Како до желба за учење?

Дискусија во 'Образование' започната од dondor4e, 30 јули 2010.

  1. dondor4e

    dondor4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Помогнете ми како да почнам да учам со желба до сега поминував одлична но ја изгубив желбата и почнав да попуштам нагло со учењето:worried: :(
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Заврши годинава, ти текнува ? Можда затоа не можеш да учиш. :lol: А немој ни преку година, не е модерно. 8) Биди фаца и реди бандери.
     
  3. dondor4e

    dondor4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Godinava zavrsi ama do godina moram da ja vratam zelbata za ucenje ne sakam banderi zatoa sto potoa ne ke mozam vo zivotot da uspeam :)
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Eпа како што спомна сама, свесна си што ќе излезе ако не учиш. :) Доволно ти е за почеток, а апчиња за пробивање мрза не постојат.
     
  5. butterfly22

    butterfly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Немој да мислеш дека сите што учат имат желба за тоа... Кога ќе треба да учеш земи книгата и не станувај додека не научеш ( за да ти биде полесно научи се напамет од збор до збор :rofl: ).
     
  6. dondor4e

    dondor4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Problemot e sto toa vo opsto ne ja fakav knigata :\ strav me fakase imam mnogu za ucenje i na net sedev :o
     
  7. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Па направи си распоред и учи така....Мораш да учиш ако не сакаш да редиш бандери...Не седи на нет туку седи над книгата
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    8.603
    Прво мораш да се организираш, тоа подразбира навремено јадење, спиење, може звучи смешно ама без основниот ред не можеш да се сконцентрираш и квалитетно да научиш.

    Понатаму,мораш да бидеш свесна дека учиш за тебе, на тој начин се надоградуваш како личност, растеш и се развиваш. А,освен тоа на ниедно општество не му се потребни бескорисни,мрзливи и неуки луѓе.
    Откако ќе го сфатиш тоа дека само со труд и напорно учење(понатаму и работа) се успева се ќе биде полесно.

    Одвој си време за другарките, за омиленото хоби, дечкото,шетањето, но тие работи треба да бидат далеку зад учењето на твојата листа на приоритети. Научи се што ти е предвидено за дента и не заостанувај со материјалот. Ако заостанеш макар и неколку лекции понатаму тие многу потешко ќе ги совладаш, а и тешко дека ќе бидат квалитетно научени.(Никако не учи само пред тест!)

    Поздрав и се надевам годинава ќе успееш во својата цел :hai:
     
    На zorce89, glosipgirl и velusanka им се допаѓа ова.
  9. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    103
    Ubavo naspij se, odmori se, poslusaj si muzice ...odi v soba izgasni kompj. tv. i sl. aparati i neka sobata ti bide mirna i tivka. najprvo citaj ednas, dva pati tri pati...celo gradivo! Obidi se da najdes nesto interesno vo seto toa iako potsvesno znaes deka ne e taka ;) Sepak, moze da te zainteresira nekogas ucenjeto znae da bide vistinska zabava i koga ubavo ke go sovladas graduvoto NAGRADI SE- ukluci go komp. i dremi si na fb., na myspace, femina...ili sto i da e ! :) SREKNO !
     
    На velusanka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Совет од мене..
    Модемот turn off, Пц-то исто така turn off , тв- исто така Off, е да видиш како за 2 недели ќе поправиш се :)
    и додека учиш,учи го како приказна..Да ти остане во знаење а не за 2 дена да заборавиш се.
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.991
    Јас само ќе го цитирам Питагора : " Купувањето знаење е многу поопасно од купувањето храна.Со лоша храна може да се затруе еден член од фамилијата,а со лошо знаење цела генерација,па дури и цело општество."

    А ти размисли си кои се твои цели во животот и дали комјутерот утре здравје ќе ти донесе леб,кариера,просперитет...
     
    На glosipgirl, white.kitten, i.am.me и 2 други им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Работата во учењето е принцип на самоконтрола.
    Никој не може да те натера да учиш освен ти самата. Твоја работа е дали ќе седнеш еден саат со книгата , или еден саат пред PC. И нормално ти ќе си ги носиш последиците.

    Пробај како што те советуваа, со исклучување на модемот, на компјутерот, телевизорот и мобилниот. АКо немаш доволно самоконтрола, нема да седнеш да учиш без да го скренеш вниманието кон нешто друго.

