Јас пред една недела ги исполирав забите.Не белеење, туку полирање. Искрено не сум многу задоволна, не видов некоја голема промена. Заболекарот ми вели дека полирањето ги прави забите за една нијанса побели. Пушач сум, но сепак и немам жолти заби, па можеби затоа не ја осетив разликата.
секој заб има пигменти кај мене се многу бели забите додека кај мојот брат колку многу ги мие но имаат жолта нијанса зависи има нешто до пигментите
Колгејт јас конкретно не сум ја пробала но ја употребувам оваа веќе подолг период и помага и те како. Иако навистина и покрај тоа што сум пушач и пијам кафе, пу пу за среќа барем со белина на заби немам проблем. Треба да се внимава на хигиената дефинитивно. А белење на забите ниту мојот стоматолог не ми препорачува, така да само ќе се повторам. Дури и ми рече дека некојаси процедура која не е воопшто така едноставна наводно и многу боли. Баш се зачудив кога ми кажа. Кој би рекол?! И кога одам само на дентална хигиена избегнува да ми ги чисти со тоа песокот - не знам точно како се вика начинов на чистење, бидејќи уште повеќе ја нарушува глеѓта (не знам дали е ова вистинскиот израз) а со мојот „к’смет“ на ослабена глеѓ уште само тоа би ми фалело
Како ги миете забите со сода бикарбона? Ја растварате во вода па ја плакнете устата, или сода бикарбона ставате на четката?
мој избор на паста за заби е aloe fresh smile , која навистина ги белее а воедно ги штити забите и непцата. ми се допаѓа зашто е направена од природни состојки ( барем така пишува). инаку стварно белее, ја имам веке некое време и се приметува разлика. ми се свига тоа што нема флуор, бидејки тој е навистина штетен. пастава иначе ја има само во аптеки. еве ви линкче да прочитате Спојлер http://www.zkhealthcare.com/products_dental.html
Еј да заборавив, во Беверли трговскиот (за оние кои се во Скопје) има една продавница за здрава исхрана а и по аптеките би требало да го има истото, проверете - сушени морски алги, црн прав е, буквално - ем е добар за белење на забите а и за непцата, плус и убива бактерии. Црн е ама не се плашете, обратен е ефектот
Исто како со паста да се миеш. На четката ќе ставеш сода бикарбона и така ќе си ги четкаш забите. Има ефекти
За подобри резултати ќе додадеш хидроген пероксид 3% од аптека земи, ефтино е. А за оние кои мислат дека е штетно, само да појаснам, дека хидроген пероксид 3% е... 97% H2O → 2 атома водород + 1 атом кислород (обична чиста вода) 3% H2O2 → 2 атома водород + 2 атома кислород (од кислород имаш повеќе корист отколку штета) Може секојдневно да се употребува, но да не се проголта. Ја балансира pH вредноста во устата, воедно ве ослободува од непријатен здив. Спојлер Неодамна прочитав на нет дека некои девојки кои имале кандида, инфекција и сл, ја одржуваат интимната хигиена со мешавина од H2O и H2O2, и немаат штета, баш напротив, ја вратиле pH вредноста на нормално ниво и набрзо им се намалиле симптомите.
абе како сода па непцата лом ќе ви бидат,незнам јас си ги мијам редовно пушам пијам кафе ама не ми се жолти и идам на полирање секои 6 месеца
во волково др.ирина се вика стоматологот ама закон е и душичка,цената е 900 денари и секако дека резултати има,да нема зар јас ќе идам?
Мене ми кажа стоматологот дека е 300 денари полирање, тоа 900 многу бе. И тоа плус на приватно што одам јас, без картони. Со картони било безплатно.
еј далеку ми е волково.... а Lacrimosa кај идеш ти приватно? негде да дајдам у центар таман 300 не е скапо ич
белината на забите зависи од многу фактори од кои најважни се... видот на исхраната која ја внесувате...значи општо квалитетот на забите зависи од исхраната... навиките ...никако пушење (освен забите и здивот ќе ви е одвратен)... ,никако многу кафиња и чаеви или обоени вештачки газирани напивки.. редовна хигиена пред се...минимум 3 пати миење на заби во текот на денот,после секој оброк обавезно... а пожелно е и повеќе пати миење...ги препорачувам Colgate Total,Colgate White,Signal Whitening... исто користење на специјална течност за плакнење за подобар ефект... за непцата посебно добри има гелови за нивно зацврстување... и секако за одлична насмевка забите треба да ви бидат здрави (редовно одење на стоматолог) и правилно поставени во усната шуплина.. а што се однесува до третманите за белеење тие и така се се краткотрајни и неефикасни и ако не ги применувате другите претходно наведени работи нема да имате ефект...
Вчера со ја купив оваа паста , исто одлична ми се допадна. Инаку девојки еве конкретно да кажам за мене, имам прилично темна природна боја на забите, а и поради операцијата која ја правев на двете двојки горе, тие два заба уште толку ми потемнаа и добија ужасно сиво-жолта боја. Не сакав нормално такви да ги гледам и редовно одев кај мојот стоматолог да ми стави некои пломби одозгора, бидејки забите ми се здрави и не сакав да ставам порцелански навлаки. Ги средив нив, значи горе-долу бојата на сите заби ми дојде иста. Исчистив забен камен (имав многу малку, и стоматологот ми рече дека не сум многу склона на негово создавање ), ги исполирав (одам редовно, еднаш месечно по препорака на стоматологот) и нон стоп си користам паста за заби, исклучително за избелување на забите. И јас сама гледам дека значително е подобрена ситуацијата, а и многу мои блиски луѓе приметија и ме прашуваа да не сум одела на некаков третман за избелување. Нормално дека сега не ми се којзнае какви бели, ама има и тоа каква разлика од претходно. Инаку баш би сакала и јас да одам на некој посебен третман за избелување на забите.