Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до желба за учење?

Дискусија во 'Образование' започната од dondor4e, 30 јули 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    6.576
    Луѓе, мене ми е дополнителен стрес.. Имам оставено еден испит од прва година, и тоа најглупавиот и најнесфатливиот, што два пати го полагав до сега и пак не го положив. :worried:
    А професорката нигде не може да се најде, и само за нејзиниот предмет немам датум за полагање.
    Гледам јас, јунска сесија ми се смешка. :D
     
  2. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    @Mishela Тоа е таа утеха (y):rofl:
    @Sanjichka007 немој такви мисли, не мора се да се положи, бар пола, се се може ако се сака :!::)
    Ајдеее сите да фаќаме книга, партали да напраиме :ninja:
     
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за поддршката @Change. Инаку, да, многу сум редовна кога станува збор за учење. Веднаш ја учам секоја нова предадена лекција ;)
     
    На Change. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    ^Браво, мене тоа не ми се случило во животов. Секогаш пред колоквиум или испит запнувам само :$:D
     
    На the12345, Doris123 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Благодарам :f: И тоа е во ред, секој си учи според начинот и методот кој најмногу му одговара ;)
     
    На Change. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Јас дипломирав пред 8 години, ама да ве поттикнам малку :D
    Најголема мотивација ми беше пред се интересот за тоа што го учев, зошто си го сакав тоа што го студирав.
    Самиот факт да одам пред професорот и да полагам и на тестот да стои моето име кое покасно за истото ќе биде истакнато на таблата со резултати и желбата да бидам забележана меѓу првите ме мотивираше исто така :D
    Моментот кога три години покасно бев меѓу 100тината кои дипломираат од над 300 кои ги имаше како бруцоши ми беше големо достигнување.
    Фактот што бев именувана во првите 10 со највисок просек ми беше огромно задоволство и самодостигнување.
    Учете!
     
    На endlesslove, the12345, WinterGirl16 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Aj I jas da se pozalam. Ako se ucelo na 30 god. Site ke ucelo. Dete rabota fakultet..... Ali eden zavrsiv Sega ovoj mi e vtor prv ispit mi e na 18 ti januari pa ajde neka mi e so sreka. Tesko pomnam leleee kako izdisan balon sum :)
     
    На НаталиЛили и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    73.073
    Пол:
    Женски
    Периодов мотивација ми е тоа што знам дека овој испит ми е последен :D
     
    На SnowWhite8 и karak им се допаѓа ова.
  9. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Ај дајте некоја идеа како да се мотивирам за учење ми се насобра ептен многу за учење а мотивација никаква.
     
  10. Bojanvli

    Bojanvli Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ee zdravo na site sakav malku da pozboruvam so site vas bo vrska so ova tema.Jas iskreno imam golem problem sobicenjeto cesto mi se slucuva koga ke pocne casot jas nikako nemozam da se skoncetriram i razberam sto zboruva nastavnikot a isto taka imam problem koga ke sednam da ucam nikako nemozam da ucam celo vreme od vmatre nesto mi veli kako nemoj da ucis ne pravi go toa neznam da vi kazam zosto ova se slucuva dali nemam zelba za ucenje ili nesto drugo neznam navistina ako moze nekoj nekako da mi pomogne ili nekoj sovet blagodaram odnapred
     
    На elimkd и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Здраво @Bojanvli , прочитав што си напишал и сметам дека ова е вистински проблем со оглед на тоа што едно од најважните работи на кои младите треба да посветат внимание е образованието.

    Тешкотијата да не можеш да се сконцентрираш на час и да го разбереш професорот можат да зависат од повеќе фактори. Можеби лекцијата што се предава не ти е доволно јасна, или можеби професорот не може на најдобар начин да ја предаде лекцијата. Во секој случај може пред предавањето да ја прочиташ предвидената лекција дома или секогаш можеш после предавањето да го замолиш професорот да ти ја објасни лекцијата.

    А кога станува збор за недостатокот на волјата за учење, би те посоветувала да си најдеш мотивација, односно некој начин да се мотивираш да учиш.
    Постави му прашање на твојот внатрешен глас :
    ,, А зошто да не учам? ,,
    Ако одговорот претставува некоја ситница, некоја небитна работа која те ,, спречува,, да учиш, тогаш ќе ти биде полесно да го занемариш тоа.