    Или уште поедноставно....замисли што ќе ти се случи во иднина, без успех во образованието?
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.004
    НајТочно !
    Ама не се издржува.. Понекогаш компјутерот знае и да те релаксира од секојдневните грижи. :lol:
     
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    553
    Мислам дека желба за учење неможеш да имаш секогаш.Нормално дека сите што учат не учат се со желба и ќеф.Еве на пример јас одлична сум секоја година,и тоа не со поправање на крајот,полугодие,тромесечие..туку со редовно учење и со сите 5 во текот на годината.Нормално дека не учам се со желба-има предмети кои ги учам со желба и интерес(природните науки,јазиците),но има и такви предмети кои не можам да ги поднесам како историјата,граѓанско |( но сепак седнувам и знам дека ќе научам! А за желба, прво пред да седниш помисли сошто воопшто седнуваш да учиш!Ако седнуваш за оценка седи додека научиш,за да ја оствариш целта.Ако пак седнуваш само ради ред,колку да се речело дека учиш,и ако само погледнуваш во часовникот-подобро воопшто не седнувај да губиш време. ;)
     
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.818
    Ако имаш желба за учење -легни си и ќе ти помине :D се зезам
    Јас веќе завршив средно и на моите не им е јасно како од 1 одделение до 4 година
    со сите 5ки поминав а не ме видоа со книга во рацете :D
    Ама мирна си бев на час слушав внимателно
    и ги сваќав и ги запамтував работите уште на школо
    сега и дома си повторував не викам не
    ама тоа што го повторував веќе го знаев
    Најмала отценка е 3ка што ја добив на тест
    ама болна бев тогаш и наредниот час правев поправен на катедра :)
    Кога ќе ја земев книгата да учам само прелистував и моите ми викаа
    така 5ки не се добиваат треба да го загрееш столчето
    ама јас си добивав :)
    Ама пак сега моите финансиски слаби беа за да ме пуштат на факултетот што сакав
    и сега си паузирам :(
    си работам си оставам пари настрана
    размислувам за работа на брод 5-6 месеци
    како и да е идната година ќе се запишам и ќе бидам најдобрата студентка на која сите потајно ќе и завидуваат :D
    Само кога ќе помислам колку многу ќе завршат пред мене и ќе се вработат со пријатели а појма немаат
    тоа е животот...
    Вербата во успехот е половина успех
    Го можам јас тоа :)
     
    На Avokado, hallookitty, 2012 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.853
    Јас тврдам дека ова е работа на карактер. Да имаш волја и цврст карактер, ке се насочиш кон тоа што сакаш и ке успееш.
    Да се насочиш кон учењето, ке научиш и ке успееш, и нека не ми објаснува некој дека не бил надарен за учење. Точно е дека немаме сите ист просек на интелигенција, ама зошто ако е понизок - да не го развиваш?

    И не само компјутерот, туку се одзема внимание. Гледам по себе, кога се однесувам шарлатански, дури и да садам цвеќиња го гледам како позадолжителна дејност од учењето.
    А релаксирањето од секојдневните грижи, најмалку се прави пред компјутер. Излези прошетај. Или вежбај. Се ослободува енергија, се раздвижува секоја клетка. Оттука и повеќе кислород и активирање на мозокот. ^_^
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.023
    Абе гледај го тоа како страв дека ќе ја изгубиш волјата за учење скроз, и дека ќе ти потоне сиот труд вложен досега што си била одлична, ја така го глеам. И дека нема да можам да си се запишам на посакуваниот смер на факултет, е ја баш вака го глеам, седнувам научувам.
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.606
    Мотивирај се самата себе си, значи ако научам ќе одам до другарка ми на кафе, на прошетка со дечко ми, ќе седам на нет. Желбата за учење мора да постои, на денешно време каде што веќе секој е со диплома во рака, замисли да останеш само со средно. Организирај го денот, два часа ќе учам, два часа ќе седам на нет, еден ќе прошетам, еден ќе гледам филм и кога ќе видиш дека се е под конец и дека за се има време-доколку се сака.
     
  19. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    6.805
  20. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    126
    Кога ќе гледаш на тоа од аспект дека кога-тогаш ќе мора да го направиш, може и ќе ти биде полесно. Вака ако не научиш сега ќе мораш утре, задутре, наредната недела (ако паднеш - година)... И плус што ќе бидеш нерасположена од самата помисла дека имаш за учење. Ти треба само одлучност дека сакаш да го направиш тоа со цел да добиеш позитивен резултат и тоа е тоа, се исклучуваш од средината и се фокусираш само на едно нешто - книгата. Нормално, некогаш е потешко, посебно на вакво време - затвори ролетните и загреј го столчето. :) И замисли потоа колку убаво ќе се чувстуваш, задоволна од самата себеси, па ќе имаш време и за се друго... :wasntme:

    А дека компјутерот е виновен за деконцентрацијата - не е точно, ако не сме решени да направиме нешто секако дека ќе си најдеме нешто поинтересно кое ќе го привлече нашето внимание. Така да, се е до мозочето и тоа како ние ќе го програмираме! :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.