1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до забрзување на метаболизмот?

Дискусија во 'Диети' започната од ELLen, 30 јуни 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Дели ги оброците - јади помала количина на два часа во исто време секој ден. Биди физички активна, пиј течности (добро би ти дошло и горко, јако турско кафе секој ден после ручек) и ќе видиш дека за 3-4 недели ќе имаш резултати. :)
     
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Пробајте со млака вода насабајле,пред да јадете нешто.Мислам дека ќе ви помогне за забрзување на метаболизмот,или исто така многу помага и чаша млеко на гладно.
     
  3. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Не разбрав многу тоа со млака вода. Колку да се пие млака вода на ден, и дали секој ден или на неколку пати неделно. Зар не е подобро ладна вода ?
    Прашувам затоа што првпат сега прочитав дека треба да се пие млака вода :) поздравче
     
  4. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Проблемот трајно се решава само со пробиотици, ги има во аптеките од повеке фирми. Треба повеке време да се пијат за да се реши проблемот треајно, ама по првото апче има резултати. Треба и редовна физичка активност.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Природен лек за овој проблем кој мене лично премногу ми помогна е цеден сок од цитрон, кој го пијам секое утро. Исто така ги јадам и оние трошки кои остануваат од цитронот на цедалката.
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Наутро јадење овошје, по можност јаболко или круша (пред доручекот). Пијте вода во огромни количини, и јас имам слушнато за млака вода дека е добро. Пред секое јадење земете некое овошје каснете, околу пола саат пред ручекот (за празнење најмногу помагаат кивите). Јагодите немаат таков ефект, а од претходниве денови увидов дека ни црешите не помагаат за тоа. Баланс јогуртот (барем кај мене) не помага. Повеќе помага обичниот јогурт. Избегнувајте брза храна, а со храната обавезно јадете многу зеленчук, дупло повеќе него што имате, да речеме компир и плескавица. И во комбинацијата на јадењата има финти, ама не сум до толку навлезена да знам.

    (ова кај мене врши работа, ама јас од др. причини го испробував :) )
     
  7. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Една мала обична чаша ти е доволна.Ако додаваш и лимон во неа уште подобро.
    Е сега,секој организам е различен и не мора да значи дека кај сите има исти резултати.
     
  8. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    За да се забрза метаболизмот,потребно е во текот на денот да се конзумира храна,која ке создаде доволно количина на енергија за да нормално функционира вашиот организам.Тука важна е количината на храната за која се внесува и расопоредот на оброците.Оваа диета трае 7 дена,за кои можат да се изгубат и до 7кг.Оваа диета е рестриктивна па затоа не смеете да ја употребувате често, а после диетата морате да продолжите со умерено конзумирање на храната.

    1ДЕН
    Појадок:кафе или чај
    Ручек:2тврдоварени јајца,1 голема шоља барен спанак
    Вечера:зелена салата,1 голема шницла печена на скара

    2ДЕН
    Појадок:кафе или чај ,1 голем несолен крекер
    Ручек:зелена салата со целер и 1шницла
    Вечера:80-100гр шунка

    3ДЕН
    Појадок:кафе или чај и 1голем крекер
    Ручек:2тврдоварени јајца,1 шоља варен грашок и 1 шоља домати
    Вечера:80-100 гр шунка 1шоља варен грашок и 1 шоља домати

    4ДЕН
    Појадок:кафе или чај и еден поголем крекер
    Ручек:1 тврдоварено јајце и 1 шоља свежи моркови
    Вечера:1јогурт 30гр сирење 1 чинија овошна салата

    5ДЕН
    Појадок:кафе или чај 1свеж морков,сок од 1 лимон
    Ручек:120-180гр печена риба,салата од домати
    Вечера:120-180гр шницла,зелена салата

    6ДЕН
    Појадок:кафе или чај
    Ручек:120-220гр пилешко месо (без кожа)
    Вечера:2тврдоварени јајца,1свеж морков

    7ДЕН
    Појадок:чај со лимон
    Ручек:120-200гр шницла,1,5шоља овошје по вап избор со исклучок банана
    Вечера:умерена вечера по избор
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Со ленено семе.
    Мене ненормално многу ми помогна, откако почнав да го користам ( на ден по 2 лажици ), одам во вц во просек по 2 пати во денот. Максимум 3. Јас сум презадоволна и не планирам да престанам да го конзумирам. Во секој случај, вреди да се проба нема што да загубите, 20 денари е една кесичка ленено семе. Јас го земав од Тинекс - на Виталија.

    Плус, освен тоа што го забрзува метаболизмот, и ептен е здраво. Богата е со омега 3 масни киселини.
     
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    исто,лененото семе го ставам наутро во мусли а навечер во салата и ми прија многу..
     
