И јас ја купив пастава пред некој ден и почнав да се мијам со неа...па се надевам дека ќе има резултати Немам многу жолти заби, но би можело да бидат малку побели.
И јас сакам да ја пробам пастава Мајка ми често патува, најчесто во турција и бугарија па се надевам ке ја најде Само ме интересира цената.Немора точната, ни барем приближно Да не ја шокирам женава Јас користев една од авон или орифлејм (не памтам) од неа имаше резултати, но само на некое време За џабе, пак ми се направија жолти ( откако не ја користев 1 недела Бев во село кај баба ми на една недела за распустов, но ја заборавив пастата и ги миев забите со обична) и сега повторно истиот проблем Ме изнервира пастиштево, не го сакам појќе!
Епа вака срцки,имам неколку прашања -сода бикарбоната ја нанесувате пред да ги измиете забите со паста или после миење со паста? и дали откако ќе се измиете со сода веднаш се забележуваат резултати? -прочитав дека неколку девојчиња оделе на полирање и сакам да прашам дали за да ги полирам забите треба да имам над 18 години? ии дали полирањето е исто со ласерско избелување? ги оштетува забите? -последното прашање;читав за ленти кои се нарачуваат на интернет и значително ги избелуваат забите.Ај ќе ве замолам да ми ја кажете постапката како можам да ги купам,на која страна и како се нарачуваат,како се уплаќа,колку пари(во денари) колку ленти се..?
Зависно од основната боја на забите се добива и резултатот од избелувањето. Професионалното ( во ординација ) избелување на забите сега се врши со посебни гелови во комбинација со ласерско светло и без, меѓутоа резултира со исти ефект во однос дали ке се употреби ласерска светлина. Има клуч на бои и се споредува со основната на забите па се плави план до која боја најмногу може да се осветлат, и се започнува со третманот кој најчесто трае во 3 сеанси. Нема големи штетни влијанија бидејки постојат посебни препарати за премачкување со кои понатаму се задржува и одржува бојата. Задолжително е редовна орална хигиена. Полирањето на забите не е исто со белењето, а претставува чистење на меки наслаги кои се итекако опасни и со натложување може да го создадат забниот каменец. Со полирањето се добива сјај на забите но не и посветла боја. Пастите за заби имаам плацебо ефект и никаков друг, гаранирано. Има препарати кои може да се корисат во домажни услови за белење, резултатот зависно од правилниот третман и нормално квалитетот.
А да не знаеш отприлика колку пари е избелувањето на забите со гелови и во која ординација во Скопје го има?
Јас одам на полирање секој месец скоро бидејќи татко ми ми ги полира, ефектор е добар и не е штетно доколку се прави еднаш месечно. Белеат, да, но не очекувај кој знае колку Иначе мислам дека е околу 250-300 ден.
Што е ова? како се користи? колку пари е? го има на друго место или само кај твојот стоматолог? сори што те нападнав со толку прашања ама стварно ме интересира
Професионалното белење на заби чини 100 евра целиот третман, во мојата ординација, ( ама не е во Скопје), цените во Скопје се поскапи. Ако си заинтересирана пиши ми инбох можеби можам повеке да ти помогнам, бидејки белењето зависи и од возраста. Поздрав (никако немој да употребуваш содабикарбона со лимон, бидејки ја унистува глеќта на забот, па со време забите стануваат поосетливи и поподложни на расипување)
Ги избелува забите,има четкичка и со неа нанесуваш на забите од течноста која се наоѓа внатре во шишенцето и потоа ги миеш. Нешто околу 400 ден. беше,и стварно сум задоволна од него.Се надевам дека го има кај другите стоматолози или в аптека. позз Ана
ги мијам со сода еднаш во неделата али сеа дознав имало и паста со сода внатре само не знам како се вика мора да се проба тоа
Содата е штетна за забите доколку се користи премногу често. Навистина има ефекти, но што помалку ја употребувате тоа подобро. Сум чула и јаготки дека ги обелуваат забите, но само чуено. Исто така има една паста од Bilka забите ги побелува перфектно. И последното е мојата тајна за побели заби
Чекај малце не те сватив Пастата се вика билка,фирмата се вика билка или...? ии колку пари е? кај можам да ја купам?
Здраво,сакам да прашам дали таа паста што е за избелување на заби се наоѓа во секоја аптека или ја има само во аптеки?
Bilka е бугарска фирма за козметика и мислам дека сите производи им се на природна база. Јас ги имам видено само во СП маркетите. Пастата е хомеопатска и беше околу 100 денари. Едно време ја користев и искрено не се сеќавам дали нешто посебно ми ги обели забите, ама знам дека беше една од најубавите пасти што сум ги користела, убав мирис и некоја интересна структура, баш ги чувствуваш чисти забите.
имам читано дека ако изџвакаш лисја од целер забите побелувале и го снемува лошиот здив колку е вистина незнам....(не сум сигурна дали од едно џвакање тоа успева не пишуваше на страницата...но ако не ви успее пробајте повеќе пати)...не верувам дека би штетело бидејí е целерот нели на природна база хаха....ако пробал некој нека каже и однапред да кажам sorry ако го има некој истово написано...мразам кога ме опоменуваат...не сакам сега да ми рече некој дека сум го напишала ова ако претходно некој го имал напишано...
За побели заби сум читала насекаде .. се зема 2-3 јагоди се дропчкаат и парчињата се редат на четката..потоа повторно забите ги миеш со паста. Има резултати сум го правела ова веќе,а за тоа со лимонот не го практикувам баш пошто знам дека лимонот содржи големо количество на киселина ..што е штетно да се нанесува дирекно на забите..