Па, ретко имам желба за учење. Ама нешто што ме мотивира е кога ќе ме испрашаат и ќе си добијам петка или пак на тест. Е, тоа ме мотивира и ми дава желба за уште повеќе да учат, односно да продолжам да учам и понатаму. Нормално, понекогаш и немам желба за учење, всушност поголемиот дел од времето, ама си барам така некои мотивирачки слики на weheartit, си барам на интернет некои изреки и така.
Мене од секогаш мотивација за учење ми било тоа дека колку повеќе учам, толку е поголема веројатноста да најдам подобро платена работа и да имам повеќе пари.
Мотивација ми е да ги направам горди родителите, пошто се надеваат дека ќе поминам одлична. Мене и онака ми е сеедно, немам мотивација ни за една никаква 5ка, пошто со 300 маки стигнувам до неа, и кога ќе ја добијам ми е сеедно.Да бев повторно осмо сега, и да требаше да идам средно никогаш не би ошла тука.Секој ден со главоболки сум , ништо не ме интересира.
Значи вака,јас сум 9то некако ко да ме мрзи да учам,не знам дали е дека е последна година не знам што се случува..! Ама пак морам да учам кај нас е претешко ужас,психички те змараат и се иживуваат досадни се со тие тестови Потешко е во основно отколку во средно значи гарантирам. Учам и пак сум одчична ама со сила -.-
Како до желба за учење? Никако. Значи кога ќе се сетам во основно како учев, па на тестови, па усно како одговарав, абе браво за мене. И во средно исто, само за некој степен помалку отколку во основно. А сега само читам и што ќе запомнам тоа ми е. Никако да се натерам квалитетно да седнам да научам. Ее Битер каде ти отиде таа малата во тебе, попаметна беше каде-каде. Или можеби дека тогаш не ми беше толку полн мозокот со се и сешто па имав капацитет...
Дoкoлку гo учиш oнa штo гo сaкaш, сaмaтa пoмислa декa ќе гo рaбoтиш истoтo ќе ти биде мoтивaцијa. Зa жaл, нaшaтa прoгрaмa е мнoгу лoшa. Имa мнoгу предмети кoи ги учиме, a немaaт никaквa врскa сo смерoт и не верувaм декa пoнaтaму ќе ни требaaт.
Ми треба мотивација за учење, и тоа огромна! Ме фаќа мрза, дремам на фб, ми се насобра буквално се за учење, бегам од тестови и сега затоа што сум бегала ми се насобраа 3 теста за утре и усно испрашување 2 предмета. Не знам што да правам, не можам да постигнам, сама сум си крива, нема да спијам цела ноќ, а прва смена сум.
Јануари- сесија за испити Сигурна сум дека има многу студенти на форумов, па ајде да се мотивираме и да си помогнеме едни со други, кој колку страни поминал, кој колку планира, како зголемувате концентрација и сл. Полесно е кога знаеш дека има и други што бубаат
Здраво! Јас сум нов член на овој форум и многу ми се допадна оваа тема Прво, ти посакувам многу среќа со испитите, како и на сите други студенти кои имаат испити за полагање во јануари. Јас започнав да одам на факултет оваа есен и искрено, многу ми е интересно, но и имам малку трема бидејќи ова ќе ми биде прв пат да полагам финални испити. Мојот прв испит што треба да го положам е по предметот Историја на правото и државата, односно материјалот е за Римско право. Можам да кажам дека голем дел од материјалот сум научила и уште малку ми останува до крај Инаку, сметам дека е важно да се испланира однапред и да се направи еден вид на распоред во кој ќе имаш време да го опфатиш и научиш целокупниот материјал. Барем јас ова го практикувам од моја страна и до сега се покажало како успешен метод.
Еве и јас си бубам за 10 дена имам испит па немам уште многу за учење инаку концентрација имам најмногу навечер - така сум навикната да учам,а кога веќе ми опаѓа концентрацијата си правам кафе и цедевита правам пауза 10 - 15 мин. и продолжувам
Испити се ближат, 5ки ќе се нижат. Имам 5 испити и сите ги оставив за во втора декада, со надеж дека имам повеќе време и дека нели се ќе научам, и еве сум, го преспивам пола ден а остатокот од денот гледам филмови и седам на фемина. Way to go . А едниот испит ми е испит зошто ме мрзеше да се појавам на вториот колоквиум, или се успав, не се сеќавам. А го имав тестот... Тоа само јас го можам. Мотивација би ми биле едно 1000 евра што секако ги немам, така да... ништо од испитната сесија.
И јас ги ставив испитите за во втора декада, демек да имам време поубаво да ги спремам амаа времето си го искористив за шетање и излежавање.. Од денес официјално стартувам, еве го кафето напраено и 20 стр на дневен ред Со лесно на сите We can do it !!
Очигледно јас сум единствената будала која ги пријавила сите испити во прв рок. Единствено ми светна мислата дека што побргу ќе се оттарасам од сè. Не ми текна на "последиците", фала Богу. Среќа немам многу материјал, инаку ќе плачев и тоа многу. Тоа што уште немам резултати од колоквиуми е друго.
И јас сеуште немам резултати од моите колоквиуми... Инаку, и јас ќе ги полагам испитите во првиот рок. Хаха ова ми е всушност прв пат да полагам испити И така имам само три испити...
@Briar Rose тоа е позитивна трема, нормално е да се има малку, чим си научила немаш гајле,повторување му е мајката сега И јас ти посакувам среќа тебе и на сите останати, се да си положите @Mishela искрено ме насмеа хахаха ама у право си, ќе ги мавнеш од глава побрзо
Да, но само ако успеам да научам. Инаку во спротивно, ќе се тешам со тоа дека сесии има многу, а животот еден ми е и така...
Коа ке ми текне дека никад во Јануарска немам положено испит, освен еден ама тоа беше дополагање за повисока. Со срека студенти. Јунската ми била најдобра сите 4 год, а и Септемвриската.