    Постави си цели и тие да бидат одредени, достапни, лесно остварливи наместо нејасни генерализации.
    На пример, наместо да кажеш ,, Морам да добијам добра оценка по математика,,
    помисли на одредена цел како ,, Јас ќе научам како да цртам квадратна равенка,,
    Постигнувањето на ваквата цел ќе те натера да се почувствуваш како да си постигнал нешто значајно на крајот од сесијата за учење.

    Помисли на се што ќе постигнеш со учењето. Со цел да задржиш еден позитивен став, обиди се да ги визуелизираш добрите работи кои ќе ти се случат доколку учиш. Замисли дека си добил солидна оценка на некој тест, дека си добил позитивна пофалба од твојот професор, или факултетот во кој сакаш да се запишеш. Иако учењето знае понекогаш да биде досадно и тешко, со самото тоа што ќе помислиш на крајниот резултат ќе ти биде доволна мотивација.

    Исто така, состави листа на последици, така што на еден лист ќе ги наведеш можните резултати од редовно учење и на друг лист можните резултати од нередовното и запоставено учење.
    Резултатите од редовното учење се значително подобри, нели?

    Направи си распоред на учење. Издвои соодветен дел од твоето време кое ќе посветиш само за учење. Ова е многу поефикасно отколку да имаш опширно размислување како ,, Јас морам да научам нешто оваа недела,,
    Планирањето многу ќе ти помогне полесно да се држиш до твојата резолуција.

    Немој одложувај ! Немој да чекаш до последен момент да учиш за некој важен тест или да прочиташ пообемна лектира. Секогаш гледај да ја завршиш работата порано, за да не мораш да се грижиш и да се вознемируваш на крај.

    Само започни да учиш! А започнувањето е најчесто најтешкиот дел. Ако твојот распоред на учење изгледа многу напорен или тежок, постави си помала цел. Прочитај ја едната половина од лекцијата денес, а другата половина утре, или само реши неколку задачи од работната книга.
    Запомни дека секогаш е подобро да направиш малку сега, отколку воопшто да не направиш ништо!


    Освен ова, околината многу влијае на твоето учење.

    Прво, најди си тивко место каде што не можеш да бидеш вознемируван, биди сигурен дека претходно ќе бидеш снабден со потребен материјал како книга, тетратка, пенкало, хајлајтер...

    Не мора се да научиш одеднаш, бидејќи тоа само ќе те збуни. Во текот на учењето прави помали паузи за добро да го запомниш наученото и пиј вода која ќе ти ја освежува меморијата.

    Во просторијата исклучи ги сите уреди кои би можеле да ти попречуваат (телефон, телевизор, компјутер...)

    Награди се откако ќе ја комплетираш твојата цел- направи нешто што ќе те направи среќен (излези со пријателите, слушај ја омилената музика...)

    Но ако одлучиш да се наградиш со тоа што ќе направиш пауза од учењето, имај на ум дека евентуално ќе мораш и да продолжиш со учењето. Постави временски лимит на твојата пауза и немој да го слушаш внатрешниот глас кој ќе ти вели ,, Само уште 5 минути,,

    Јас искрено се надевам дека на некој начин помогнав да го решиш твојот проблем и се надевам дека во најскоро време ќе постигнеш одлични резултати.
    Овие добронамерни совети се однесуваат и на сите останати кои моментално се соочуваат со проблем од слична суштина.

    Good Luck ;)

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, Bojanvli и Lella им се допаѓа ова.
  12. Bojanvli

    Bojanvli Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Фала ти многу што си се потрудила сето ова да го запишеш. Ти благодарам многу!
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2017
    На Briar Rose и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Интересна тема сте имале. Јас немав проблем со паѓање испит. Ме фаќале кризи ама сум запнувала и така сум постигнала се. Мислам дека не постои некој што е воодушевен од учење, како прво не е воопшто лесно, како второ се лишуваш од социјален живот, нервоза, напнатост. Но тоа што не чека потоа е главна мотивацијата, чуството да завршиш на време се, непроценливо. Може учењето е горко, ама плодовите се слатки е мојата максима кога е најтешко. Сега сум на постдипломски, утре првиот испит, држете ми среќа :D
     
    На Briar Rose и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Bojanvli

    Bojanvli Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ljuge da ve prasam imam problemi u ucenjeto koga sakam da se skoncetriram si vikam vo sebe skoncetriraj se i nemozam ja gledam se trudam ama nemozam ama koga ne mislam na toa i se zanesam nekako se pamtam ama koga sakam nemozam sto e problemot Pomos i sovet molam ?!?
     
