Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.608
    Мене сода бикарбона ми има помогнато, ама не веднаш откако сум ставила.. туку резултатот сум го приметила после неколку дена. Ама исто така треба и редовно миење на забите со паста. Јас два дена забушавав, не си миев редовно заби и повторно ми се вратија исто како што ми беа.. А сега, денес баш купив Colgate Triple Action зашто до сега користев друга паста за заби, уште од првото миење како малку да ми ги обели забите, баш го видов истиот ефект како со сода бикарбона и редовното миење на заби, но ова со само едно миење на забите. :)
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Девојки сте слушнале ли нешто за избелување на забите со пескарење? Гледам имаат некоја акција и намалена цена па незнам дали да пробам. Постапката одела така што прво одиш на тоа пескарење па дома околу 5-6 дена ставаш некаква си паста на онакви гумени(или силиконски) навлаки и после 5 дена одиш и ти ги фиксираат резултатите. Пишува дека не е воопшто штетно за забите и со последниот чекор во постапкава дури и позитивно било за забите ги штити од осетливост на топлина/ладно и кариес. Слушнал ли некој за ова или го пробал ли? Се мислам дали да пробам...
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Редовно миење, но се зависи од природната боја на забите. Некој има природно потемни пожолтеникави, некој има природно бели, прљаво бели, сум видела и луѓе природно креч боја заби. Мислам дека и водата тука има влијание, така слушнав пријател на татко ми цел живот пие чиста изворска вода забите му се сон.
    Она избелувачот од топ шоп :lol:
     
  4. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Плавушке не ми е јасно баш, што е со тој избелувач? Такви му биле забите?
    Претпоставувам твојот пост не беше одговор за мене ама јас пак да си прашам :D :D
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не не јас го пишав општо постот, а инаку има од Топ Шоп избелувач на заби, не знам дали е ефикасен не сум го купила, но нешто како туш за очи е само е бел и за заби и го нанесуваш на забите всушност ги лакираш како да се нокти е сега не знам како изгледа затоа што е ептен креч бел :^)
     
  6. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
  7. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    уба работа е содата ама е штетна за глеѓта на забот....некако, го разјадува :!: инаку јас нормално имам потемни заби и јас барам нешто за белеење....ама мене ми се 80% пломби предните 4 и не знам дали можам се да употребувам....дали ке ми помогне паста за обични заби :lol: сепак моиве не се обични :D
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Како е тоа со сода бикарбона може да ми кажете и дали има ефект веднаш ???
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Пробајте со јаготки,јас веќе по 3дена осетив резултати бар за нијанса ми се побели 8)
     
  10. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Епа дами мои ја видов не видов..уплатив од тоа третманот со пескарење! Ако има ефект ќе ви пишам..може додуше и сами ќе приметите сигурно ќе почнат да ми сијаат и постовите :lol: :lol:
    На арно нека е!
     
  11. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132

    Има резултати од пастава???
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    ^ Да. Еве 10тина дена како ја користам и има. Нормално нема некој wow ефект, преку ноќ забите да ми светат на 100км, ама се избелени за нијанса. Вака не е многу приметливо али на тие лентите што се со нијанси од бело кон жолто што ги има, се познава разлика
    Јас ќе продолжам да си ја користам зашто ептен ми е по ќеф, погодена ми е многу
     
  13. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    можеби го има ова мислење , но прочитав некаде , дека треба да ставиш парче лимон на горната и долната вилица или да ги измиеш со парчето лимон , првава постапка ја пробав навистина делува :)
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Да, има резултати. Јас ја користам исто 10тина дена и се забележува ефект. Редовно ги четкам забите и имам избелување за некои две нијанси. За се’ треба употност, така и за ова. КОга ќе ја дотрошам оваа, ќе пробам една друга. Моментално заборавив како се викаше, но ми ја препорачаа ;)
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Лимон никако не смееш да користиш на забите! Киселината ја нагризува глеѓта па ќе си направиш проблеми.
    Никако не ставај повеќе,батали релултати.
     
    На tweety54 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anita.lipsy

    anita.lipsy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Како да ставиш парче лимон,кора или тоа внатре ? :)
     
  17. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Девојки имам проблеми со подуеност на непцата,И тоа со години :( Дајте некој совет
     
  18. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Прополис за непца од мед се мачкаат 3 пати на ден, меѓу забите каде имаш воспаление и јаки инфекции.И јас имав исти проблем како тебе.
     
  19. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Мојте заби се многу бели а ништо не и правам само ги мијам со голгејт ти можеш да си купиш такво з аизбелување на забите :^)
     
  20. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    А каде може тоа да се најде во аптека така?и колку пари е :) и ти помогна тоа се намали ли отокот? :)