Сода бикарбона Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување. Како да ја користите? Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути. Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување. Јагоди Јагодите се сосема природен начин за избелување на забите, па поради тоа многу луѓе решаваат да ги искористат и да го проверат нивниот ефект. И навистина, јагодите содржат ензими кои ги избелуваат забите, иако нивниот ефект е многу мал. Како да ги користите? Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите. Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат. Хидроген Многу распространет метод за избелување на забите е и методот со употреба на хидроген. Хидрогенот влегува во составот на многу пасти и други производи наменети за избелување на забите. Тој навистина помага за избелување на забите, но има лош вкус и може да им наштети на забите. Како да го користите? Употребувајте 1% или 3% хидроген. Плакнете ја устата 30 секунди со 2-3 лажички хидроген. Плукнете го и потоа исплакнете ја темелно устата со вода или уште подобро исчеткајте ги забите со паста, за да бидете сигурни дека немате повеќе хидроген во устата. Хидрогенот е безбеден да го шмукате, но треба да бидете многу внимателни да не го голтнете. Кога користите хидроген, можно е вашите непца да се раздразнат. Честа пракса е да се комбинираат различните продукти за создавање на поефективни „избелувачи“. Примери: 2 кафени лажички сода бикарбона и 3 кафени лажички хидроген. 1 пасирана јагода и ½ кафена лажичка сода бикарбона. Лимоновиот сок е уште еден познат метод за избелување, но не се препорачува затоа што го омекнува емајлот на забите и ги прави забите почувствителни. ! Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите. По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.
Па вака јас користам многу подолго време прашок од Докторс и многу сум задоволна, забите ми се пребели,а без ниедно ласерско или сличен третман, пробајте многу делува
Каков е тој прашак од Докторс? Стави слика и цената ако може? Јас со содата од време на време пробувам, можеби има минимална разлика, некаде нијанса побели. Сепак до коската е.. Ја користам Lacalut White и од неа баш нема некои посебни резлутати. Не знам не сум прашала по аптекиве, има некои средства стриктно само за избелување?
Colgate max white one... Jа користев пред некое време, ама некако немаше големи резултати. Ја купив другата паста Колгејт ама заборавив како се вика. Беше со микрогранули и како во помалечка туба. Беше повеќе ефикасна од првата, но сега мислам да си купам Лакалут да ја пробаме и неа
Јас си ги мијам забчињата со сода бикарбона... и навистина ми помага но не секогаш... на месец на два-три недели и така... ми се обелуваат и си се гордеам со мојата насмеФка...
За бели заби јас употребувам "Crest Strips" или паста за заби Crest, дефинитивно best choice за бели заби.
Сода бикарбона или На јаготка се става малку паста и се жулит 3,4 мин. Јас ги имам и двете пробано многу се ефикасни се надeвам дека помогнав
Производите на Crest за жал ги нема во Македонија. Јас од Солун си земав паста за белеење, не ленти. И стварно има ефект. Побели и посјајни се забите.
Имам брачеди јас во Солун. Ако можам некако да му порачам А колку пари се отприлика тие шо се лентите ?
Не знам за лентите, ти викам јас купив паста. И колку што се сеќавам е околу 4 евра, ако не и помалку.