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @Bojanvli како што знаеш, постојат различни видови на учење. Сигурна сум дека тоа е проблемот, само треба да го смениш видот и начинот на учење.
    Многу ученици и студенти не го знаат ова и како за резултат, тие не го искористуваат нивниот потенцијал во целост да учат и да добијат повисоки оценки.

    1. Учење за собирање информации

    Целта е да се формулира целосен и точен збир од учебници и белешки од тетратка. Ова бара средства за да се утврди дали белешките се целосни и точни. Еве некои начини како да се направи ова:

    а) идентификувај ја информацијата за да се научи
    б) организирај, кондензирај и ,,снимај,, ги информациите
    в) провери ја комплетноста и точноста на твоите белешки

    2. Учење за да научиш информации

    Целта е да се движат информациите од краткорочна меморија во долгорочна меморија. За ова е потребно повторување на материјалот кој треба да биде научен. Некои начини да се направи ова се:

    а) Пронајди време во твојот распоред за да вршиш повторни рецитали на твоите белешки
    б) Погледни ги основните идеи со детали скриени од погледот
    в) Повторувај на глас, сите детали на кои се сеќаваш, без да гледаш во твоите белешки
    г) Провери ги твоите белешки за да видиш дали ќе ја запомниш информацијата, повторно прочитај ги деталите и повторувај на глас се додека не се увериш дека правилно рецитираш детали и информации од твојата меморија.

    3. Учење за да се провери наученото

    Целта е да го идентификуваш она што веќе си го научил и она кое сеуште не си го научил и затоа ова бара само-тестирање. Помини го материјалот за кој веруваш дека го имаш научено, и тоа според следниов формат :

    а) Гледај ги само основните точки и покривни детали
    б) Рецитирај ги на глас релевантните детали без гледање
    в) Погледни ги деталите и провери ја нивната точност и целосност
    г) Ако сите детали се рецитирани правилно и точно на првата проба, веднаш ќе знаеш дека материјалот е научен

    4. ,, Refresh ,, учење

    Целта на овој вид учење е да се спречи заборавање на материјалот кој претходно си го научил. За ова е потребно редовно рецитирање на материјалот. Направи редовно време за да го повториш материјалот кој е веќе научен. Ова спречува ,, избледување,, на меморијата и го намалува времето за подготовка за тестот подоцна.

    5. Учење за подобрување на вештините за учење

    Ова е најзапоставениот и занемарен тип на учење. Целта е да се идентификуваат вештините за учење кои функционирале за да бидат повторени и да се идентификуваат вештини за учење кои не функционирале многу добро, за да можат да се модифицираат. За ова е потребно анализа на вратени тестови.

    а) Искористи го секој квиз и тест како повратна информација за твојата вештина за учење.
    б) Модифицирај или замени ги вештините за учење кои не функционираат.

    Јас искрено се надевам дека на некој начин (повторно) помогнав да го решиш твојот проблем и се надевам дека во најскоро време ќе постигнеш одлични резултати.
    Овие корисни информации се и за сите останати кои моментално се соочуваат со проблем од слична суштина.

    Good Luck ;)
     
    Последна измена: 6 март 2017
    На blueeparadise и Bojanvli им се допаѓа ова.
  17. Bojanvli

    Bojanvli Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Mnogu ti blagodaram sto si se potrudila da go napises ova fala fala
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bojanvli

    Bojanvli Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите јас сакав да позборувам со вас дали има некој начин за поедноставно и ефективно учење многу имам проблеми со концентрацијата кога ќе си кажам слушај не можам да слушам не можам да разберам како нешто да ми стои пред умот кога ќе седнам да читам не можам да разберам нонстоп како да барам некој начин за учење и никако да се сконцентрирам и да сфатам ај помош молам.

    Потсетување од модератор: Пишувајте на кирилица.
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2017
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @Bojanvli кај човекот секој момент дејствуваат голем број на дразби кои тој не ги прима сите наеднаш, туку само определен мал број и тоа еднаш едни, а потоа други. Мислам дека овде имаш недостаток на внимание, односно расеаност на вниманието. Како што знаеш, вниманието претставува психичка состојба , насоченост и сосредоточеност на спознанието врз определен објект или појава (во твојот случај станува збор за предметот на учење).
    Со цел да го подобриш твоето внимание, треба да се запознаеш со карактеристиките на вниманието како поим. Имено, вниманието ги има следниве карактеристики :

    1. Концентрација - тоа е степен на насоченост и сосредоточеност на вниманието. Доколку концентрацијата е поголема, толку вниманието е подобро.

