Евее го мојот начин за побели заби: прво ги мијам забите со Colgate max white па веднаш после ставам една паста од Doctors наменета за полирање на забите...има резултат
Побарав дали ја има Crest кај што живеам и наидов на доста интересна информација. Значи ја има во околниве држави под друго име Blend-A-Med , баш сум ја забележала рекламава.
Со полирање се отстрануваат површинските пигментации на забите и се врши со четка,или гумичка и абразивно средство,паста. Крајниот ефект е сјај и минимално избелување. А белеење е по хемиски пат,за да се избели забот длабински. За второво не знам многу,а тоа малку што го знам е дека е штетно за забот. Белеење е поскапо, но точно колку се цените - не знам.
јас приметувам разлика и ја користам.Дава ефект како да се полирани на стоматолог забите.Да се користи барем 2 пати во денот.
Колку чини избелување кај стоматолог и колку време отприлика е трајно? Има ли некое штетни последици?
Полирањето е поефтино ама како што кажуваат другите кои ги имаат исполирано забите, после ќе треба почесто да ги полираш бидејќи добивале жолтеникава боја А за избелувањето незнам баш. Јас сакав да ги исполирам забите ама слушнав повеќе луѓе кои ми го рекоа истото и се откажав Сега ќе купам Лакалут Вајт велат дека има добар ефект
Полирањето не е добро да се прави често поради содата која ја содржи. Едноставно на четката со која си ги миете забите ставете сода и четкајте колку што ќе можете да издржите додека не почне да ве пецка многу. Најмногу 2 пати месечно. Многу нагризува содата, и добра е ама и лоша .. после тоа 3минутно миење со колгејт паста за избелување , редновно користење на конец и тоа е тоа
Користев Colgate Max White, Lacalut White и не покажаа некои вау ефекти. Моите заби се бели во просек, но сакам да ми бидат барем за 2 нијанси побели. Е сега ја зедов оваа од Colgate, па ќе видиме резултати. Сакав да го пробам домашното белење со сода, но еве најдов таква паста, па си викам што е сигурно, сигурно е. Е сега ме нервира тоа што нема некој си вкус, и не ми го освежува здивот, па треба и со друга паста да се мијам... п.с. Пастата на лакалут е околку 150/160 денари во Тинекс. Од каде 200 денари?
Користев една паста, која ја добив од странство, но не знам дали ја има тука. Многу беше добра, имаше ефекти од неа, ама ми се потрошиии... Ако ја видел некој нека ми каже, и нека си ја купи одма!
Ја видов во Веро или во Зегин негде и беше околу 200 Можи грешка сум видела. Иначе да се надоврзам на муабетот. Јас ја користев оваа сивата паста па после оваа со гранулите и немаше некој многу голем резултат. Побели ми беа забите кога заедно со пастата за избелување го користев прашокот од Докторс во форма на школка. Ама некако чудно ми чкрипеа забите кога ги миев и прекинав да го користам, беља да не напрам и да си ги оштетам забите. Сега ќе пробам со Лакалут па ќе видам дали ќе има резултати. Според мене најлоши резултати имав од оваа сивата паста.
Јас денес си зедов Лакалут од Тинекс и беше 165ден. Си ги измив ама не забележав некоја разлика, се надевам со тек на време ке покаже резултати
Земете едно парче лимон и трите ги забите една минута. Малку е кисело ама се се трпи за убавина. По 2-3 дена има резултати