од редовно миење на забите и понекогасш користење на сода бикарбона со лимон, нема подобро и нема подобри резултати! Еве јас имам порцелански и ги кијам после секое јадење, а кога не можам користам забен конец....а и исто така мора да се масираат непцата за да не дојде до миризба од некоја заостаната храна каде не може да допре четкичката или конецот! Поздрав до сите феминки
Конец, здрава четка за заби, соодрветна паста за заби и mouth water, тоа е тоа. Дали некој има искуство со ласерско белеење на заби? Да препорачате некоја стоматолошка ординација? Која е цената за третман? Фала
Да користев,почнав да ја користам откако прочитав на форумот дека помагала за иабелувањето и мислам дека има повеќе типови на Lacalut пастите..мојата беше LACALUT - WHITE
Јас колку што знам оваа паста не е за избелување на забите, туку се користи доколку имате црвени и воспалени непца ти крварат непцата и сл.
Знаете ли дали четкањето на забите со сол е штетно? иначе баба ми ми има кажувано дека порано ги миеле забите со ќумур и им биле невероватно бели и здрави (нели во тоа време немале многу заболелекари) има некој пробано?
Во космо има неколку средства за белеење на заби дали има некој пробано нешто??? И ако имате дали сте задоволни ???
Можеш да купиш паста за белење на забите од Орифлем (не е многу скапа) една моја другарка ја користеше и ефикасна е. Исто така можеш да се обидеш со половина од јагода да ги тиреш забите.
Јас ги користев ленитите од Crest и навистина се супер. МНогу ги обелуваат забите и се навистина ефикасни. Како што кажа Пуфи, ги нема во Мк (штета). Ги користев лентиве и сега ја одржувам белината на забите со Colgate Max White One. Презадоволна сум! штета што немам слика пред и потоа Eдит: не ги нагризуваат непцата, но не е препорачливо да се користат често. Лепенките може да се користат на размак од 6 месеци. Сигурно не е нешто што воопшто не го оштетува забот, но јас забележувам дека нема некои контраиндикации
содабикарбона и малку вода измесајте да се добие смеса и исчеткајте ѓи забите така некој одреден временки период и ке ја видите разликата јас пробав и стварно е така
Дали некој има искуство со ласерско белеење на заби? Да препорачате некоја стоматолошка ординација? Која е цената за третман?
Можи глупо прашање ама сега штетна е содава или не? (добро сега ако се користи во нормала и колку е нормално неделно да се четкаат забите со сода?)
Јас знам дека трае саат до два процедурата и веднаш се гледаат резултати. Ама не ми текнало да се распрашам, и мене ме заинтересира сега.
Порано ја користев таа првата паста за избелување Max Fresh само што мојата беше плава а оваа е зелена...но небев многу многу задоволна...Но сега ја користам таа втората Golgate MaxWhite ONE и сумм многу многу задоволна, значи како избелува со седум дена редовно миење забите се како бисер...
Јас за да ги избелам не користам некои посебни псати, четки итн. Е сега незнам дали е до оваа но вреди да се проба. Додека се бањате со тушот ставете го на најсилно и како водата да е четка и до забите се ,,испрскајте,, убаво.После половина час или пак утре измијте ги забите. Јас си користам паста од Colgate-MaxFresh cooling crystals. и бисер бели. Е сега незнам до кое е . Можете сабајлето да погледнете какви ви се забите дали има напредок, ако нема до пастата е
В лето само јагоди... В зима 2 месечно сода бикарбона ... најдобар рецепт го има и на фемина запишано во убавина и мода категорија ЛИЦЕ..
Ако ме прашуваш мене, од искуство и по совет од заболекар знам дека содата ја уништува природната забна глеѓ. Поради составот може да ги избели забите, но тогаш па обратно, ќе го ослабне здравјето на твоите заби - т.е. ќе станат посклони на расипување и забен камен. Значи, автоматски добиваш обратен ефект. Јас си ја користам пастата Лакалут. За оние кои прв пат слушаат, изгледа вака . Кој и да сум прашала од оние кои ја имаат пробано се задоволни, како и јас самата. Имаат повеќе типа за оние со почувствителни заби. Јас откако ја користам не ми тече крв од непцата при миење, ефектот е долготраен (со други пасти по кратко време чувствувам слој од храна на забите) и воглавно ми ги чува забите здрави. Има малку поневообичаен вкус од другите пасти, но ништо страшно.