    2. Траење на вниманието е можност за насоченост и сосредоточеност во определено време.

    3. Стабилноста на вниманието е всушност упорност на вниманието да ја задржи сосредоточеноста и покрај сите колебања.

    4. Еластичноста на вниманието е својство тоа побрзо да се пренасочува по потреба од еден објект или појава кон друга или пак од едно дејствие кон друго.

    5. Расеаноста на вниманието е ситуација при која човек не е во состојба да го насочи и сосредоточи спознанието на определен објект или појава.

    Причини за расеаноста можат да бидат различни :

    * Слабост или болест на организмот
    *
    Замор
    * Недоволен интерес
    * Слабост на волја итн.


    Мое стручно мислење е дека ти моментално се справуваш со проблемот Расеаност на вниманието.
    Откако добро ќе ги разгледаш причините за расеаноста кои сум ги набројала погоре, обиди се да ги пронајдеш твоите причините за расеаноста, односно во кои причини ти самиот се пронаоѓаш.

    Доколку се работи за првата причина - слабост или болест на организмот, тогаш мој совет до тебе е евентуално да посетиш лекар или психолог кој би можел да ти помогне како да го надминеш овој проблем.

    Доколку се работи за втората причина - замор, тогаш преиспитај се од што би можел да бидеш толку уморен. Без разлика дали тоа ќе биде играње, излегување... обиди се да го намалиш темпото и енергијата да ја зачуваш за учење.

    Доколку се работи за третата причина - недоволен интерес, тогаш проблемот лежи во тоа што ти едниставно не си заинтересиран за содржината на предметот кој треба да го учиш. Најчеста причина за ова може да биде и фактот што ти немаш основни познавања за овој предмет и поради тоа си несигурен и во твојот ум си создал причина, односно изговор за автоматска незаинтересираност за предметот.

    Доколку се работи за четвортата причина - слабост на волја, тогаш ти поради било која твоја причина едноставно немаш слободна волја за учење, најчесто бидејќи сметаш дека предметот нема важност, па според тоа и не ти е потребно да го знаеш.

    Бидејќи постојат три основни видови на внимание

    - ненамерно внимание
    - намерно внимание
    - посленамерно внимание

    овие видови на внимание постепено се јавуваат во текот и развојот на нашите животи, а претпоставувам дека си на средношколска возраст, во овој период ти мора до сега да го развиеш посленамернотот внимание.
    Како што претходно споменав дека постојат три основни видови на внимание, ќе ти кажам нешто и за нивниот развој со цел да сфатиш што треба веќе да правиш според твојата возраст.
    Имено, наједносоставниот вид на внимание се јавува кај детето уште во орваа година од животот. Тоа внимава на објекти и појави од значење за неговиот опстанок, и се до училишна возраст, детското внимание е главно ненамерно бидејќи се е определено од самите објекти.
    На училишна возраст веќе се појавува и намерното внимание кое со понатамошен развој станува се позастапено. Овде се развиваат способностите, се прошируваат интересите, се создаваат навики, се воспоставува волјата... Во текот на учењето се развива и трудољубивоста, чувството за одговорност.
    Кај младиот човек, воспитанието и образованието преминува во повисока фаза, самовоспитание и самообразование. Се повеќе е застапено посленамерното внимание и сега веќе не се учи затоа што се мора, туку затоа што се има потреба за нови сознанија.

    Значи, според ова, моја претпоставка е дека ти моментално се наоѓаш во вториот вид на внимание, односно намерното внимание, меѓутоа поради одредени пречки (како расеаност на вниманието) ти не си во можност да го развиеш вниманието на највисокиот, т.е. третиот вид на внимание.

    Обиди се да прочиташ и да ја разбереш суштината на ова што сакам да ти го кажам, верувај ќе ти биде многу полесно. Јас искрено се надевам дека на некој начин (повторно) помогнав да го решиш твојот проблем и се надевам дека во најскоро време ќе постигнеш одлични резултати.
    Овие корисни информации се и за сите останати кои моментално се соочуваат со проблем од слична суштина.

    Good Luck ! ;)
     
    На Bojanvli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    21.402
    Пол:
    Женски
    Никако.