@taznata :( ако можеш, погледни го мојот прв одговор кој му го пратив на @Bojanvli во врска со мотивацијата која треба да ја добиеме за да почнеме да учиме Ќе ја копирам за да прочиташ... ... кога станува збор за недостатокот на волјата за учење, би те посоветувала да си најдеш мотивација, односно некој начин да се мотивираш да учиш. Постави му прашање на твојот внатрешен глас : ,, А зошто да не учам? ,, Ако одговорот претставува некоја ситница, некоја небитна работа која те ,, спречува,, да учиш, тогаш ќе ти биде полесно да го занемариш тоа. Постави си цели и тие да бидат одредени, достапни, лесно остварливи наместо нејасни генерализации. На пример, наместо да кажеш ,, Морам да добијам добра оценка по математика,, помисли на одредена цел како ,, Јас ќе научам како да цртам квадратна равенка,, Постигнувањето на ваквата цел ќе те натера да се почувствуваш како да си постигнал нешто значајно на крајот од сесијата за учење. Помисли на се што ќе постигнеш со учењето. Со цел да задржиш еден позитивен став, обиди се да ги визуелизираш добрите работи кои ќе ти се случат доколку учиш. Замисли дека си добил солидна оценка на некој тест, дека си добил позитивна пофалба од твојот професор, или факултетот во кој сакаш да се запишеш. Иако учењето знае понекогаш да биде досадно и тешко, со самото тоа што ќе помислиш на крајниот резултат ќе ти биде доволна мотивација. Исто така, состави листа на последици, така што на еден лист ќе ги наведеш можните резултати од редовно учење и на друг лист можните резултати од нередовното и запоставено учење. Резултатите од редовното учење се значително подобри, нели? Направи си распоред на учење. Издвои соодветен дел од твоето време кое ќе посветиш само за учење. Ова е многу поефикасно отколку да имаш опширно размислување како ,, Јас морам да научам нешто оваа недела,, Планирањето многу ќе ти помогне полесно да се држиш до твојата резолуција. Немој одложувај ! Немој да чекаш до последен момент да учиш за некој важен тест или да прочиташ пообемна лектира. Секогаш гледај да ја завршиш работата порано, за да не мораш да се грижиш и да се вознемируваш на крај. Само започни да учиш! А започнувањето е најчесто најтешкиот дел. Ако твојот распоред на учење изгледа многу напорен или тежок, постави си помала цел. Прочитај ја едната половина од лекцијата денес, а другата половина утре, или само реши неколку задачи од работната книга. Запомни дека секогаш е подобро да направиш малку сега, отколку воопшто да не направиш ништо! Освен ова, околината многу влијае на твоето учење. Прво, најди си тивко место каде што не можеш да бидеш вознемируван, биди сигурен дека претходно ќе бидеш снабден со потребен материјал како книга, тетратка, пенкало, хајлајтер... Не мора се да научиш одеднаш, бидејќи тоа само ќе те збуни. Во текот на учењето прави помали паузи за добро да го запомниш наученото и пиј вода која ќе ти ја освежува меморијата. Во просторијата исклучи ги сите уреди кои би можеле да ти попречуваат (телефон, телевизор, компјутер...) Награди се откако ќе ја комплетираш твојата цел- направи нешто што ќе те направи среќен (излези со пријателите, слушај ја омилената музика...) Но ако одлучиш да се наградиш со тоа што ќе направиш пауза од учењето, имај на ум дека евентуално ќе мораш и да продолжиш со учењето. Постави временски лимит на твојата пауза и немој да го слушаш внатрешниот глас кој ќе ти вели ,, Само уште 5 минути,,
Како учите во себе? Јас многу сакам да пробам да учам така,но се плашам дека ќе биде празно читање и губење време
Средното е боза за тоа што те очекува на факултет. Се учи по една тема за испрашување/тест. Ништо страшно.
Најде кај да прашаш Извини, смешно ми падна. Земи исклучи се од секаде, направи си убава комотна атмосфера,кафе, сок и почни да читаш/подвлекуваш што ти е најважно.
Eve vi cel priracnik kako najefektivno se uci https://www.scribd.com/document/478967580/Совети-за-олеснување-при-учењето
Dokolku mislite deka kje naucite neshto so podvlekuvanje, se lazete. Najdobro e da primenite active learning t.e. da odgovarate na prasanja. Primer, go chitate poglavjeto i od pasusite vadite prasanja. Na kraj koga kje zavrsite bez gledanje vo knigata, dokolku uspeete da odgovorite na prasanjata sto ste gi zapisale, go imate sovladano materijalot.
Ти се лажеш. Индивидуално е. Мене подвлекувањето ми помага.Така не заборавам до кај сум и колку пати сум го поминала материјалот.
Јас многу сакам естетски да ми е убаво, сé напишано и обоено со маркери, убава чиста и мирна просторија. Овака правев со испитите што ми беа досадни и претешки, па ги оставав за последбата сесија. (не правете како мене)