Сигурно многу не учат со желба и што сакаат туку за подобра оценка,за себеси.И мене не ми се учи ама морам да мислам на својата иднина. Еве некои совети кои мислам дека ке ви помогнат. -не учете касно навечер. -кога ке научите и ке добиете добра оцена наградете се со нешто (јас така правам). -секогаш учете со исклучен компјутер,телефон и телевизор,тоа може само да ви го привлекува вниманието. И најважно нешто е да си поставите цел.
Јас не дека имам многу голема желба за учење но сепак учам и сум одлична, сепак на крајот на краиштата каде ќе најдеме работа со голема плата ако немаме факултет?
Јас никогаш сум немала желба да учам! Ама сум се мотивирала навример вака: -Ако денес пример научам се до 4 ќе одам со другарки на кафе и ќе имам повеќе време за компјутер!
Леле ужаси прави.Почетокот на школска година почнав да учам,па ме фати една мрза..абе книга не фаќав по дома,цело време компјутер-телефон-телевизија..Едноставно немав никаква желба за учење професорката ми вика следен час ќе те испраша,а јас пак книга не фаќам незнам што ми стана ај дое распуст и си ветив дкеа ќе учам повеќе,ама еве денес 2 ден у школо пак без мотивација ми иде да се треснам од ѕид. >.<
Годинава не знам што ми стана, ама многу ми се учи! Некако сфатив дека за мое добро е и си зацртав цел која сакам да ја постигнам Можам да кажам дека и самата подобро се чувствувам кога ќе се потрудам повеќе за нешто. Така да феминки, поставете си цел и загрејте го столчето за да ја остварите!
Јас само како демотиватор можам да се видам себеси! Желба никаква, 4 испити имам наредната недела, јас книга не фаќам, незнам што чекам искрено. Собрав некое 10 че минатата недела, наместо мотивација да ми е тоа, јас уште толку се опуштив ц ц ц... Нема спас за мене! Се друго ме занима само книгите не. Порано ме мотивираше, сумирање на оцени од индекс и пресметување просек, па калкулации ако по тоа добијам тоа, просекот ќе ми се покачи, па морам да учам, брзо! Сега ни тоа не помага...
УЧИЛИШТЕ,УЧЕЊЕ незнам што се случува со мене..Јас едноставно изгубив воља за учење.Пред некое време бев најдобрата ученичка,сите ме фалеа..А сега еден куп 4,а и некогаш по некоја 3.Јас пред тест ке научам се,ама кога ке го решавам ТАпа,и после вадам 2,3.Мислам на други работи,на него,одвај чекам да научам и да седнам на фб.Офф како да го надминам ова.Постојано сум под некои казни,поради оценки,неоправдани.Мама и тато секогаш ми викаат, ако учиш се ке ти купиме,секаде ќе одиш.Јас го посакувам тоа но неможам да го остварам.Како бе да го надминам ова?
Eve jas или имам кеф за учење или книга нејќам да видам. Да, на сабајле станвам рано едно нескафе и учам, ама за викенд незнајте колку имам мрза. Некогаш имам на воздух излезено или до кај другарка па си викам ајде после, ама пак џабее Ајде некоја мотивација
Секој човек е надарен за нешто, не може се' да му оди од рака и да го интересира. Јас мислам дека околу 75 % од средношколците и студентите учат колку да завршат факултет, а не да стекнат знаење, кое понатаму би го примениле. ТОА НЕ Е ВО РЕД! И кој може и кој не може се запишува на факултет без желба за улење..Но зошто?! Ако сакаш да бидеш некој и нешто во животот, треба да си поставиш цел и да имаш желба за учење. Без учење нема ништо! Секако, треба од општа култура да си знаеш основни работи, но за да влезеш подлабоко во теоријата на нештото треба да се потрудиш. И секој може а научи за една 2ка, ако не и за повеќе.
