Мене стоматологот ми рече барем 2-3 недели, и не само кафе, општо темни пијалоци/темна храна, црвено вино, манџи, кечап итн. Мада што таквите пијалоци и храна секогаш ти влијаат на забите, без разлика колку време и да чекаш после белеење, кога ќе почнеш пак да ги внесуваш имаш ризик да ти ги пожолтат.
Јас истиот ден пиев кафе ама со цевка, а недела- две зибегнував пребоена храна (кечап, црвени овошја)
Гледам има две опции за белеење на заби- во ординација и дома со средство што ти го дава стоматолог. Второво е поефтино и повеќе ми одговара, искуства и цени со ординации за белеење на овој начин?
Curaprox 5460, многу е убава, оваа е ultra soft. Има и уште помека од неа, 12460 пишува на неа, само брзо ќе ти се деформира ако четкаш поагресивно.
Се согласувам и јас за Elmex. И Paradontax е многу добра, нема убав вкус како колгејт ажа Elmex и Paradontax се добри. Парадонтакс нема многу убав вкус ама квалитетна е, убаво ги чисти забите. Се наоѓа секаде: дм, маркети па и во аптеки мислам.
Вреди да се проба Од ДМ. Иначе, ако забната коска ти е жолта -нема спас. Ова е лек од никотин. Втора опција, два пати неделно на четката ставајте сода бикарбона.Може нема да обелат, ама ќе светат. Проверено.
Полека со содата, да не си направите поголема белја. И двапати неделно е многу. Абразивна е, ја оштетува глеѓта на забите и ги прави поприемчиви за пигменти. Ослабува забната коска, забите стануваат склони кон расипување. Затоа внимателно со содата.