Имам пробано многу различни пасти за избелување на заби и најзадоволна сум од Aquafresh Е сега нема некоја драстична промена ама неколку нијанси посветли да Со Colgate и Signal не приметив никаква разлика, особено со White now апсолутно никаква разлика. Моментално ја користам новата паста на Colgate Maxwhite one во сиво пакување. Сега за сега ми се чини дека делува ама сепак кратко време ја користам 5-6 дена па уште не сум сигурна.
Јас сум мошне пријатно изненадена од бомбончињава Ни првото кутиче не го потрошив, а веќе приметувам дека забите ми се побели! Не дека ми се жолти, не сум пушач, кафе не пијам секој ден, ама приметувам дека двојките ми се побели одошто беа. И од јадење јаболки, особено оние зелените имам приметено дека ми се чистат. А од пастите немам приметено некоја голема разлика. Colgate ги откажав (затоа што ги тестираат на животни), а сега сакам да ја пробам техниката со сода бикарбона
Може да ми кажете дали белеењето со сода бикарбона може да ми ги надразне непцата?Имам мн осетливи непца па страв ми е да пробам....
И јас порано имав проблем со забите. Ми беа бели и здрави и секој ден ги миев но секогаш остануваше нај доле од забот по малку наслаги од храната. Незнаев во што е проблемот по 10 минути ги миев забите и пак не ми беа скроз бели. Но после толку време најдов решение. Си купив четка на вибрации од тие на батерии и кога ги миеш забите таа круже со влакната насекаде и многу убаво ги побелува. Скапа е четката јас ја зедов околу 1000 денари на намаление беше али навистина вреде.
со сода бикарбона е дефинитивно супер, а инаку приметив оваа паста доста ми ги избели, ми ја препорачаа за непца и доста е ефикасна, а од истава има и за белеење и на база на флуор. вреди да се проба, ако не бива на забар со апарат.
Најзадоволна сум од оваа...иако треба да се избегаваат кафиња,чаеви сепак неможам а да не ги консумирам...мој предлог е да одите редовно на полирање на стоматолог-тоа е чистење на меки наслаги,и не е скапо еве на државна е 250,300 ден убаво и темелно четкање а особено правилен начин-како што паќа дождот-за горни заби и ккао што расне тревата за долни.
по маркетите се продава пудра за избелување на заби на докторс е околу 50-60денера јас ја користам веке година дена и што да ви кажам. Белинааааа
никогаш не сум верувала во реклами за пасти за заби. најмногу користам Colgate но на татко ми, на промоција му дале 2 мали пасти за заби од Signal (White Now) и навистина функсионира ! навистина забите ми се побели
OrdinaryGirl ја проба таа техника со сода бикарбона?? Aко ја проба пиши го искуството..Повекето викаат дека дејствува но јас ја пробав ии за жал немаше голема разлика..
една заболекарка ми кажа дека се белат со сода бикарбона и хидроген 2 % но оној за дезинфекција на рани, на усната шуплина го има во сите аптеки. Се става малце од него и од содата на четка и така се мијат забите 2 пати дневно, мене ова не ми помогна баш па затоа си ги белев забите на заболекар , еднаш за матура и еднаш малце после тоа но не се придржував баш до тоа да не пијам црвени сокови, да не јадам некои нешта па не ми се веќе до толку белички како што ми беа
Користам паста lacalut за избелување и сум прездоволна од неа...а пред некој ден си ја купив и четкава само мојата е розева и можам да кажам дека преубава и многу се меки влакненцата не ни осекаќате кога ги миете забите Пробајте ја нема да зажалите
луѓе не знам кому да се обратам..ич не ми текнува на која тема прочитав за белење на забите 300 ден. мислам дека ординацијата се наоѓа во Аеродром ако некоја од вас случајно знае,или ако знаете некоја добра друга ординација каде што го прават тоа,поевтино ..пуса
Сода и лимон...измешајте и со тоа четкајте ги забите едно 3 до 5 минути ( ќе си приметите кога е доволно) Помага 1000% плус не е воопшто штетно, ја скоро на секое миење ги користам... П.С. Не е мој експеримент, забарката ми препорача...Пушам по кутија дневно и без 3,4 кафиња не сум...а пак имам совршено бели заби... А, да и забарката ми забрани избелување... Две недели по избелувањето, забите поцрнувале и ако еднаш ги избелите мора да продолжите... Плус се оштетивала млечта и се ронеле....