  11. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Исто така, можете да пробате и до масло од сусам или лен. Го има во сите маркети, од Виталија е. Јас првин почнав да пијам по една лажица на ден од сусамовото и ми го среди стомакот. После тоа, што ми требаше да го сменам во ленено. Иако на повеќе места прочитав дека лененото е повеќе за опстипација, мене подобро ми влијаеше сусамовото масло. И секако, секој ден појадувам овошје.
     
  12. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Јако кафе и цигари рано сабајле му е лекот :D
    Шала на страна, многу вода и растителни влакна - зеленчук , овошје ( особено зелка богата е со целулоза ). И движење што е можно повеќе :)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila.66

    mila.66 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас го имав истиов проблем, спор метаболизам, ама поспор немал никој.
    Решение: Секој ден на гладно да се јаде свежо овошје, после (барем) еден саат може да се пие кафе и да се доручкува. И паметно решение за доручек во ваков случај е да јадете мусли со овошен јогурт, е сега немора да се јадат секој ден, но најбитно е да се придржувате кон тоа-едно станување да јадете овошје.
    Сега сум вери хепи :)
     
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Мака мачев со ова до многу скоро. Не знам што не пробав може и имама веќе пишувано на темава не ми текнува сега. Маслиново, ленено, сусамово масло, со топла вода со оцет со лимон, па ленено семе во вода, па уште што не, суви лсиви....на крај завршував со чај или Чоко Лакс за тоа што деновите минуваа а јас ништо и морав да се олеснам :( Сега со Ун диетава ми се среди и тоа. Првиот месец не толку редовно, вториот месец се почесто сега сум на почеток на третиот и одам веќе секој ден. Значи точно е дека диетава предизвикува промена на метаболизмот.
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не е потребно да се пие многу вода за забрзување на метаболизмот. Напротив од кога престанав да пијам ми се забрза уште повеќе.
    Знаете во што е лекот?
    Во точноста и прецизноста .
    За каква точност зборувам?
    Секогаш да јадете во исто време. Доручекот, ручекот и вечерата да бидат во исто време и на тој начин самиот организам се навикнува и си ја врши работата како што треба.
    Мојот поручек се секогаш суви урми и обавезно еден час некогаш и побрзо после станувањето одам на голема нужда. Значи еднаш во денот одам обавезно, а некогаш и два пати.
    Не пијам вода па пак ми е солидно брз.
    А, татко ми е друга приказна, изгледа држи вода ова јадењето во исто време зошто го забележувам него скоро секогаш јаде во исто време за пола сат погоре/подолу. Верувајте, јадиме и после завршување на јадењето после 5 или 10/15 минути тој е во веце. Често го зафркавам дека пола ден го поминува таму. :D
    Не е дебел, не е ни слаб, си има мало стомаче, но ненормално брз метаболизам. Одма се му вари.
     
  16. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    И јас имам претерано спор метаболизам. Испив три кутии зелен чај едно по друго и ништо, после се обидов со млака вода на сабајле, понекогаш додавав и лимон и пак ништо, едвај во неделата еднаш идев во WC, некогаш и на 10 дена. Сега купив ленено семе, не е на виталија, пишува ФИЛТАМ Скопје, вчера и денес пиев и нема резултати, ниту еднаш немам идено во WC, можеби е прерано да очекувам резултати, доколку го има користено некој нека сподели дали уште првиот ден имавте резултати да знам да не се откажувам :D
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    @Angel.Heart, имај во предвид дека лененото семе треба или убаво да го изгрицкаш или да го јадеш сомелено. Вака цело зрно ако го голташ ти, ништо не правиш уствари...
     
  18. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Па јас токму тоа го правев го голтав, на кесата пишува да ставам две лажици во млака вода, да стои половина час и после да го испијам и така и правев ја пиев водата и го голтав семето. Ти благодарам, и од утре ќе го изгрицкам убаво пред да го голтнам и водата ќе ја испијам и се надевам дека ќе има резултати.
     
  19. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Ајде за совет метаболизмот ми е спор како тректор абе бетер од трактор имам пробано мед и цимет али не ја бива сега кажете нешто ова со семево како што Совет ке може? :D
     
  20. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    За забрзување на метаболизмот ви препорачувам да пробате КОРЕН ОД ЃУМБИР /СВЕЖ
    Покрај забрзување на метаболизмот е добар топач на масти и има многу корисни состојки , прочитајте на нет
    Го има во веро околу 90 ден 200 грама е , а трае цел месец скоро.
    Околу 40/60 гр на ден изрендајте ги , промешајте го со една до две лажички мед и малку цимет .
    Јадете по една мала лажичка на сабајле и 15 мин пред оброк .
    На почеток малку ми беше тешко да се навикнам на вкусот , малку паленко ми беше , но тоа само првите неколку дена .
    Пробајте , навистина помага ! :)
     
    На Antebellum, okcenzi, member223 и 1 друга личност им се допаѓа ова.