И јас исто.Но,со утринско вежбање секој ден ќе го забрзаш метаболизмот и ќе согоруваш повеќе калории во текот на денот.Јас утрово вежбав.И плус се чувствуваш прекрасно во текот на денот.Немој да пиеш миксови од чаеви,пиј само зелен чај,ако ти помага.Мене ми помага со надуеноста на стомакот.И можеш да пиеш некои јогурти со пробиотски култури,наместо обични.Тоа е тоа.
Јас не сум за ваквите миксови.Само зелен чај,ако сте повеќе за чаеви.Ама вежбањето утринско е најдобра опција.
Утринско вежбање, здрава храна...и во никој случај не избегнувај појадок, тоа најмногу помага за метаболизмот да ти се забрза
Лажица јаболков оцет во топла вода и едно лажиче мед, по можност. Сето ова еднаш дневно, наутро на празен желудник.
На сабајле после станување одма чаша вода и мене ми помага нескафе ( кафе бидејќи не пијам ) или млеко.
Зелен чај после јадење( посебно после обилен оброк, ручек) без шеќер, јогурт(активиа), овошни јогурчиња, кафе ако го пијате горко ама пазете на желудникот, многу вода. Внимателно со зелениот чај.
Штом станам пијам вода и после си ставам зелен чај. Водата е многу битна и дневно ја внесувам по 2л.После пола час станување од трпеза пак пијам зелен чај и така. Кафе не пијам тоа ми е замена.
Ова една медицинска сестра ми го кажа дека пред спиење добро е да се напиеш 1 чаша јогурт бидејќи го забрзува метаболизмот.
Пијте многу вода во текот на целиот ден и обавезно една чаша сабајле. Трудете се да вежбате кога ќе станете и општо вежбајте повеќе. Исто така биберот ќе ви помогне. Ставајте го секаде: во салати, манџи, супи, макарони ... Ако можете да поднесете, јадете лути пиперки, само не претерувајте. Ако ги практикувате овие работи, сигурно ќе имате побрз метаболизам.
Мене ми помага турско кафе на гладно на сабајле. Или не мораш на гладно ако не можеш, земи суви сливи 2-3, суви кајсии( а не мора и суви да се, ако имаш свежо овојшје уште подобро), крушка, вода па после кафе... би требало да помогне.
1 лажица ленено масло сабајле на гладно со чаша вода може лимон внатре и 1-2 овошја,не банана.Почекајте 1-2 часа па може друга храна.Проверено.
Мене па ми има ефект од турското кафе и водата.Со тоа што јас пијам многу вода,водохоличар станав,приметувам дека ми е поинаков метаболизмот.
Сега има од оние црни/модри сливи кога се премногу меки како каша е тие спротеруваат и тоа како...проверено исто така и зерзелиите-кајсија-не праска... Кога се презреани овошките тогаш спротеруваат