Па не треба да имаш некаква посебна желба за учење, само спомни си во себе дека треба да учиш и да се образоваш затоа што не е убаво да бидеш неписмен. Сепак, колу повеќе учиш и колку ти е високо образованието толку полесно можеш да си најдеш работа и да имаш поубав и полесен живот.
Кога немаш желба за учење Секогаш кога имам обврска да учам, го правам тоа и одлично ми оди, одлична сум, ама.. имаме училишен натпревар по социологија на ниво на училиште, за подоцна најдобриот да оди на државен. Го имам материјалот, 200 страни негде, се општи теми, ама јас едвај една научив, а имам време уште 15 дена , имам желба да успеам колку толку, се трудам, ама немам некако сила и покрај огромниот мотив. Значи она што е задолжително го учам а ова, не улаза у грава. Што да правам ?
Кога немаш желба за учење Сега и јас го имам истиот проблем со биологија, сакам да научам ама не влага у глава . Не знам пробај одмори се, сконцентрирај се, речи си Sashie мораш да го направиш ова важно е. И почни да учиш. Колку и да ти изгледа дека нема да можеш откако мозокот ќе се истренира не може да сопре
Кога немаш желба за учење Јас имам многу малку за учење (по биологија - за на натпревар) ама не ми се учи.
Кога немаш желба за учење Лелеее истото ме мачи и мене моментално Спремам испит од којшто пола ми е научен и имам желба да учам, ама ко за беља само блеам во книгана и не можам ни да го повторам наученото а не па да фатам да учам нешто друго и секогаш кога ми е вака, ми доаѓа сила за учење ден пред испит Мора да се сконцентрирам, пиев кафе, сега еден туш па се надевам ќе ми се уклучи мозоков
Јас мислам дека непостои желба за учење. Треба сам да си свесен дека треба да научиш и да бидеш одговорен, но тоа кај мене не пали незнам за тебе xD
во последно ми се јави некоја желба за учење па затоа и оценките ми се супер за разлика од основно кога и 2 да добиев ми беше гајле сега нее така баш си се гордеам со тоа
КАКООО...??????? Значи вака јас се сега завршив прва одина на факултет но ми останаа доста испити коишто треба да ги полагам ииии многу ми е тешко....најтешко ми паѓа кога ќе паднам некој испит се разочарувам самата во себе ааа мислам дека вооедно ги разочарувам и моите родители аааа тоа најмалку го посакувам но понекогаш неможам да најдам мир да седнам и скопојно да учам или некој вика или се кара или ке ме заповедаат нешто се нешо испаѓа незнам повеќе што да правам кажете ми има ли некој лек за оваа работа некој совет кој би ми помогнал побрзо да ги сваќам лекциитее зошто веќе почнувам да се чуствувам немоќно иии се плашам
Најдобар лек да ги сфаќаш лекциите е всушност да одиш редовно на факултет и да ги слушаш предавањата. Кога ќе учиш, немој да читаш колку да се каже дека ете си прочитала, туку испразни си го мозокот од секакви мисли и сконцентрирај се на тоа што го читаш. Повтори си го гласно ако толку не сфаќаш, анализирај го секој збор посебно и што е најважно пробај со некаква асоцијација да го запамтиш тоа што треба да го научиш. Поврзи си го со нешто друго на што те потсетува или веќе го знаеш. Сепак, тоа е факултет, не знам јас на каков факултет си запишана и не е како до средно. Треба убаво да се загрее столчето за да си положиш. Она со разочарувањето можеш да го спречиш ако малку повеќе се потрудиш. Ништо корисно нема да добиеш без труд, верувај ми, (освен ако немаш врски и не си полна пари.) затоа престани да размислуваш негативно и почни навремено да учиш. Во врска со викањето, секаде постојат проблеми, но можеш отворено да разговараш и да им кажеш како се чувсвуваш и дека тоа што го прават те спречува да учиш и да ги положиш испитите... Мислам дека би требало да имаат разбирање доколку седнете да разговарате како цивилизирани луѓе. И немој толку лесно да се разочаруваш. Неколку неположени испити не се голем неуспех. Којзнае што друго следува во животот.. Ќе поминеш низ повеќе подеми и падови и ако многу лесно се радуваш на некој успех и брзо се разочаруваш на неуспех нема да постигнеш ама баш ништо.
