Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Штетно? а докторот на тетка ми сите пасти и ги заменил со сода, мојава докторка ја прашав дали е штетно миење со сода таа ми рече дека е многу корисно, само не се препорачува пречесто миење со сода.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Не е штетно,и јас ја прашав докторката што поправа заби и таа ми кажа дека е многу убаво само да не биде често 1 или 2 во неделата..:)
     
  3. patika

    patika Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    24
    Јас си порачав од една другарка што беше во Америка Крест ленти за белење на забите и пријатно сум изненадена од резултатите. Навистина се побели забите, но за жал тоа трае неколку месеци, а нема од кај да си купам пак, кај нас ги нема :^) .
     
    На devonne и Maeeeee им се допаѓа ова.
  4. Ristena

    Ristena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    27
    Јас ја користам веќе еден месец, сега излезе во ново пакување со подобрена формула и морам да кажам дека сум прилично задоволна од изгледот на забите и плус цената е доста ниска,а добивам напредна нега на заби :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 20572_1.png
      20572_1.png
      Големина на фајлот:
      166,5 KB
      Прегледи:
      385
    На Peperutka90 и Hipica им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Пастата на Орифлеим ми е следна на список, а многу сум задоволна и од онаа на Колгејт која гледам повеќето ја испофалиле.
    Инаку, третманот со содата не се препорачува повеќе од два пати во месецот, ај нека бидат и три преку сила, ама никако повеќе - како побогу 2-3 пати неделно да се мијат заби со сода?
    Се имам консултирано со повеќе стоматолози и одговорот го сведувам на горенаведеното.
    Штетно е луѓе, а заби се во прашање, не бонбончиња.
     
    На Ristena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Се‘ што е претерано секако дека е штетно. Така и за користењето на сода. Ако не беше штетна, сите до сега ќе имавме бели заби како снег. За џабе не измислиле пасти за заби. И не разбирам како сакате преку ноќ да ви побелат забите.
     
  7. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас можам да се пофалам со бели заби за да ги одржувам бели еднаш месечно ги мијам со сода бикарбона.!
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски

    Лентите ги белеат забите на тој начин што го разјадуваат горниот слој на забите, забната глеѓ... се добиваат убави бели заби, но штетно е.
     
  9. StefanS

    StefanS Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    ВООПШТО не ја препорачувам Colgate Max White. Можам слободно да кажам дека нема никаков ефект. Можеби пола саат откако ќе ги измиете ќе ви бидат побели,но воопшто не е трајно,само ќе потрошите 170 ден за 70ml.
     
    На Fearless, Meggy и Ristena им се допаѓа ова.
  10. Anetaaaaaaaaaaaaa

    Anetaaaaaaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пробајте со течност за плакнење на устата, од Colgate, после секој оброк плакнете ја устата, а забите мијте ги со било која паста за заби од Colgate whitening, и бар еднаш дневно мастика од Orbit professional whitening, јас ова го практикувам веќе пола година и сум многу задоволна, разлика се забележува по една недела максимум :)
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Кој има можност, нека ја купи пастава од Бугарија:

    [​IMG]

    Јас ја земав од Метро од Благоевград, сигурно ја има и по продавниците, а гледам дека има објаснување и на грчки, што значи ваљда и таму може да се најде :) Не сум сигурна за цената, ама ги земавме на специјална промоција по пакување од по 4, а плативме за 3.
    Американски бренд е, и е апсолутно прекрасна и ефективна, како и сите линии на пасти од Arm and hammer :up: Тие ја измислиле содата за користење во пасти за заби која не е штетна како обичната.
    Препорака со 10ка!

    * јас ја користам и оваа и исто сум презадоволна, забите едноставно светат ^_^

    [​IMG]
     
  12. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Сите сакаат да имаат бели заби, но производите за белење на забите често чинат многу пари. За среќа, природата создала храна што ги обелува забите и со неа, не само што можете да делувате на чистење на дамките и да им го вратите природниот сјај, туку треба и превентивно да ги конзумирате.
    Според последните медицински истражувања, храната „чистач“ на заби се состои од следниве прехранбени производи:

    Јаболка и целер
    Крцкавите овошје и зеленчук се одлични за чистење на забниот камен и полирање на забите и непцата. Исто така, делуваат во насока на зголемување на излачувањето на плунката, што може да го подобри општото орално здравје.