Знаете како ќе седнете да учите?Замислете си дека ќе бидете чистачка во училиште,или ќе работите на каса во некое пропаднато дуќанче,ако не учите.Мислам дека е доволно.Искрено,ни јас немам желба за многу учење,но,од многу области сакам да дознавам нови работи.Знаењето е нешто најубаво луѓе..Никој нема да сака неписмени луѓе на работа.Јас си зацртав една многу битна цел,за на факултет,и затоа сега од средно ќе почнам уште повеќе да учам,иако до сега бев одлична ! Што ќе ви се случи ако изгубите едно излегување со друштвото,и наместо тоа да си ја научите новата лекција биологија?Ќе пропуштите многу?НЕ. Кој си учи во септември и октомври,во мај и јуни ќе си ужива ,па сеа вие видете . -направив грешка со некои предмети во основно,не ги сакав,и ги учев само за оценка,и од тие 2-3 предмети сега ништо не памтам,и се каам. П.С-среќно од сптември
ЗА МРЗЛИВЦИ Нема рецепт за желба за учење. Едниствено нешто што може да се направи е од сите предмети кои ти се дадени во текот на годината, да одбереш еден кој најмногу те интересира (или пак бе те интересирал) и само започни да го читаш учебникот, најважно е да не се тераш "е денес морам јас да учам" ако знаеш дека книга нема да фатиш. Кажувај си дека сакаш да знаеш нешто повеќе во врска со тој предмет и почни со читање на книгата. Јас верувам во тоа дека кога ќе се почне со читање, полесно е да се натераш да го научиш тоа што си го прочитал. Затоа фразата "морам да научам" замени ја со "морам да прочитам". А потоа за кратко време кога ќе ги погледнеш другите учебници ќе си помислиш “кога е толку лесно да се научи оваа лекција (по македоски јазик), зошто да не се потрудам да ја научам таа по хемија“.
Он ми е единствена мотивација.Толку учел,секогаш се трудел и еве сега му е последна година.Сакам и јас да учам,да постигнам нешто,да станам некој и нешто.Сега ке бидам средно,а и ако сакам да бидам со него по цел ден (еднаш во неделата,сабота или недела) морам да учам.Ако не,треба да заборавам и на мојот сон во иднина и на него.
Луѓе, во денешно време навистина треба учење. Не подучување, УЧЕЊЕ. А, за желба за учење, едноставно. Замислете си како ќе бидете опуштени на крај на година, знаејќи дека оцените ќе ви бидат одлични. Непроценливо е чувството, кога знаеш дека оцените ќе ти бидат одлични и не си ја тупиш главата. Замислете си дека ќе имате отворени многу врати и светла иднина (зборам за во странство) И дефенитивно, луѓето со факултети се почитувани. Од септември со нови сили!
Decki, dokolku ima nekoj od Elektro, dali kje moze da mi kazi kolku vreme denot posvetuva na ucenje za Septemvriskata sesija, bidejkji jas nemam voopsto volja da pocnam..
