епа вака ме интересира да не знае некој колку пари е да ти ги избелат ласерски забите,како џвездине на тв што имаат блескава бела насмевка??
исто и мене не ми делува воопшто... а ова со јогуртот шо имате пишано во првите неколку страни на колку време треба да се користи и само за еден ден се белеат и толку или трае поќе време???
и јас имам пробано со сода бикарбона и веке по вториот пат забележав разлика. исчеткај ги забите прво со паста,па после 3-4 мин четкај ги со сода
Ќе си купите ваква паста.Се продава само во аптека, чини околу 160-170 денари, резултати се видливи после првото миење.
А дали сте ја пробале пастата за белеење заби од Докторс со алое вера? Јас би сакала да ја купам, да ја пробам, но прво сакам мислење на некој од вас, ако е подобро упатен
И јас си ја користам долго време сум многу задоволна но ајде за промена ја купив новата на Колгејт ама врска нема
Имам жолта коска на забите, не јас, сите кај мене во фамилија, плус сум пушач, а тоа не е толку сјајна комбинација. Да не замарам со превод, на кој му се чита нека чита: http://www.webmd.com/oral-health/slides ... iter-teeth Е сега што може дома да правите. -Исечкајте една јагода на пола така што ја собира во устата. Држете ја вперена кон забите во устата така што внатрешното на јагодата ги допира вашите заби. Тогаш поминувајте ги со јагодата додека не станат розеникаво црвени. По 5-10 мин измијте се со паста за заби која обично си ја користите.
Вака сега, излезе една нова паста по име signal white now од colgate и е некаде од околу 170 до 210 денари и ја има во сите маркети.Таа има ефект веднаш после првото миење и ефектот трае некаде околу 3-4 часа.Ако сакаш можеш да ја пробаш Навистина има ефект.
Јас користам едно средство што го земав од УСА и навистина делува, а го користам еднаш неделно. Во меѓувреме се мијам со Колгејт (веќе спомнувана во постовите погоре) и сум презадоволна.
Решив да ја заменам Колгејтот со оваа паста. Ја купив од Зегин 151 денар и ја користам веќе 2 дена. Искрено да ви кажам не можам сеуште да проценам дали има некакви резултати, но за недела дена би требало да увидам. Тогаш ќе се пријавам на рецепција во темава и ќе ве известам. Инаку ги мијам забите 3-4 пати дневно (обично после секое јадење и пред спиење обавезно)