Пастата е 170 денари и ја има во сите маркети,ептен некаде има попуст и можеш да ја земеш за 150. Моментално ја користам 1 месец и 2 недели,но нема некој посебен ефект. И стоматологот исто така ми рече дека со паста неможе да се избелат забите. Т.е. може но тоа е минимално. Кога ќе ми се истроши оваа,планирам да си купам MaxWhite Gel
Содата не е штетна,а е многу ефикасна јас 3 пати месечно се мијам со сода,можеби е малку грозно но ефектите се видливи...
http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... fZXMh3HYVQ дали има ова кај нас,видел ли некој. http://boots.scene7.com/is/image/Boots/ ... _sharpen=1 оваа јас ја зедов денес па ќе видиме ќе ви пишам ако има некако ефект
Ја користев Signal White Now и не сум задоволна, немаше никаков ефект, барем кај мене....сум ја користела и Lacalut за белеење ама пак ништо
Вчера купив една паста на Doctor's засега резултати се по малку видливи....Се надевам дека ќе ги обели забите
Стоматологот на една моја колешка и рекол дека зависи каква ти е природната боја на коската на забите и од тоа зависи колку може или не да се избелат забите до некоја нијанса. Ако имате пожолта боја на коската сигурно само со паста за заби може да постигнете некој ефект ама една нијанса + , но не стварно бели заби...
Јас Ја користам Crest и сум многу задоволна ! После кратко користење се приметува разлика.Штета што не си земав повеќе залихи,тука ја нема а при крај ми е .Ако некој знае од каде можам да ја набавм нека каже плс
Јас користам Colgate и задоволна сум....Се резбира користам и едено средство за избелување нз како се викаше ама многу помага..Како зелена течност во пластична тубичка со мирис на нане...Навистина сум задоволна!
Ја користев најпрво Lacalut aktiv по препорака од стоматолог заради непцата, покрај тоа што ми ги одржуваше здрави и цврсти ми побелеа и забите, убава е навистина арно ама јас сум алергична, од неа приметив ми излегуваат рагади ( пукнатини околу устата ) по долга употреба приметив дека е од неа, па се префрлив на Colgate новата и таа исто, всушност Колгејт никогаш не ми ни одговарала, па се префлив на Signal и тоа оваа: е премногу добра, рагадите одма ми се повлекоа а забите си останаа бели, но сега решив да ја пробам и оваа на Сигнал па се надевам дека ќе се погоди. Дали некој ја користел? што се однесува до белеењето знам дека ќе ги белее бидјеќи моите заби лесно се белат, но дали создава други проблеми? приметил ли некој што ја користел?
Негативните дејства од белењето на забите се индивидуални, може да се случи да поминеш без осетливост, а кај други да има хиперсензитивност после белењето на забите..всушност се зависи од прагот на надразливост кај секого од нас. Јасно е едно, дека секое "едно-почетно" белење води во второ,трето итн....а за тоа колку од емајловата површина (најповршинскиот слој од забот) се оштетува одговорот е - со секое белење се повеќе и повеќе.
за побели заби би ви препорачала да пробате со СОДА да ги исчеткате забите после миење. има ефекти доколку тоа се прави правилно. од пастите најзадоволна сум од colgate и zirodent. за крај користам Colgate Plax.
Море да ви кажам најискрено,денес излажав едни другарки од класот дека забите ми ги белеле ласерски,колку да видам дали ќе поверуваат. 2 Месеци користам Colgate Max White One,и тоа пишува да се мијат 3 пати на ден,а само 2 пати ги мијам и ми се многу бели. На почетокот воопшто не очекував дека до овој степен ќе ми стигнат (Но имам и природна белина) ама ова со пастава навистина ги направи уште побели...а веќе 2 месеци користам 1 пакување... 170 ден - 75 мл