиве ти се ептен сељачки, среди се
Не го замарај девојчето, гледаш дека не те рецка. Со сила убавина не бидува. Поработи малку на однесувањето и начинот на размислување, стварно ти се се сељачки.
А малце ко да имам осеќај дека тролаш со ников и со белимбеговски ороспии, ама па што знам ја... Киднапирај ја, врзи ја и пушти ѝ ја „Лепа Снежа нагазила јежа“ дури не почне да ужива во песната. Друго нема, ако е вистина, била сосема јасна.
Многу си напорен олабави малце,за твоја жал ова не води никаде и заборави ја најди си друга но нареден пат немој да си вака нападен, женските сакаат кога им се обрнува внимание и кога ги молиш но ова твоето ги преминува границите, уште кога Те одбила да ти даде ФБ требало да сфатиш дека ништо не бидува, а ти упорно си и праќал пораки и она ти кажала да се откачиш а ти упорно ја малтретираше дури ја следиш и одиш на училиште, многу лошо многу манијачки од твоја страна, на запад за вакви следења на личност кривично се одговара. Ова ме потсеќа на една ситуација со еден тип исто ко тебе многу навалуваше на крајот ми стана одвратен.
Само до училиште ја следеше? Следи ја постојано. Бар нека поднеси во полиција забрана за пристап, па на чисто да бидеш. Штом си одел и да ја пратиш, да бев на нејзино место ќе те пријавев. Осет. Осет немаш.
Сериозно ова? Остави го девојчето на рајат, премногу очигледно е дека не е заинтересирана за тебе. Не ја замарај повеќе, си го добил одговорот што си го барал. Ме потсети на еден што трчаше по мене 2 години (not trying to sound important here, just telling the truth), не можеше да се откачи никако се додека не си фатив дечко, иако милион пати му кажав дека не сакам ништо со него. Интересите и се друго ни беа сосема спротивни, исто како и твоите со ова девојчево.
Ти дала до знаење дека не сака да има ништо со тебе. Те одбила на сите можни начини и што треба да направи уште за да разбереш? Па уште си ја следел? Знаеш тоа колку морничаво ми звучи? И јас да сум би го направила истото,би одбила. Денеска вакви работи се многу чести. Упорно да одбиваш некој а тој упорно да не сваќа... Не знам што е работа толку ли несакате да бидете одбиени? Ми одат на нерви вакви машки.
Тоа што не и се допаѓаш, не мора да значи дека те мрази. Не ги мешај овие два збора бидејќи имаат сосема различно значење. И не знам што се замараш толку со неа терај си со животот. Не знам само колку години имаш штом си дошол до ова дереџе. Ама повеќе од 17-18 години не верувам дека имаш, бидејќи да си малку свесен порано ќе се откажеше од неа и немаше да ја манијачиш насекаде каде што оди.
Пρво κолκу години имаш и ти и она? И κое дρуштво и за што и се смеело? Инаκу пρестани да ја κонтаκтиρаш сигуρно со дρугаρκа и збоρувале κолκу сте напоρни ти и твојот дρугаρ, веќе κога го спомнала.
Шта речи а незаплакати. Поглупа ситуација не сум видела ни чула. И јас сум имала 13 години па вакви смешки не сум правела. И крај краева што има врска музиката што ја слушате?