1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до желба за учење?

Дискусија во 'Образование' започната од dondor4e, 30 јули 2010.

  1. t.a.s.s.y

    t.a.s.s.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ?

    Мислам дека е сосема во право...4 и не е некоја лоша оценка :) не се секирај штом ти е прва...нема никој да добие лошо мислење за тебе...само продолжи понатаму... не застанувај заради една 4 :) УЖИВАЈ
     
    На Miracle16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ?

    Ти се чудам на темиве, посебно ако си одлична и интелигентна ученичка. :x

    Па навикни се на четворки, одиш во средна школа. Таму не се толку благи како во основно. А и крај на година е бе девојко, 4 јуни, како очекуваш да имаш желба за учење ?? :o
     
  3. Miracle16

    Miracle16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Јас секогаш имам желба за учење..... што дури само по 20-25 мин сум на компјутер....1-2 часа сум по надвор инаку цело време сум со книга од цели 24 часа :)
    Моите школски другари и другарки во просек имаат 2 ...и сега наместо да ги поправаат..тие целоо време викаат дека им се смачило.... од учење секако :)
     
    На t.a.s.s.y му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ?

    Леле аман бе, не се нервирај за џабе. Секој има падови,но важно е да се поправиш. можеби околината влијаела на тебе, не си била доволна сконцентрирана, доволна наспана од се може да е. А и впрочем 4 како да е лоша оценка јас и 4 и тројки и двојки имам добивано и еве ме на крајот најдобра во одделението со пофалби од сите наставници. ;) Опушти се малку и јас така само се јадосував дури сестра ми ми кажа дека во сон сум викала: Математика! Математика! ,а утредента сум имала тест значи стварно без под стрес и еве викендов ми дојде прекрасно се опуштив се одмарам на лап топов се ми е перфект! Ќе си ги „наполнам батерииве“ и иде понеделник па од почеток нервози ама сега научив да не се грижам толку како животов да ми зависи од една оценка. |(
     
  5. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    лееелее..абе не се жалете на неколку теми испитување ве молам!
    Ако се жалите сега тогаш што ќе правите кога ке дојдете на факултет?
    На мојот факултет на пример нема колоквиуми. Се треба наеднаш да полагаме, цел испит, а тоа е просечно големо колку нешто што се учи цела година во средно(значи мене тоа ми е само за 1 испит).
    Чудно ама во средно не сум праела проблеми за 5-6 лекции, па дури и една тема цела.Што е тоа, ништо. Нека ви кажат студентиве и студенткиве колку им е лесно! Они ако плачат тука по форумов за учење ехееее :D
    Затоа само еден совет имам до вас:
    Од лошо има и полошо! Седнете учете од сега, дури имате за учење по неколку лекции и туркајте се себеси, створете некоја навика..оти кога ќе дојдете на факултет, ќе викате како мене(а верувам и како многу други студенти :lol: ) Ех, златна Средна Школа..ништо подобро нема, Не си научил сега - наредниот пат ќе одговараш, никој ништо не ти вика, никој пари не ти бара. Е па душо на факултет ако не научиш сега, нема после "Може да одговарам?".. Ќе си платиш и ќе си чекаш казнена сесија :lol: :lol:
    Ве молам учете дури имате шанса да поминете со помалку :rofl: :rofl:
    Како не си бев средно сеа... :(
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ?

    Арно рано ти текнало да се поправаш. :rofl: :rofl:
    За 3 дена се распуштаме и тек сеа ќе почнеш да учиш. :rofl: :rofl:
    Епа браво за тебе :clap: :rofl:
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Зошто ме мрзи да учам ..како да се поправам ?

    Лелеее, биди среќна што ти е четворка, оти на крајот, како што те мрзи и кец си можела да го извадиш. ;) Не, стварно, добро е 4.. не е лошо, па, не е крај на свет. Ако ти е мака што ти е прва четворка требало да си се спремиш дома, да мислиш пред тестот, а не после... :)
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    хахахах нема рецепт за тоа .......кај мене понекогаш се појавува на месец дена пред испит :rofl: :rofl:
     
  9. Miracle16

    Miracle16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Абе ..ми беше малку мака бидејки ми беше прва четворка... но веке го поминав тоа :) И се радувам на тоа :)
     
  10. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Учиш постојано??? А социјален живот нешто ау??? Ц ц ц, и јас бев 5,00, ама сум добивала и 1 па се клештев смеејки, 4ки не ми беа проблем, па после цак цак се се средуваше, ама никогаш не сум учела континуирано а камоли НОН СТОП, еден саат со другаркии 20 мин на компјутер? Нема шанси... Дај малку олабави, во животот има мн побитни ствари од учењето. Не велам дека тоа е небитно, ама па само тоа да ти е во животот.... Незз јас на факултет дојдов и пак учам 3-4 дена пред колоквиум, а желба за учење??? Потсјетиме што то бјеше... Се е поинтересно од учење и топ шоп рекламите :D
     
