нешто што воопшто не ми се допага на мене се забите правилно се распоредени но десниот преден заб е малку подолг од левиот и поради тоа изгледа како вилицата да ми е искривена и исто така мојата забна коска е природно жолта, редовно ги мијам забите два до три пати на ден и пак се жолти како да немат видено паста за заби сакав да одам на ласерско белеење но бидејки имам и пломби ке изгледа многу неубаво бели заби и пожолти пломби п.с. дали некој има ставено забни ламинати? слушнав дека чинеле околу 100 евра за еден заб и за моите заби само тие се решение. Многу скапо ке ми излезе. ако добијам на лото ке си ставам обавезно
Значи кај тебе решението беше секој месец полирање на забите и користење на паста за нивно избелување? И моите се жолти..ств не знам зошто, не верувам дека ми е наследно моите мислам немале такви проблеми а ни брат ми ни сестра ми... кафе не пијам (еднаш во месец), не пушам... редовно си ја одржувам хигиената..
^ Aбе и моите се жолти природно, не дека сега којзнае какви се, ама битно има разлика, се приметува дека се осветлени за неколку нијанси.
девојки моите заби многу брзо белеат со пастата бленд а мед. е сега јас порано насекаде низ скопјево ја барав- ја немаше никаде, па затоа ми ја носат од странство. мислам дека подобра паста за заби нема. пробајте ја.
Можеш да се обидеш со сода бикарбона,пред миење да ги истриеш забите околу 5 минути,па после со паста it worked for me.
Еве веќе втора туба од SIGNAL - WHITE NOW користам. Презадоволна сум.. и јас имам природно жолтеникави заби, но порано ми беа ужасссс.. Cега можам слободно да се смеам, нормално имаат повторно некоја бледо жолтеникава нијанса, но очекувам да се среди сето тоа за некој месец. Пробајте, навистина е делотворна.
Jaс од Тинекс ја купив, можеш да ја најдеш во поголеми маркети, ама мислам дека во Тинекс беше многу поскапа :/
Не.. Не сум ги полирала, никаков друг третман освен миење со паста и потоа додатно чистење со конец. Инаку моментално сум во месец со редовни прегледи на стоматолог, со цел да средам тоа што е за средување, па на крај ќе биде и полирање и отстранување забен каменец. Последен пат на полирање бев пред година и пол, и исто бев презадоволна од резултатите. Мислам дека овие 2 во комбинација би биле совршенство. Спојлер Јас го препорачувам стоматологот што е позади Симпо во Црниче, по тесната уличка меѓу Симпо и новата зграда на Груевски. (веднаш до тоа америчкото школо. поздрав
Се согласувам со ова! Мене ми помага Lacalut. А за сода бикарбона и лимон немам пробано ама ке пробам.
Многу добра е новата паста на Colgate Whitening for 2 weeks испробано е и навистина има ефект, многу ми се имаат пофалено супер е!!!
Здраво дечки, сакам ваше мислење. Одржувам редовна хигиена на моите заби, но сепак не ми се бели, татко ми има ист проблем, пошо е постар дури и жолти заби има. Дали има шанса да е наследно? Што мислите? Мислам има шанса да е до коската на забот?