Јас на твое место би заложила накит за одредена сума, само камати треба да им отплаќаш додека не се раздолжиш комплетно со парите од евентуална работа. НАиВНО од твоја страна што си верувала дека некој ќе ти зајми и те покрие, лекција за друг пат.
Кај мене на Филолошки има опција за плаќање на 4 рати баш видов еднаш едно девојче плаќаше, распрашај се, прашај ги дирекно на студентски дали има опција таква кај вас на факс на 4 рати ама чим си на УКИМ ја мислам дека има, нека ти кажат дали со молба е или како само немој да се откажуваш или во мирување да го ставаш од лично искуство ти кажувам многу проблеми ќе имаш додека се уходаш после и плус за продолжување на студирање после одредено мирување се доплаќаше мислам дека. Точно знам како се чувствуваш и ти посакувам многу среќа да најдеш пари за да запишеш семестар. <3
Во мојот фах немаше опција на плакање на рати , освен стандард еднаш 12000 ден за непарен семестар , 12000 ден за парен семестар , плус за студенски праламент , плус за ова плус за она и итн. Баш ми е жал што се наогаш во таква ситуација , ке треба да паузираш , а опција за кредит за студенти невработени во оваа скапана држава немат . Да ти позајми некој друг роднина , види си распрашај се , ако не паузирај , тоа е
А дали твоите знаат дека некоја роднина ти ветила пари? Ако не знаат, сигурно мора да одвоиле некои средства за да ти го платат факултетот. Обврска нивна е да те издржуваат додека студираш. Како - така ќе заштедат некој денар. А ако знаеле и се надевале на роднината исто како и ти, седни и направи муабет со нив, кажи им се` како што е и заедно најдете начин. Можеби тие ќе се снајдат некако, пример позајмица од на работа, од пријатели или пак заедно ќе одлучите да работиш нешто, па да собереш пари за да платиш ете на рати, ако е дозволено или пак ќе најдеш некој друг начин. Мој совет е најпрво со родителите да направиш муабет.
So molba na faks na site im davaat na rati. Ako primate soc.pomos i rata ti namaluvaat. Ako imas sekoj den vezbi tesko deka ke rabotis.
Ако имаш злато продај го, ќе ти стигнат парите за еден семестар, во меѓувреме ќе си бараш работа. Ако си одличен студент или студент социјално загрозен конкурирај за стипендија. Попрво побарај од родителите наместо од роднини, не биди будала се знае кој попрв ќе ти помогне. Ништо нема да направиш ако се задолжиш и потоа нема да ги вратиш зајмените пари па твоите да ги враќаат и да ги зборуваат. На крај краева кога нема и царот ниту јаде ниту пие, ќе го ставиш во мирување и готово. Не ослонувај на туѓи ветувања, никој не е должен да ти ги плаќа студиите освен родителите.
Државна квота: 200 евра за цела година, приватна 400. Плус уште 1000-2000 денари дополнителни трошоци.
Јас сум во иста ситуација сега. Сакам да земам кредит ама не даваат ако немаш жиранти. Имав пари да платам се додека не се случи мајка ми да се разболе па мораше за тоа да ги дадам парите. И сега сум во таква ситуација што семестарот не ми е запишан и најверојатно ќе мора да го ставам факултетот во мирување не по која вина. Не знам кој би ми позајмил пари. Мојте никогаш ми немаат дадено пари за студирање ниту една пријава немам со нивни пари купено и сега моментално не работам поради истите причини.
И јас бев во слична ситуација.. сестра ми беше средно, дедо ми болен, а живеевме со татко ми и само он работеше и неговите пари за што побрзо (плус кредит исплаќаше), па немаше шанса да не работам. Барај некоја работа. Работев од мои 16г за жал... Работа, учев, пракса, плус дома како мајка бев. Факултетот ми беше на 4 рати направен. Со молба до декан тоа се прави. И мене само поради финансиски причини ми се развлече студирањето, но успеав да завршам.
Да пробаш со некоја работа од дома или работа за викенди на пример, братучед ми во некој кафич така работеше само петок и сабота втора смена и недела прва смена... Има и таква опција на рати да плаќаш семестар како што знам, можеш и со тоа да пробаш како што ти спомна @mariz...
Кафич во Сити Мол беше. Толку знам. А точно кој не знам. Работеше баш до пред 2 месеци он. Распрашај се, види да не имаат некој оглас пуштено за некој кафич сега таму...
@нина122 На рати направи. Ако си социјален случај бесплатно ти е студирањето. Направи го на рати па после ќе мислиш што како. На времето полабаво беше, а сега ми стигаат мејлови дека ако не се платени ратите од претходниот семестар нема да може да се запише нов семестар. Ја на пример во трета година уште првата ја исплаќав ама не ми правеа проблем. Некогаш имав научено ама бидејќи немав пари да го пријавам испитот го полагав во втора или трета сесија. За да си раат со семестар, пријави, материјали, храна и се, најдобро е летото да одиш во Германија на 2-3 месеци. Ако не сезонска работа преку лето во Мк макар и на нива, ако не најдобро е во кафич. Немој да земаш само од М кеш или лихвари. Подобро е да немаш кој да ти позајми така сама ќе изнајдеш решение како да ги заработиш. Анкети преку Ипсос пиши на гугл. Тестирање на шминки. Ама ако не си од Скопје потешко е може нема голем избор за заработка. Ама ако во близина имаш работа на нива или било што ќе заработиш повеќе отколку во Скопје да си.
Од Скопје сум. Ама веќе каснам со уплата. Не знам дали ако каснам ќе ми дозволат на рати да платам. За една рата имам па после ќе се снајдам ама срам ми е да одам кај каснам па и на рати да плаќам. Не знам дали ќе ми направат проблем.
Не е срамота да немаш пари. Ќе напишеш молба до деканатот. Сама ја пишуваш на бел лист хартија или ако имаат молба во студентски прашања ти даваат да потполниш. Не е срамота што касниш бидејќи немаш пари за уплата. Не е срамота што немаш пари за уплата. Напиши посрцепарателна молба за на рати, дека многу сакаш за завршиш, а немаш пари и дека поради тоа касниш, но сепак си решила да побараш одобрување за на рати. Секако ќе ти го одобрат. Пресрами се и оди Не си ни прва ни последна Ќе ти дозволат
Девојки, дали знаете дали е проблем доколку се уплатат пари за летен семестар неколку дена подоцна? Пр. рокот е до 6ти а уплатено на 15ти.
Можно е да те натераат да платиш казна, дури и за ден задоцнување. Подобро е да напишеш молба за плаќање на рати.