Немора да имаш желба само да немаш мрза..И јас немам кузнае колкава желба да учам али учам пошо знам дека морам и дека без школо си никој и ништо
http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%82%D0%B0 http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 0%BE%D1%82
1. Треба да се има општо знаење. БАРЕМ минимално познавање од секоја тема. Не друго, кога ќе седнеш во некое друштво да можеш да се вклопиш во муабет, а не само да ги гледаш и да молчиш. 2. Кога некој можел да научи зошто да не можам јас? 3. Се знае дека со учење се надградуваш и си се подобра и подобра личност. Значи не е потребно само да седнеш над книга и да бубаш. Учи и како да се однесуваш, како да живееш. 4. Можен начин да се заинтересираш за нешто - енциклопедии
Тука се работи за цврст карактер-да си речиш ќе учам и ќе научам! И ќе успееш така инаку вака немам желба немам нешто што ме мотивира, па има ли некој?! Ве молам искрено некој нека ми одговори дали има желба за учење? Мислам дека скоро сите ќе одговорат НЕ! Но мораш не е тоа сакам не сакам и јас не сакам ама пак седнувам и за тоа време додека учам ни ТВ,ни компјутер ни излегување ни ништо не ми се вртка освен фактот дека треба да научам! Знам дека звучеше малку нападно ама толку многу ме нервираат вакви глупости што косата ми се крева!
Искрени да бидеме, желба за учење ретко кој има.Јас си се тешам со тоа дека без образование нема никаде да стасам и нема да бидам ништо освен обичен работник кој од први до први работи за мизерна плата од 7 000 денари.
Јас никогаш сум немала проблеми со учењето. Имам одлична концентрација и за тоа време додека учам не ме интересира ништо друго, само тоа да научам и така со упорност си стигнувам до целта. Кога знам дека нешто мора да се прави, не ми е тешко. Најпрвин се обидувам да се заинтересирам за тоа што го учам, си го поврзувам со нешто што знам од предходно, општи познавања и слично. Така си го правам учењето интересно (колку што може ) Многу зависи и од материјалот што го учам, неможе за се да имам подеднаква желба и заинтересираност.
Оценки Средно сум и учам гимназија,премногу попуштив со школото, скоро сите ми беа 5ки сега останав само на две. морам да поправам ми останаа уште не полни 30 дена. А немам никаков мотив за учење ме мрзи многууууууу
Еве јас ќе ти кажам како учам со желба па ако сакаш искористи ја и ти.....замисли си некоја цел (на пример што сакаш да бидеш,што сакаш да постигнеш и сл.) биди сигурна дека тоа ти можеш да го направиш и мораш за тоа да учиш.....а за учење..никогаш не учи се наеднаш оти така се попушта подели си го прво материјалот на пример за оваа недела да научиш по тој предмет и го делиш учебникот до кај што треба да учиш на пример по 5 страни денот и сл. и вервај ме ќе забечежиш дела постигниш подобри резултати
Утре полагам Желба за учење 0% ауч тешко ми е, не ми се крева газот од столов, ме мрзи и точка. А професорката беше тооооолку срцка и ни даде 40 страни за учење Е ај бе набркајте ме одтука... поинтересно ми е сега и во ѕидот да се буљам отколку во книгата
Секогаш ме мотивира крајната цел колку и да не ми се учи.Имам направено филм во глава што ќе следи потоа и нема гајле,освен ако не минувам низ некој период во кој мислите ми се обземени си други работи кои може да ми бидат и поважни и за кои нема да има наредна сесија и шанса.Е тогаш,ништо живо не може да ме мотивира.
Како да се мотивирам да седнам да учам? Едноставно кога земам книга во раце ми бега мозокот мислам на се друго освен на она што го учам. 1 година средно сум и инаку досега бев скроз одлична ученичка и не ми претставуваше учењето толку мака. Сега ако седнам да прочитам нешто друго напишано во ист стил како и учебниците ќе го запомнам без проблем, ама кога работам нешто за школо одман ми ствара одбивност... Ве молам за помош!
Прочитај ги страниците наназад и ќе го најдеш одговорот. Нема никој да ти помогне ако не сакаш сама да се потрудиш. Единствено треба мрзата да ја отфрлиш, желба не мора ни да имаш, само ти треба концентрација и желба за да бидеш успешна во иднина, ако го имаш ова и желба за учење да немаш, ќе си седнеш да учиш од што мораш.
Moжеби ти е од преоптеретеност од претходно. Знам по себе, ќе си поставам некој ултиматум да ги пријавам сите испити за во една сесија и откако половината ќе ја завршам добра недела дена кризирам, мислам ништо не ми влегува во глава Ако слично нешто ти се случува, јас вака правам. Не си поставувам ептен високи цели туку нормални затоа што и така утепано се осеќам, поарно нешто да научам отколку да буљам у книга и да се туфкам цел ден (од искуство знам и избегнувам). Штом не си имала проблеми досега, периодот ти е таков а и убаво ти рече Wild крај на година е и стварно веќе нема на кого му се нема смачено, сите едвај чекаме распуст. Ако ти е сличен на мојов проблем, од искуство ти кажувам, што и да правиш не се откажувај упорно читај. И јас така правам и иако пред тестот да ми го дадат се осеќам како се да сум заборавила, еднаш тестот в раце и ми се враќаат баш оние моменти кои сум мислела дека не ги знам баш зашто сум ги повторувала. Помисли само на тоа колку ќе се опуштиш коа ќе дое распустот, на тоа колку е зад тебе, а уште колку малку остана и ќе видиш резултати. Сеа, не очекувај волшебно стапче да ти помогне се да научиш во еден ден, биди трпелива и пофали ни се како помина
Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ? Одсекогаш сум учела.... и сеуште учам и сите ми се петки ... и никогаш не ме мрзело да учам.... а сега ме мрзи да учам ...што да направам и како да го направам тоа...едноставно сакам да учам на последниов тест по македонски добив 4 а секогаш добивав по секој предмет 5... дури и наставникот ми се чудеше како? зошто?
Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ? Нормално е да имаш некој период кога батериите ти се испразнети. Штом имаш желба за учење не е страшно ... Таков ти е периодот, само пази да не ти стане во навика.... А и не е лоша оцена 4 ка...
Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ? Да но многу ми беше жал...сега сум 8 одд.... цели 8 год...ниту една 4 ...а сега оваа прва
Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ? Епа затоа сега тоа си го сфатила толку трагично. Ама верувај не е толку страшно како што мислиш сега, а и стравот ќе ти биде плус мотивација за да седнеш и да ја поправиш таа 4 ка.... Понекогаш во животот треба да се навикнеме и на неуспесите, зошто знае да биде суров.....