    Јагоди
    Овие плодови содржат состојка што се нарекува јаболчна киселина и се сметаат за најдобриот природен начин за полирање на забите. Киселината содржана во нив е една од најважните сотојки за избелување на забите, според стоматолошките наоди.
    Како да ги користите?
    Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите.
    Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат.

    Сирење и кашкавал
    Ова е добра вест и причина повеќе да се конзумираат млечните производи, особено за луѓето кои обожаваат сирење и кашкавал. Речиси сите видови сирење и кашкавал содржат еден специфичен вид млечна киселина која помага во заштитата на забите, т.е. делува во насока на спречување на развојот на кариес.

    Сода бикарбона
    Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување.
    Како да ја користите?
    Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути.
    Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување

    Кора од портокал
    Внатрешната страна од кората содржи состојки кои ги белеат забите. Затоа земе ја кората и тријте по забите, верувајте, ќе им го вратите природниот сјај. Некои пак истото го прават и со кората од лимон. Методот е уште поуспешен ако на кората ставите и малку сол, па така тријте. И повторно измијте ги забите со паста.

    Јаболков оцет
    И јаболковиот оцет помага при избелување на забите, но внимавајте, киселината ја нагризува глеѓта. Сепак, ако ја користите правилно, разредена со вода, ова станува едноставен и здрав начин за белеење. Лажица оцет во пола чаша вода е одлична течност за перење на устата. Мешавината е доволно слаба и нема да ви ја оштети глеѓта, а сепак доволно јака да ги исчисти забите од штетните наслаги. Користете ја мешавината секој ден и наскоро ќе забележите дека забите ви стануваат се побели и побели.

    Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите.

    По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.
     
  13. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас користам паста која навистина ги белее забите но јас имам протези |( па треба после секое јадење да си ги мијам е сега навистина незнам дали е до пастата и по тоа што си ги мијам по 50 пати на ден :D се вика КОЛУНОС :$
    [​IMG]
     
  14. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Јас ја користев Сигнал Вајт Нау и воопшто не бев задоволна |( НИКАКОВ ЕФЕКТ |(
    Сега сакам да се обидам со таа пастичкаа од орифлејм што погоре е спомената :) Дали некој ја знае точната цена? :)
     
  15. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Пред некој ден ја видов во каталог околу 150 ден.беше, се мислев и јас дали да ја земам..ама сепак не, :?: не сум сигурна.
     
  16. viktorija26

    viktorija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    За да ти препорачам паста навистина не знам која имам користено многу ама и не сум баш задоволна,ама за цената на пастите од oriflame можам да ти кажам го имам каталогот пред мене.Има две за избелување едната е 139 другата 129 ако имаш некој да ти ги земе по набавна би биле помалку од 100 ден.
    - Ако ги земеш пиши дали си задоволна.
     
  17. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум :) Мајка ми ја порачала преку некоја нејзина пријателка... незнам точно колку пари :^) Одлична е, резултатот се забележува по второто-третото миење, и не е штетна (бев на заболекар вчера, поправав заб, ја прашав заболекарката дали има некакво оштетување на забите и таа ми рече дека се е во ред и ништо не е оштетено) Ја препорачувам на сите со ваков проблем, со сигурност ке ви ја врати белината на забите :D
     
    На Ristena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. viktorija26

    viktorija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Можеш ли само те молам да ми кажеш која точно ја зеде,би можела и ја да ја пробам...Фалааа :*
     
  19. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Втората паста LACALUT ја потрошив и ништо :( кај мене нема резултати за жал :worried:
     
  20. viktorija26

    viktorija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Користиш LAKALUT? колку знам таа е за заштита од парадентоза не за избелување на забите !