Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Има и еден прашок од Doctors e, спакуван е како во школка! На него пишува дека е за белеење! Би требало да го има во сите маркети и аптеки.
     
  2. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Почекав со постов, за да ти помине циклусот. Ко на убиец ми се нафрли.
    Те молам кажи ми каква е таа реклама, ако не спомнувам ни име на пастата, ни каде може да се најде ни колку е цената. Не си ми нешо логична. Пастава може да се најде само на едно место во МК и ти треба препорака за да ја добиеш (не е за отворен пазар) Иначе кошта 430ден. што е мн поскапо од другиве кој се нудат тука, но се користи минимум 4 месеци.

    Кажи ми ти како придонесе за некој да си ги реши проблемите со забите?

    Тој што си има проблеми со забите и непцата, ке си најде решение, ке си праша, не ко тебе од немање попаметна работа да улетува и да вреѓа...

    peace out
     
  3. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Добро бе, ова со хидрогенот и со содата потврдено ли е за ефикасно од стоматолози. Аје ако има некој нека даде мислење. Може ги бели забите, но што се случува со ѓлеќта, не ли ја оштетува?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.546
    Допаѓања:
    201.669
    Пол:
    Женски
    Па ја оштетува, ако читаше погоре, напишав дека еднаш до двапати месечно е дозволено со сода бикарбона. Не повеќе. Пастите за изблеување содржат сода бикарбона, ама нејзиното дејство е послабо во нив. Хидрогенот и тоа 3% е одличен дезинфициенс, ама само ако навистина имаш проблеми со непцата, со воспаление, појава на џебови и слично, а нема толкав ефект во избелувањето на забите, слаб е за тоа. И тој не се препорачува секој ден, ниту пак да се голта. Во ординација се користи поконцентриран хидроген кој буквално ги разјадува забите, затоа и се побели.
     
  5. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    тогаш подобро и да не ги користам :))

    фала мн
     
  6. anetta-elizabeth

    anetta-elizabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Јас користам crest whitening advanced/ professional резултат загарантиран! Јас сум пушач а и пијам многу кафе, имав многу жолти дури кафеави заби, сега имам бисерно бела насмевка и сите ја забележуваат промената, јас сум многу задоволна побарајте online ! Со среќа поззззз.
     
  7. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    И јас ги користам овие ленти за заби..презадоволна сум .. за свадбата забите ми беа побели од фустанот :lol:
     
  8. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    A од кај ги земате лентитте и која цена се ?
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Само ме интересира дали лентиве се на база на некаква хемикалија,зашто имам ептен слаба коска на забот и ми е страв да не направам некаква беља ако ги употребувам.
     
  10. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Геа и јас имам слаба коска , но еве година и пол ги користам па немам никаква штета, ако можиш да ги порачаш не се двоуми слободно користи ги, ќе се изненадиш колку брзо има резултати..
    Лентите се околу $45 има дваесет во едно пакетче доволно за да ја видиш разликата, но ке ти требаат да речиме 3 за да дојдиш до до чисто бели заби, ама зависи и колку ти е жолта коската,мене ми бешее многу..позз
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене ми здосади веќе Колгејт пастата.Сакам да ја пробам Лакалут, ме интересира дали е добра и колку чини ако некој ја користел :?: Или кажете ме некоја друга подобра паста за заби?Три пати ги мијам дневно забите, а со сода не сум пробала..можеби ќе се решам да пробам деновиве ама никако често да го практикувам тоа :)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Карина , јас ја користам Лакалут . Ми ја препорачаа кога ги ставив фиксните . Има за чувствителни заби , за побели и уште една мислам . Ама добри се , јас сите ги имам пробано .
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anetta-elizabeth

    anetta-elizabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    да и јас имам слаба коска а инаку толку се 45$ некаде се 20 некаде 15 оди на страната на walmart и провери дали имааат international shipping ! пиши ни ако си нашла како да ги порачаш. инаку кога ги ставам на забите чувствувам слабо пецкање ама не е ништо страшно !
     
  14. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Лентиве колку пари се,како се користат и кај може да се најдат? Позз :rofl: :angel: :D
     
  15. anetta-elizabeth

    anetta-elizabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    лантите пробај на интернет да ги најдеш, инаку се лепат на забите и се држат околу 30 минути им а 20 ленти во една кутија некогаш 15 зависно од амбалажата а се 45$ позззз
     
  16. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Измијте ги со цеден лимон,тој им дава сјај како на забите,така и на непцата.Природно си е природно :)
     
  17. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има користено пастата за избелување на заби Optifresh од Oriflame? :)
    Какви се вашите искуства со оваа паста?
     
  18. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Прочитав некаде (мислам дека и тука на фемина пишува) дека сода бикарбона за белеење заби е многу ефикасна :)
    Јас си ги измив забите прво со сигнал whitening паста, после со сода бикарбона, па ги истрив со едно парче лимон. И успеа, стварно побели ми беа таа вечер :D
     
  19. An..anicka

    An..anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Crest whitening stips стварно многу помагаат,и за разлика од сода бикарбона забите се бели и следниот ден :D
     
  20. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    колку пари е крест витенинг стипс пастава Aн....аничка ,имам прилично золти заби ги мијам на сабајле и навечер со колгејт и никакви резултати и не ми се ни смее некогаш заради забиве ептен ми е незгодно ....ми кажа една забарка дека ѓабе е се што и да пробам коската ми е пожолтеникава и ништо не може да помогне..но јас се уште имам надеж дека ќе најдам нешто стварно ефикасно не барам ептен да ми се бели туку неколку нијанси побели од што ми се позз ;( ;( ;( ;(