Можи стварно се нагризуваат и е штетно ама има најмногу ефект.Нормално дека не треба да се претерува ама на 3 недели еднаш може да се користи
Jaс ја користев пастава едно 5-6 недели и нели на пастата пишува за 1 недела 1 нијанса побели.Епа јас не приметив никаква разлика, можеби 1,2 нијанси побели ама не е тоа-тоа....
Јас пробав со јагоди и сода. Незнам дали малку ставив сода ама немаше баш вау ефекти. Само некако гадно ми беше кога ги четкав забите
И јас ќе потврдам исто, си се мијам редовно кaкао што си мијам со пастава не забележав никаква ама баш никаква голема разлика, можеби малку ми се побели, ама можебе тоа од што сакам да ми бидат па ми се чини дека нијанса се побели. Жабе толку пари.. Плус ми рече забарот дека не чинеле овие пасти за избелување, ги оштетувале забите. Мене ми ја пофалија Лакалут дека била многу подобра за забите и медицинари ми ја препорачаа Јас денес земав од ДМ, Вадемекум беа на некоја акција, ми ја пофалија дека и таа била доста подобра од Колгејт. И едно што е mouthwash ама 2во1 со паста од истава марка, мајка ми ги пофали дека порано важале за најквалитетни. Се надевам дека ќе има подобри резултати.
Лимонот е штетен за забите а не па да избелуваш со него,го нагризува забот. *Иначе за избелување со сода бикарбона најмногу помага,ставам на четката и околу 3мин ги тријам забите ии има ефекти,пробајте
Слушам имало паста Лакалут( )! Дали стварно ке белее забите,или? Спојлер Не дека ми се нешто жолти,ама сакам побели !!
Јас ја користев цел месец и според мене е најефикасна од сите пасти за избелување. Колгејт е само 30тина денари поефтина а ич не е ефикасна, купи си ја Лакалут и ќе забележиш позитивни резултати
Знам и јас го имав проблемов :/ Пробав со паста за избелување заби - има во аптеките и така се вика , али ако неможеш да купиш еве ти уште еден совет : Ми кажаа (и пробав) дека може да се обелат со сода бикарбона или сол ама со тоа се оштетуваат забите, па ако веќе се решиш да ги обелуваш на тој начин , тогаш прај го тоа поретко !
Доволно е еден пат месечно, а повеќе од доволно се два пати месечно за избелувањето со сода бикарбона.За солта, не сум сигурна.Секако помага, само не знам, дали само на мене ми се случува да имам проблем потоа со непцата или тоа е од што многу време ги четкам..
Aбе мене ми имат кажано со лук да си ги миеш забите , и потоа за да не ми мириса здивот ќе јадеш магдонос
Професионално белење му е мајката... Јас не бев задоволна од белината, па ми ги избелија на забар со паста и ув ламба (околу 50 евра чини). ласерското белење е доста поскапо а се користи само за многу обени заби. Белењево со паста и УВ ламба ми даде резултати какви што неможев ни да претпоставам.. Сега имам холивудска насмевка
Јаболка, лимон и јагоди имаат киселини кои можат да ви ги нагризат забите - јадете вакво овошје секогаш кога можете, ама после тоа веднаш мијте ги забите. Од содата не се плашете толку - па составен дел е на секоја паста за миење заби, посебно на оние кои се специјално наменети за избелување. Ама препорачливо е со паста да ги миете забите, а не со сода. Чистењето со конец за заби не е штетно, напротив, на тој начин се отстрануваат остатоците од храна кои не излегуваат со обичното четкање. Инаку, Sensodyne, Vademecum и Lacalut се можеби најдобрите пасти кои можат да се најдат на нашиот пазар, не само за избелување, туку и останатите. Тука некаде е и Aquafresh, само што не сум сигурна дали кај нас ги има оригиналите, со оглед на ниската цена. А Колгејт, Сигнал и слични се само дел од ѓубрето што Procter & Gamble го носи тука.
Јас имам природно многу бели заби, ама еден период кога многу пиев кафе и пушев почнаа да ми жолтеат. Баш тој период се погоди да спијам кај баба ми, а они со дедо отсекогаш си ја купуваат Колинос онаа праисторискана паста. Ги измив неколку пати со неа и ми станаа побели и од порано.
Природно имам многу бели заби иако сум пушач и јак конзумент на caffe drink и coca-cola. Ги мијам само со колинус-најстарата и најубавата паста,а сум пробала милион пасти ама оваа ми е хит за сва времена.И чистење со конец обавезно.