Девојки, мешајте сода бикарбона со капки лимон, секој трет ден така, и плус 3-4 пати дневно од таа Колгејт новата, за 2 недели многу видливи резултати има.
Ако мислиш за Колегјт Макс Вајт, сивата поточно кај мене немаше никакви резултати За џабе фрлени парите. Подобро би ти препорачала да си купиш Лакалут вајт, блиску се со цената. Од Колгејт ич не сум задоволна
од овие Crest Whitestrips ги има на ибеј и едно пакетче што треба да трае 3 месеци е по цена од 9 долари што се 450 денари..
Јас ги избелувам моите заби со сода бикарбона и вода. Еве ја постапката: Во некој сад ставете една лажичка сода бикарбона и една лажичка вода, промешајте и нанесете на забите со четка за заби, тријте ги 2-3 мин. Правете го ова секој ден. Резултатот е видлив после една недела. Пишувајте за резултатите што ќе ги добиете
Почнувам пак да ја користам Лакалут Вајт. Нема повеќе со други да експериментирам, најдобра паста за белеење е дефинитивно. Само сакам да прашам, да не има некои лоши ефекти ако ја користиш подолго време... Да не смее само определено време да се користи?
Јас сум задоволна како тоа содата бикарбона и лимонот ми ги белеат. Еднаш во неделата ги четкам и резултати има пробајте,може ќе ви помогне и вам.
Потврдувам дека сода бикарбона и малку лимон врз неа делува ефикасно. Али многу да не се практикува ова бидејќи е многу јако и може да го нагризе забот. Јас практикувам еднаш неделно... ама сепак мислам дека и тоа е многу, поретко треба
и јас ги белам забите со сода бикарбона и лимон .. има ефекти и тоа какви ама не правам често бидејки содата може да го надрази јазикот и сетилата за вкус што се на него
Најубаво е со ласер ама си е и најскапо.Имам прашано на повеќе места ги избелуваат со хидроген итн. ама забот се нагризува многу. А за во домашни услови сепак со сода и лимон најповеќе помага
јас како шо си имам слаби заби, само сода бикарбона за да останам и без нив,да почнат да ми се ронат ... а иначе колку чини ласерско белеење и колку би траела белината од прилика?