Како до нови пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mim, 10 јуни 2012.

  1. mim

    mim Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Како да се зацврстат старите, или да се склопат нови пријателства? На многумина (и мене :$ ) им е тешко при склопувањето на нови пријателства, а сепак не сакаме цело лето да го поминеме дома, па споделете некои ваши совети :) најголем поздрав... :*
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    349
    Супер тема
    На пример јас немам мн другарки,но сепак со тие што ги имам мн си се друзиме.Иако и јас сакам нови пријателста,ама незнам како.Како што казав немам другарки,но сепак летово нема дома да го поминам,туку со братучетка ми и со 3-4 другарки постојано ке излегуваме и ке се друзиме....Па ако некој знае како да се стекнат нови пријателства нека казат! :D :*
     
  3. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Нормално убаво е да се зголемува постојано кругот на пријатели, но мислам дека не е целата работа во тоа кој повеќе другари ке има.Џабе ти се 200 другарки,а кога ќе ти треба помош или совет нема никој :swear: .

    Друштвеноста и комуникативноста се најдобри за спријателување и тоа да си своја исто така.Запознавај нови пријателства,но не се откажувај и не ги заменувај старите другари зашто знаеш какви "другарки" се сите денес. :)
     
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Секоја шанса за искачање надвор искористете ја па макар и да нема никаква цел тоа..Дали до населба или град,со истот друштво/другарка не е важно..Така ќе си ги вежбаме комуникациските способности отколку да седиме дома и да го денгубиме времето,нели..Еве јас со сестра ми и другарка бев на водно пред некое време.Случајно се договоривме,искрено не ми се одеше сме биле,истото друштво презаситена сум..Таму случајно запознавме ден многу битен човек.Човек што може да ми отвори многу врати,да да има и такви. :nod: Има и добри луѓе...
     
  5. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Како до ново другарство кога имам само една единствена другарка која несака многу дружења и секогаш кога излегуваме со движиме по некои улици кога нема народ?
    Пробувам јас кога таа е зафатена да се здружам со некого ама не ми оди. :?:
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.103
    Допаѓања:
    8.837
    Пол:
    Женски
    Па ваљда сте доволно социјализирани за да знаете како некому да му пристапите и да се запознаете.
    За да запознаеш нови пријатели треба да излагаш почесто и да комуницираш со повеќе луѓе.
    Да одите на патување, да учествувате во разни организирани групи каде што има контакт со луѓе и нормнално да се разговара, па преку разговорот ќе оцените дали некој може да ви биде пријател и сте на иста бранова должина со него, без разговор ништо. ;)
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160

    Хахаха мое сочувство :D имаш ист проблем како на сестра ми,верувај маки мачиме за да мрдне чекор напред.Абе уште малку ќе докторирам за проблемов :D целосно решение нема,ама со некои тактики се турка напред ;) Скоро како јас да го имам проблемов е работава,тоа е :D

    Затоа,дружете се со многу другари/другарки на ралични возрасти,со сите да си го имаш муабетот ;)
    Со една не бива знам, Можеби еден период ќе ви биде многу убаво со неа,ама псле ќе бидете презаситени од неа и може нејзиното дишење просто да почне да ве нервира. :D
     
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Пробај да обновиш некои од старите пријателства. Побарај некои другарки од средно, основно... Пијте по едно кафе, напрајте муабет. Излези в град со братучед/ки, запознај ги нивните другари итн.
    Ако сакаш планинарење, зачлени се во планинарско друштво, ќе се здобиеш со еден куп пријатели. И да има млади луѓе што одат на планинарење.
    Или пак, пробај со некоја слична активност што би ти овозможила да дојдеш во контакт со нови луѓе.
     
  9. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78
    уф и јас барам начин за тоа :?: едноставно чуствувам дека луѓето во близина не ми одговараат многу и дека ми треба нова позитивна промена на околина и луѓе ама каде да ги најдам :|
     
    На Aurora84 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aurora84

    Aurora84 Нов член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Нова сум на форумот.
    Вака:
    Одам на еден курс по англиски јазик. Курсот е интезивен и трае околу 3 месеца во мај на крај на мај ќе заврши.
    Таму запознав нови луѓе, скоро сите се постари од мене неколку години јас сум најмлада. Комуникативна сум личност па се спријателив со сите сум ок. Има една девојка често зборуваме, секогаш кога ќе прашам нешто на пр. за граматика на англискиот да не ми е јасно таа ми одговори. Но проблем е што таа е малку повлечена па и не зборува многу. Мене таа ми се допаѓа како личност и сакам да се спријателам со неа да не остане на тоа само. Затоа што мене ми требаат нови луѓе во животот. Некако и не сум баш задоволна од својот социјален живот. Незнам дали да ја аднам на фејсбук или не? Да не е малку нападно или досадно?

    П.С. јас имам 22 она 25.
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    8.635
    Според мене не е воопшто нападно да ја додадеш на фејсбук чим веќе имате воспоставено комуникација во живо.
    Наредниот пат кога ќе се видите почни некои поопшти,а сепак лични теми,пр.каде излегува и надоврзи се на муабетот. Или можеш да предложиш да одите на кафе после курсот. :)
     
    На Aurora84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    За да се зацврстат старите пријателства потребно е истите да се негуваат и обострано одржуваат, а за да се стекнат нови има повеќе начини, но поретко се случува да ви се погоди друштвото онака во се’.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5, Aleksandra9999 и 2 други им се допаѓа ова.