Jас искрено немам некоја желба за учење (по далеку од мене да е ) амаа си учам иако сите мислат дека од книга не станвам,а учам 1 -2 саати дневно А ,ако сакаш да имаш желаба за учење мисли си дека ако учиш ке ги имаш сите 5 или 10(и понекое 4,3 или8,7) ,ама нема да имаш бадери од една до последнаа и со повисоки отценки ќе можиш полесно да си се запишиш негде дали средно или факултет твоја работа е то
Јас да си кажам дека во основно не се појавував во школо ако не научев, значи плачење дома еден збор или една дефиниција ако не знам, ровење отсабајле, за домашните да не зборуваме, беше катастрифа јас да не однесам домашна или пак да задоцнам, ако се случеше да задоцнам мајка ми ме водеше во школо а јас цела таква поцрвенета. Не учев голем дел од денот зашто брзо помнам ама се беше средено и одговорно завршено и тек тогаш одев да спијам ако не нема спиење по цел ноќ седев и сабајле спремна за на школо. Арно ама средно почна и јас по цел ден или на фејсбук или во кревет лежам и не можам да учам, фатам ли книга- паѓам во сон, кома. За моите родители беше страшно, јас која живот давав за школото стартував со четири двојки. Поминав одлична, ми се олади главата, но беше касно, се петки ни на сон не можев да имам. Годинава за мене беше една од најтешките, најмногу ме дрмаше пубертет, нова средина, секој ден плачење, психички бев истоштена од тие озборувања и глупости, секој ден пиев таблети и ској месец барм по 5-6 дена имаше период кога не можев да одам во школо, ме разболуваа децата, кај мене во школо е страшно, но се беше непознато и ново а јас каратерот си го сменив целосно, не остана ништо од старата ЈАС. Никогаш нема да го прежалам загубеното време и знаење во оваа година, никогаш нема да си го простам и целосно да го надминам...Бев многу разочарана од себе си и не искористив ниту најмал процент од својот потенцијал. Сега нема да бидам лишена ниту од излегувања, ниту од ништо а сепак сите ке бидат задоволни. Имам најдобри родители, никогаш не ми се развикаа, не ме казнија, не ми забранија да излезам а јас како им вратив, срам да ми е. Но ќе надокнадам за се. Сега си велам тргнувам со ладна глава, веќе купив тетратки, потпишав, средив соба, книги, исчистив, наредив алишта и психички се припремам за втори септември, сега сум јас од 8 одделение, која има надеж и желба и ке им го покажам на сите моето право лице, конечно, после една година ке видат нова личност -за нив, а моите ке ја видат старата, добра јас, на која се горди! Нема никому да кажувам, ке седнам, ке учам, ке се организирам добро и кога ке дојде време за родителски иако е втората година најтешка, мама и тато ке видат убава монотонија со сите 5! Ветувам пред себе и пред вас драги феминки, мора да успеам
Како да се мотивираме да учиме? Вака значи.. Јас навистина се чувствувам паметна личност мислам дека сум способна да учам но од петто до осмо ич не не тераа ЗНАЧИ по ништо и имам изгубено многу материјал што сега во средно прва година ми е многу потешко и почнав да вадам кецови двојки а до осмо бев одлична.. Татко ми е најпротив слаби оценки и се ми купува и ми овозможува така што да ме мотивира да учам јас пробувам се трудам но не ме биваат физика математика хемија тоа воопшто значи и до осмо дека наставниците не ни предаваа добро.. Од друга страна пак дека живеам подалеку од градот немам многу можности да испаѓам и ремето го губам дома и по цел ден досадно ми е па и книга да си тутнам покрај себе... ужас...А од трета страна пак коа и да седнам викам ај да прочитам некоја книга оти вчера прв пат у живот се зачленив у библиотека а многу имав мерак и си земав книга и таман да седнам да читам (пошо имаме у клас една нонстоп шо чита и тоа ме мотивираше пошо тоа читање и даде од секоја област знаења).. и сеа таман да седнам одма ми текнуе колку слаби оценки имам колку ги разочарувам сите колку лошо и глупо ми е.. каков глуп пубертет и другарки послабо имам СЕ МИ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ да почнам да се мотивирам да учам....СЕ СЕ СЕ... а сакам многу.. барем да ги направам родителите горди пошо имам навистина добри родители..постојат другарки кои нишо не им даваат дома а учат и сваќаат а јас па ко за беља мислам дека е безкорисно да учам и онака не памтам многу секакви трауми имам ..и сум се разочарувала почесто од наставници и се .. и коа и да се обидам да раскажам пред нив се бунам заборавам буквално се... ГАЈЛЕ МИ Е АКО ИМА ВАКВА ТЕМА ПОШО СЕ ОТЕПАВ БАРАЈКИ...барем ми олесни... а и вратете ми барем да знам не ми се олеснило за џабе..
Мене ова неверојатно многу ми помага и ми надава мотивација и желба за учење.На Tumblr во полето Search пишувам Studying spo и ми излегуваат многу инспиративни и шарени слики со нотеси,пенкалца маркери и ред друго.Некако ми е убаво за очи и ме тера да учам,хах.