Имаат пишувано во темата, иди на претходната страница. Зависи од каде ќе си ги купеш, околу 40-45 долари се. Провери на e-bay на страната.. Инаку и јас ги имам користено, ефиксани се и немав никаков проблем, но дечко ми на пример ги стави два пати и прекина зошто премногу го болеа забите.. Ако имаш навлаки или пломби не фаќаат лентите, нема воопшто да се избелат забите. Едит Crest whitening пастата е околу 3-4 дол.
Ја користам веке неколку месеци,добра е навистина,корисна за забите и здивот,користам и од таа што е за обелување ,во побело пакување,морам да признаам дека најдобра до сега паста која сум ја користела и освежувачки делува ,и е убава за забите,ефектите не се гледаат се разбира оддеднаш,за се треба време и континуирано користење,би ти ја препорачала сепак
И јас токму таква купив, во побело паковање што е, ама неможев слика да најдам. Сабајлево ја пробав и стварно многу освежувачки делува, па си викам да прашам тука дали некој ја користел....да не има некои штетни последици од секојдневно користење. Ти си ја користиш како нормална паста, или онака привремено? А за резултати јасно ми е не очекувам преку ноќ, всушност не сакам некои видливи резултати, онака со тек на време....
Па ова е нормална паста за заби, зошто да не се користи секојдневно? Не би требало да има штетни последици, бидејќи е во слободна продажба. Претпоставувам дека активните состојки се во нормални количини. Затоа не се плашете да ги користите пастите за заби, важни се во секојдневната орална хигиена
Нормална паста за заби,нее избелувач ,сум користела и избелувач во прав е тој не се користи секојдневно ,а инаку оваа си е супер ,да ја користиш
Ако сакате бели заби,пробајте паста за заби DOKTORS, многу е ефтина и има многу ефект,јас лично ја користам и сум презадоволна
Има ли негде на форумов цена на ламинатите?Читав дека некој сакаше да праша за цена во некоја ординација ама прочитав повеќе од пола и не најдов дали има пишано.Ај некој ако знае нека пише,сериозно размислувам за ламинати само ако не се премногу скапи,пошто забите ми се здрави само нерамни и со дисколорации,па мислам дека ламинатите би биле одлични
А ја видовте ли онаа паста од новиот каталог на Орифлејм и мислите ли дека би била ефективна? Планирам да си ја нарачам, ама уште се двоумам..
Јас ги мијам со сода бикарбона. Имав навистина многу жолти заби бидејќи сум пушач, едната опција беше да се откажам од пушењето ама не можам страствен пушач сум. Сега како опција земав сода бикарбона. Ги мијам наутро еднаш и навечер, пред спиење. Прво со сода бикарбона убаво ги тријам па после со паста. Има ефект, пробајте па ќе ми кажете.
Колку време практикуваш вака? Препорачливо е еднаш до два пати месечно, не повеќе... Леле, секој ден навечер и насабајле кога прочитав вака останав
Ало бре луѓе, без заби ќе останете Се што е прекумерено, е штетно. Иако забите ти се бели сега, тоа е моментално, а потоа може да ти се оштети забниот камен. Експертите препорачуваат 1 до 2 пати месечно. Не правите експерименти, туку пазете и консултирајте се убаво.
Секојдневно со сода? Најмногу 2-3 пати во месецот е дозволено ,во спротивно содата штетно влијае на забите ги нагризува и оштетува , уште одма намали со содата . Брзајќи за побрзо да ги обелиш да не останеш без заби ,ни бели ни црни -празно множество.
А белеење на забите на стоматолог?? Има некој вакво искуство?? Јас планирам да идам да ги избелам па ми треба информации.. што?како? колку? фала однапред
Една моја пријателка одтиде на белеење на забите кај стоматолог. Знам дека резутлатите беа зачудувачки, со оглед на тоа дека е страстен пушач, зависник од кофеин. Мислам дека и земаа 9000 денари, максимум 10.000. Меѓутоа како што памтам, не треше тоа долго, зошто по месец дена, два, забите повторно почнаа да си пожолтуваат.
Џабе давате пари за избелување, ем е штетно за глеѓта, ем ефектите се краткотрајни. За бели заби помага само генетика, тоа е
Ќе се пофалам свесно, затоа што го имам најдобриот стоматолог во Скопје. Самиот ми има кажано дека нема ништо убаво, ниту корисно во белењето на забите. Како што кажаа девојките погоре - ефектите се краткотрајни, штетна е целата процедура, ја упропастува глеѓта и ги рони забите. За бели заби е важна генетиката (Сесилија) да се намали количината на кафе, да се сведат цигарите на минимум или воопшто да не се консумираат. Мијте ги забите со забни пасти со обелувачки ефект, темелно чистете ги со конец за чистење, правете гаргара со чај од жалфија или нане (корисни и за непријатен здив). Јас 2-3 пати во неделата ги мијам со крупна морска сол. И тоа е штетно како и содата и свежиот квасец, сепак малку помалку. Не претерувајте и со солта. Ако веќе забите ви се ужасни, но не само во бојата, туку се и расипани, да не речам скапани, размислете за ставање порцелански и решете се од проблемот.
Ја препорачувам оваа паста,посебно сината.После некое време користење забележав многу позитивни промени.Моментално ја имам зелената,но откако ќе ја потрошам пак ќе си земам од сината.
Кога сме веќе кај пастиве, ја има ли некој пробано новата на Colgate, што демек за една недела ти ги осветлува забите? Не можев слика да најдам, ама во сиво коцкасто пакување е, и е околу 160 денари.