Девојки не знам каде да го поставам прашањево..ако сум ја утнала темата извинете. Сакав да прашам дали може да се изврши полирање кај лекар(приватен) кој не ми е матичен. Значи да отидам само со книшка и секако пари за да платам за полирањето и да не треба да потпишувам нешо или општо.. Значи само да си платам и да не ме запише ко да ми е матичен? може ли така? фала ви однапред феминки
Ја користам Лакалут вајт веќе една недела и се мијам по 3 пати на ден и забележвам резултати кај мене Досега најдобри резултати од сите пасти кои сум ги пробала за белеење. А со лимонот мислам дека не треба многу често да се чистат забите, бидејќи штетела киселината за забите. Можи да се користи ама умерено. Мене забите ми се моментално бели ако јадам јаболко
мојата докторка-забарка, ми забрани да ја користам пастата LAKAULIT, засто таа ми реце дека таа паста сем користи, само кога забите се полираат или се вади забен камен,не е дозволено да се користи секојдневно. засто не е здрава како другите пасти кој се користат секој ден. оваа само по потреба.
Да не знај чоек поќе на кој да му верва Мене па докторката ми рече дека најквалитетни се Лакалут пастите и дека е убо да се користи оваа за избелување по 3 пати на ден. И дека спречувала појава на забен камен...
Извини вака, ама ова нема смисла. Прво, да беа наменети за полирање немаше да ги има по маркети,достапни за секој, а второ забен камен не се вади со паста,туку со ултразвук. Така да, нема логика тоа што ти кажала. На крај и краева, сите пасти што ги има по маркетиве се квалитетни и поминати низ разни тестови,значи безбедни,и користете си тоа што ви одговара вас,а не што ви кажал некој друг. А кога е во прашање Лакалут за белеење - за мене лично, најдобра.
Девојки а белеење на заби приватно колку чини? Чисто ме интересира. Инаку, оваа паста е супер за белеење: Само од оваа сум видела значителен резултат. Сода бикарбона 1-2 пати неделно да се истријат забите и стварно обелуваат само не смее пречесто.
ти ме цитас сто сум писала,знам дека забен камен се вади со ултразвук. туку само за таа намена се користи, заради непцата. па сега докторката така ми рекла,дека е стетна а не само таа и некој мој другарки ми го рекле истото, па сега од докторките не моземе подобро да знаеме, мене ми рекле само во тој слуцај мозе да се користи,ако си вадела забен камен, и ако си ги полирање.
Една другарка ми кажа дека не користела ни паста за белеење, ни сода бикарбона само пиела по 2 шољи млеко на ден. Веројатно дека млекото содржи калциум и ги зајакнува забите и на некој начин ги избелува. Јас како мала редовно пиев на сабајле и вечер по една шоља млеко, сега еден период прекинав, ама пак ќе почнам
Правило број еден :редовно миење на забите со паста, барем два пати дневно. Не е важно која паста Правило број два: пред да ги измиете забите со паста, ќе земете едно парче лимон и ќе ги протриете забите минута-две. Малку киселко ќе ви е , ама барем успева за побели заби. И плус и непцата ќе ги зајачи Ова користете го неколку дена и има резултати
Јас прво ги мијам со Lacalut Active бидејќи имам проблем со непцата и ми крварат,па со Lacalut White и стварно има голем ефект. но, повремено прам паузи пример недела ке ги мијам така,а недела со друга паста.
Јас не се многу жалам од моите заби бели ми се но човек како човек секогаш сакам нешто повеќе и така секој денпосле миенје со обична паста се мијам и со паста за побелуванје на заби од лакалукт и мислам дека баш делува
Никако лимон , моја другарка го правеше ова пред 2 години и забите отпосле и се нагризаа сега и се истенчени како изронети во фронтот(предните) заби, никако со лимон значи..јас учам за забен техничар и често имаме дискусии на оваа тема. Најдобро е ако ги миеш со Lacalut Active според мене , јас таа ја користам . Поздрав
А Лакалут Вајт можи да се користи цело време? Со неа ги мијам забите 2-3 пати дневно. Ја користам веќе 2 месеци и има резултати. Бидејќи слушнав дека не чинело да се користи долго време
Moже да се користи и подолго време , не е никаков проблем . Бев на презентација на Lacalut неа ја користев цела година па после сменив..за забите е штетно лимони и соди бикарбони што ги тријат забите, и до некаде ласерското избелување зашто забите се поосетливи и помалку отпорни , побрзо пожолтуваат.. Лакалут е една од најдобрите пасти според мене и многу ја користат за непцата . Мене Lacalut white најмногу ми одговара од сите Lacalut. Пробај - види . позз