Неможам ич да учам.А веке не сум мала,треба сериозно да ги сватам работите.Опседната сум со него,со тоа што се случи,со мноогу др работи и постојано мислам на тоа,постојано читам списанија,читам на форуми,барам дечко...Глупости знам.Како да учам? Како до желба за учење? Мислите се на др место ми одат.
Ах ги сакам тие времиња кога учев, ми недостасуваат. Исполнет ден, испланиран. Сега кога немаш што да учиш, седиш дома и без работа е многу потешко. Како до желба за учење? Па мислам дека тоа доаѓа од тебе, или сакаш да учиш или сакаш да водиш љубов, што би рекле старите. Или така фино лепо се затвораш у соба, од сабајле од 9-10, кафенце и кренуваме. Со паузи привремени за некое чоколатце, блачко нешто, до ВЦ и опет над книга. Абе дечки, лесно е да се учи само волја треба да имаш, инаку џабе е се'. Не е секој талент да учи, некој го бива за други работи како на пример кај комшиката на или си до даске ,или те занима , можда и и тако даље....
Јас кога имам многу за учење и кога ќе размислам се што треба да научам губам желба,ама си пуштам музика што ме расположува си земам благо и сок одморам едно 15мин ќе искочам до надвор ке си ја исчистам главата и после ќе седнам ќе научам 1предмет па ќе одморам пак ќе прочитам некој виц малку кулирам па друг предмет и така успевам
Леле многу се нервирам секоја година иста приказна .... на почетокот на годината абе ич ич не ми се учи и кога ги наредам по некоја четворка ,тројка еее мене тогаш ми текне дека треба да учам повеке и да си ги поправаммм и кога си дојдам дома се си викам дека ке си направам план, ке научам па после ке седам на ком. ретко тоа да го направам аман више немам и немам желба за учење .. стресот ми е најголем непријател кога ке погледнам колку многу имам за учење губам желба и толку што научам ,научам
Никако оваа година. Досега и со мерак учев, сите ми беа петки, се' најдоба бев. Сега влегов во гимназија и мислиш сета енергија ми се исцрпи. Ништо не ми се прави, за учење да не зборувам. Имам четворки, по некоја тројка, па дури една двојка. Најлошо од се' е што знам дека можам, ако сакам. Единствената инспирација што ја имам моментално е кога ќе си помислам на иднината... факултети, ова-она... ваљда нема во конфекција да работам (со изинение до оние кои работат). И да, класната дополнително ме мотивира денес, ме спореди со брат ми. Од мене повеќе очекувала, со оглед на тоа дека брат ми е генијалец. Ќе види сега таа, нема столчето да се загрее, ќе се запали. Ај да не должам многу, имам за учење.
Ретко кога тоа е можно,бар кај мене..ама кога ќе стиснам заби,си седнувам и си научувам. Обично си поставувам некоја цел. Пр. Ако научам ќе јадам чоколадо (Да,многу сум стрвна,знам ) Или ако научам,ќе прошетам и сл. И секогаш ми успева Али на крај краева,па не мора да учиш,снајди си се
Најлесно можете да добиете желба за учење ако му завидувате на некој наставник.. ако сакате да станете како него.. гледајќи го, во иднина и вие самите сакате да бидете како него, но тој тоа не го постигнал без учење.. друг пр. размислете малку за својата иднина.. ако не бидете образувани не ќе можете да постигнете успех ниту пак да се вработите. Важно е да учите за да во идина да можте се вработите и да заработувате доволно за живот и за своите потреби
Воопшто неможам да седнам и да учам. ке напишам домашно и толку. А за учење така да се спремам убаво не можам. Така во школо запамтувам многу и затоа немам некои голњми проблеми кога е усно.ама дојде ли писмено... учам малку ама како воопшто да не сум учела.....