  11. behappy

    behappy Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Јас си редам само 4 и 5 и задоволна сум си.. :lol:
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Хм.. некако познато ми е ова. :D
    Нормално е тоа во некои периоди да те фати невидена мрза за учење, буквално книга да не ти се фаќа ама па тоа да трае цело време,тоа е лошо. Мислам не дека јас цело време бликам од желба за учење, мене никогаш не ми се учи ама има периоди кога заради некои причини не ми е паметот тука и сум едноставно безволна за што и да е. Во таквите периоди најдобро е на пример да позборуваш со некој ако имаш некакви проблеми, или ти убаво да си размислиш за нив и да одлучиш што ќе правиш и после откако ќе си решиш се да фатиш да научиш се убаво по ред. Исто мотивација можат да ви бидат и родителите, со принципот на награди. Знам дека е грдо вака, зашто после цело време ќе очекувате награди од вашите за што и да е, ама сепак.. Или можете сами себе да си се наградите. Еве ви еден пример:
    Прв училишен ден, сте земале три лекции. Е сега место за џабе да си го трошите времето на гледање телевизија и бесцелно седење на компјутер, откако ќе се вратите од школо ручајте, одморете се половина час и ете од 2 ипол, три часот учете ги тие лекции до 5, 5 ипол зависи колку време ви треба да научите една лекција, еве на пример мене повеќе време ми треба. И после 5 ипол, ако е убаво времето вие можете да се наградите на тој начин што ќе излезете со некоја другарка во град, ќе се почастите со нешто, можете да отидете на кафе, да гледате телевизија.. Значи, што побрзо ќе ги завршите обврските - толку подобро. Ем се ќе имате научено, ем ќе бидете изнашетани, одморени и се ќе ви биде на место. Ама затоа треба секој ден редовно да ги учите лекциите а не после ќе ви се насоберат 15 лекции и нормално дека нема да имате желба за учење, ќе ве фати паника и ништо нема да направите.
    Туку тука ви изнаделив совети а мене никако да ми текне да ги применам. :wasntme: :lol:
     
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Желба за учење може да се добие кога ќе видиш дека ептен заостануваш зад другите во класот и многу нормално дека никој не сака да е последен или во последните. Заборави фб, телевизор, излегувања , и лепо фино ќе седниш да си научиш. Вети си едно од овие
    [​IMG]
    ако наредните 5 тестови ти се оценки кои ги смениле на подобро оние од дневникот.
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Доаѓа колоквиумска недела, а јас абер немам од учење. Ги гледам книгите, ме гледаат и тие. Во тек сум со настава, но треба убаво квалитетно седнување и у ч е њ е. Е што ќе ме натера?
    Прво, не сакам неуспех, не сакам лоши оценки, не сакам повторно учење на веќе поминат материјал.
    Второ, сите учат, доста е лежење; се запишав на факс за да го завршам на време и за да ми е полесно мене.
    Дополнителни мотивации ми се желбата за знаење. Плус на регалот лепам мотивациони мисли и позитивно се одразуваат :)
     
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ако учам ќе бидам образована,можеби еден ден ќе бидам деловна жена.Учењето ми треба за понатамошниот живот,несакам да бидам чистач сакам да си имам своја канцеларија!Сакам тато да се гордее со мене !
    Ова мене ме тера да учам :)
     
  16. behappy

    behappy Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Јас мислам дека тоа е доволенн потик за да продолжиш понатаму.. не мисли на тоа дали имаш желба за учење ... не е се во желбите... само продолжи понатаму ... ќе успееш.. треба да веруваш :D :)
     
  17. Sandret0o0o0o

    Sandret0o0o0o Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Ја мислам дека не ви е потребна желба за учење.Треба да бидиме свесни дека за да опстаниме во животот треба да бидеме некој и нешто,за да опстаниме во животот,за да имаме потомство на кое што ќе му овозможиме добар живот треба да имаме добра заработувачка,а за тоа главен фактор е образованието.Денес со средно образование си никој и ништо.Затоа не ви треба никаква желба.Размислете на иднината кој ве чека,размислете дека вашите родители нема да бидат вечни за да ве финансираат и издржуваат,размислувајте за тоа кога вие ќе бидете родители и ќе треба вие да ги одгледувате вашите деца..Учете! Знаењето е сила,знаењето е моќ :D
     
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    ^^ Би додала на твојата последна реченица...
    Учете деца ден и ноќ :lol:
     
  19. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Сестра ми и си магистрира и се. Мене уште што ме чека ми се плаче коа кје ми текне уште колку имам за учење.Некогаш имам многу ама ептен многу желба за учење некогаш несакам да ги погледнам книгиве.Не учам редовно но сепак одличен ученик сум.Хаха кога ќе ми текне ко мала одкоа кје си научев си го ставав отворен учебникот под перница демек се ќе ми влезе у глава мајка ми така ми велеше! ◕‿◕
     
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Што знам, јас оддсекогаш ја имав онака од себе, за да им докажам на моите родители дека сум вредно дете и да се гордеат со мене.
    А кога отидов на факс, секоја 10ка ми беше уште поголем поттик за да учам... ми отвараше апетит за учење.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.