Сите оние кои биле на диета сигурна сум дека по нејзиното завршување имале по малце кожа вишок.Имам една другарка која ослабна 40+ кг па сега има многу кожа на стомакот,рацете,инаку не е член на фемина па мислев ако некоја од вас имала вакво искуство и сака да го сподели,слободно нека пише.
Иако сум го немала овој проблем, мислам дека единствен начин е пластична операција т.е. лифтинг. Често ги гледам токму овие операции на ТВ и не се многу страшни, но сепак се работи за медицински зафат. Сечење месо и шиење и не е малку болно
Со вежбање, како поинаку по природен пат? Само вежбање, за затегнување, и тоа е тоа. Таа најверојатно згрешила што слабеела со диети, без да вежба. А толку многу килограми да симне, без да вежба = најлошата услуга на себе. Сигурна сум дека ќе и се појават еден куп стрии и „опадната“ и „опуштена“ кожа, ако веќе и ги нема... Ама тоа е тоа.. или некои хирургии да примени, или одма да почне да се затегнува преку вежбање. Што друго?
Многу е лошо наглото слабеење со диети без физичка активност. Да, диетите ќе ги намалат килограмите и обемот, но џабе е ако за време на слабеењето не се спортува. Така ем се слабее, ем се зацврстува секој дел од телото, па и кожата. Тоа е единствена превенција за да не дојде до вишок кожа по слабеењето. За потоа навистина е многу тешко да се отстрани. Единствен спас се пренапорни вежби или лифтинзи ...за жал.
По природен пат само со напорно вежвање, и тоа мислам дека најногу може пилатесот да помогне. А инаку, со пластична операција..
значи 40+ кг се многу килограми па затоа отстранување на вишокот кожа е многу тешко, ако не и невозможно. Со напорно вежбање може да има некакво подобрување, но целосно отстранување само со помош на пластична хирургија.
Со вежбање можат да се затегнат милиметри кожа ,а не цели наслаги. Најдобра а и единствена опција и е корективна хирургија, зашто не постои друг начин да се елиминира вишокот кожа. И посакувам многу среќа на другарка ти , драго ми е што успеала да се избори со килограмите Извести не за текот и исходот на планираното.
епа ај и јас да советувам малку сепак и од вишокот кожа се гледа дека диетите не се совршен начин за убаво тело. Значи другарка ти иако ослабнала 40+ кг и дошла до помал обем на телото сепак не и е совршено поради вишокот кожа. Точно е треба да се внимава на јадењето, да се храниш здраво но според мене не и да гладуваш и да бидеш на строги диети. Јас сметам дека до убаво тело се стигнува само со вежби за затегнување. Затоа што телото се затегнува и + доагаш то помал обем а со диетата телото се деформира ако се одржуба неправилно. Пред некој ден на ТВ видов реклама за еден производ на кои жената од рекламата имаше стомак као на стара жена (а млада беше) и покажуваа се снимки од како го примала производот како имало големи резултати е сега неможам да се сетам на името на производот затоа пто не ја загледав рекламата Спојлер ако се сетам ќе пишам па ја советувам да накачи 2-3 кг, да јаде цврста храна како банана двопек итн, и да почне да ја прави вежбата т.н. мост и некои други вежби за затегнување. Позз
Значи имам 15 години ослабев 30+ кг и имам висок кожа не многу но се растегнува доста е сега бидејки сум помлада дали има шанси да се повлече секако се вежби ?
Вежбање, вежбање и само вежбање. Ви гарантирам дека кожата се собира. Запиши се на фитнес и консултирај се со некој стручен околѕ вежбите. Пиј многу вода и прогуглај како да ставиш мускулна маса малку, имај на ум дека нема да ја собереш преку ноќ Среќно. Инфо плус Како мој идол и најголема мотивација на инстаграм ви ја препорачувам да ја заследите @adry_bella . Таа е доказ дека со голема желба и упорност чуда се случуваат
Колку чини отстранување на вишок кожа и каде е најдобро да се направи..? Колку време трае заздравувањето некој ако имал искуство..?
Откако почнав да вежбам во теретана ми се појавија стрии на листовите доле и пределот зад коленото (на горниот дел од нозете ги имав и претходно), како и многу испукани капилари по нозете. Што може да е проблемот?